ЈЗУ Институт за јавно здравје на РМ континуирано ја следи санитарно-хигиенската состојба во снабдувањето со безбедна вода за пиење, безбедноста на природните минерални води, хигиенскиот квалитет на површинските води кои се користат за капење и рекреација и отпадните води, квалитетот на амбиентниот воздух и влијанието на здравјето на луѓето, како и нивото на санитација на животната средина на територијата на Република Македонија. Активностите на ЈЗУ ИЈЗ на РМ се дел од Програмата за превентивна здравствена заштита во Република Македонија (санитарно-хигиенски дел). Лабораторискиот сегмент на овие активности комплетно се реализира во лабораториите на Секторот за здравствена екологија и делумно во Секторот за микробиологија и епидемиологија при ЈЗУ ИЈЗ на РМ.

Нашите лаборатории се акредитирани за испитување на безбедност на храна и вода за пиење согласно со ISO 17025 (сертификат за акредитација бр. ЛТ – 005 од 2006 година и реакредитација од 2009 година).

Во склоп на својата дејност, Одделението за безбедност на водa и санитација на животна средина при Секторот за здравствена екологија, стручно-методолошки ја координира и насочува работата на санитарно-хигиенските служби во Центрите за јавно здравје на подрачјето на Република Македонија од областа на комуналната хигиена и здравствената екологија.

Одделението за безбедност на водa и санитација на животна средина активно соработува со Министерството за животна средина и просторно планирање во процесот на апроксимација на законодавстото на Република Македонија со легислативата на ЕУ.

Стручниот супстрат на дејноста на Одделението се црпи од неколку сегменти на целокупната активност на Заводот:

  • проучување на влијанието на ризик-факторите од животната средина врз здравјето на луѓето;
  • мониторинг и експертна оценка на санитарно-хигиенската состојба на објекти за јавно водоснабдување и безбедноста на водата за пиење;
  • мониторинг и експертна процена на состојбата на загаденост на површинските води за капење и рекреативна намена;
  • експертизни елаборати за безбедноста на природните минерални води за пиење и погони-полнилници на природна минерална вода;
  • мониторинг и експертна процена на состојбата на загаденост на амбиентниот воздух и влијанието на здравјето на изложеното население со мерки за превенција и унапредување на здравјето на луѓето;
  • експертизни елаборати за заштита на животната средина, за објекти кои со својата локација и технологија се потенцијални загадувачи на истата;
  • ревизија на елаборати за заштита на животната средина во функција на оценка на здравствено-еколошкиот карактер на локацијата и технологијата, со заклучно мислење и предлог мерки – од локален и општ карактер;
  • теренски увиди, по потреба земање на соодветни примероци и давање на експертно мислење за санитарно-хигиенската состојба на објекти и дејности од комуналната инфраструктура;
  • елаборати за санитарно-заштитни зони околу извориштата кои се користат за јавно водоснабдување со вода за пиење и полнилници за природна минерална вода за пиење.
  • изработка и учество во подготовката на законски и подзаконски акти од сегментот здравствена екологија;
  • наставно-научна и истражувачка активност со учество на стручен тим од Вонреден професор, Доктор специјалист по хигиена, Доктор по општа медицина и Дипломиран градежен инженер.

Со оглед на просторните можности, опремата и кадарот во нашите лаборатории се вршат анализи како што се физичко-хемиска и радиолошка анализа, анализа на резидуи на пестициди, микробиолошка, паразитолошка анализа и содржина на трихалометани во водите кои се од значење по здравјето на луѓето.