ЕПИДЕМИОЛОШКИ НАДЗОР

Неделни податоци

Во текот на 14-та недела од 2018 година, во пријавени се 181 случаи на грип/заболувања слични на грип со инциденца од 18,7 на 100.000 жители, што е намалување за 53% во споредба со минатата недела.

Споредено со 14-та недела од минатата сезона која се карактеризираше со ран почеток и пик на активноста, бројот на заболени оваа недела е поголем за 6 пати (Графикон1).

Регистрираната инциденца oваа недела е под неделната граница на ниска (сезонска) активност на вирусот на грип (Графикон 1).

Графикон 1. Нивоа на интензитет и неделна дистрибуција на заболените од грип/заболувања слични на грип, според очекувана епидемиска крива 2010-2017, сезона 2016/2017 и сезона 2017/2018

sl1

Исто како и во претходните недели, во 14-та недела најголем број заболени – 124 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца од 14,6/100.000 жители се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години каде се пријавени 17 случаи.

Оваа недела најголем број заболени лица (n=20) се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Струмица, а највисока инциденца (48,7/100.000 жители) е регистрирана на подрачјето на ПЕ Свети Николе.

Oд вкупно 31 извештајна единица во земјата, само во три се регистрира ниска активност на вирусот на грип, во останатите активноста е на вон-сезонско ниво (Картограм 1).

Картограм 1. Ниво на активност на грип според инциденца на 100.000 жители, 14 недела 2017

sl2

Кумулативни податоци

Досега во сезоната 2017/2018 вкупно се пријавени 23.664 случаи на грип/заболувања слични на грип со вкупна инциденца од I=1.143,6/100.000.

Регистрираниот број на случаи е помал за 32% споредено со истиот период од минатата сезона (34.899).

Досега, најголем број на заболени лица – 3.110 се регистрирани во ЦЈЗ Скопје, а поголем број е пријавен и во ПЕ Гостивар (2.353) и ЦЈЗ Струмица (2.317). Највисока вкупна инциденца од 3.780 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на ПЕ Кавадарци.

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, 61% (14.409)  од сите заболени се во возрасната група од 15-64 години, а највисока вкупна инциденца од 2.054,0/100.000 се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

Анализата на бројот на заболени од сезонски грип по месеци, укажува на постепен пораст на заболените во јануари (2.396 заболени или 10,1%) и достигнување врв во февруари (12.951 или 54,7%). Во март, регистрирани се 7.054 заболени или 29,8% од заболените во сезоната 2017/2018.

 

 

ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Се нотира заедничка циркулација на Influenza А и Influenza B вирусот во републиката, со доминација на B вирусите.

Во текот на 14-та недела од 2018, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ тестирани се 8 примероци за грип. Од тестираните материјали, 37,5% (3) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца. Од позитивните примероци оваа недела два се Influenza А, а еден Infleunza Б. Од Influenza A вирусите еден е од субтипот Influenza A(H1N1)pdm09  а еден со неодредена линија(Графикон 2).

Од почетокот на сезоната 2017/2018, во ИЈЗ пристигнати се и анализирани вкупно 468 хумани материјали, од кои 242 (52%) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца. Од позитивните примероци, на инфлуенца Б отпаѓаат 69%, а на инфлуенца А 31%. Од инфлуенца Б вирусите 88% се B (Yamagata), 5% B(Victoria) и кај 7% не е одредена линијата. Од инфлуенца А вирусите 80% се суб-типизирани како Influenza A(H1N1)pdm09, останатите 20% не се суб-типизирани (Графикон 2).

Графикон 2. Неделна дистрибуција на број и процент на позитивни примероци на грип 2017/2018

sl3

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР

Регистрираната инциденца од грип/заболувања слични на грип е на ниво кое се регистрира надвор од сезона на грип. Се регистрира спорадична географска распространетост.

Бројот на добиени примероци и процентот на позитивно тестирани примероци од вирусолошкиот надзор е намален во однос на претходната недела, што укажува дека активноста на вирусот на инфлуенца се намалува.

Се очекува континуирано намалување на бројот на пријавени случаи и на процентот на позитивни резултати до крајот на сезоната.

  

 

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ на располагање за вакцинација против сезонски грип за оваа сезона беа 27.997 дози на вакцина.

Искористени се сите набавени вакцини. Најголем број од вакцинираните се на возраст над 65 години – 60,5%. Од вкупниот број вакцинирани, 75,2% се со историја на хронично/и заболување/а.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe (за 13 недела/2018), бројот на регистрирани случаи продолжува да се намалува, а 35% од примероците биле позитивни на инфлуенца вирусот.

Во досегашниот дел од сезоната се забележува заедничка циркулација на Influenza А и Influenza B а линијата B/Yamagata продолжува да доминира.

Низок интензитет на активност се регистрира во 33 земји, а среден во 12.

Во однос на географската распространетост, во 16 земји се регистрира спорадична, во 6 локална, во 6 регионална и во 14 широка распространетост, а три земји пријавиле дека немаат активност на вирусот на грип.

Од анализираните А (H3N2) на генетско ниво, 57% припаѓаат на вакциналниот сој, а 48% од B/Victoria се антигенски слични на типот кој е застапен во вакцината за оваа сезона. B/Yamagata сублинијата доминира од регистрираните Influenza B вируси, но овој сој не е вклучен во тривалентната вакцина за оваа сезона.

Поголемиот дел од тешките случаи примени во болнички одделенија кои не се на интензивна нега се возрасни заразени со Influenza B. Половина од тешките случаи кои биле примени на интензивна нега се возрасни заразени со Influenza А.

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје