Одделението ги спроведува следните активности:

  • Континуирано прибирање и вршење математичка, логичка контрола и контрола на опфатеност, како и корекција на податоците од збирните и индивидуалние здравствено-статистички евиденции од здравствените установи преку ЦЈЗ;
  • Континуирано прибирање и вршње логичка контрола и контрола на опфатеност, како и корекција на податоците од индивидуалните евиденции;
  • внес на податоците во соодветни апликативни софтверски програми;
  • обработка и анализа на внесените здравствено-статистички податоци;
  • вршење на логичка и математичка контрола  на обработените податоци;
  • изготвување на годишни и полугодишни здравствено-статистички извештаи на ниво на РМ;
  • водење на регистри за незаразни заболувања;
  • изготвување на информации, публикации, програми и други материјали преку статистичката обработка на податоците;
  • следење на статистичката обработка на извештаите за работа на здравствените установи, утврдениот морбидитет и здравствениот кадар;
  • вршење едукација од областа на здравствената статистика на медицинските кадри од различни профили и теренски увиди со стручно-методолошка помош и инструктажа во здравствените установи и ЦЈЗ;
  • координирање на стручната работа од областа на здравствената стистика во центрите за јавно здравје во Република Македонија и подрачните единици на ЦЈЗ;
  • вршење анализи на проектни решенија и предлагање мерки за подобрување на проектирањето и програмирањето;
  • учествување во изготвување на програмите за статистички истражувања од областа во здравството;
  • учествување во изготвување на стручно-методолошки упатства за спроведување на статистичките истражувања од областа на здравството;
  • следење на примената на Програмата за стистички истражувања од областа на здравството;
  • предлагање и учествување во примена на нови методи на работа и организација во здравствено-статистичката дејност;