Институтот за јавно здравје на Република Македонија е првата овластена јавно-здравствена установа која преку Одделението за медицина на труд и проценка на ризици ги извршува задачите од член 20 од Законот за безбедност и здравје на работа (Сл.весник на РМ 53/2013).

Опременоста на Институтот за јавно здравје со современа и софистицирана опрема, како и ангажираноста на експерти од различни области меѓу кои и 12 доктори на наука и 8 професори на различни факултети во земјата и странство, овозможуваат интердисциплинарно спроведување на интегрираната превентивна здравствена заштита на работниците. Тоа овозможува идентификација на физичките, хемиските и биолошките штетности во работната средина, како и нивните концентрации во биолошкиот материјал на професионално изложените работници. На тој начин Одделението за медицина на труд може целосно и во потполност да ги реализира сите елементи на превентивните медицински прегледи чија содржина е утврдена со Уредбата за видот, начинот и обемот на здравствените прегледи на вработените (Сл. Весник на РМ бр. 60/2013).

Тимот за медицина на труд кој е предводен од академски професор-специјалист по медицина на трудот, а е составен од три доктори на специјализација по медицна на труд и две медицински сестри со високо образование со интерна обука за биолошки мониторинг, во соработка со експертите од останатите лаборатории (биохемиска, микробиолошка, токсиколошка и радиолошка), овозможуваат следење на здравствената состојба на работниците професионално изложени на:

  • јонизирачко и нејонизирачко зрачење и следење на личната/персонална дозиметрија,
  • биолошки штетности во работна средина и одредување на маркери на инфекцијата во биолошкиот материјал (крв, урина, серум и др.),
  • хемиски штетности во работната средина и одредување на биолошките маркери на изложеност во биолошки материјал (тешки метали, органски соединенија – циклични и ациклични јагленоводороди и нивни халогени амино и нитро деривати).

Токму поради ова, Владата на Република Македонија го назначи Институтот за јавно здравје преку своето Одделение за медицина на труд да функционира како сервисна лабораторија за потребите на останатите овластени установи за безбедност и здравје на работа каде тие можат да ги доставуваат своите примероци за сите оние анализи за кои треба софистицирана опрема и скапа апаратура  со која тие не располагаат (атомска апсорпциона спектрофотометрија: со пламена техника, со графитна кивета и со хидриден систем, течна хроматографија, гасна хроматографија, инфрацрвена хроматографија, термолуминисцентна дозиметрија за јонизирачко зрачење, комплетна бактериолошка, вирусолошка и паразитолошка дијагноза за сите професионални заразни болести и утврдување на маркерите за изложеност).

Институтот за јавно здравје преку своето Одделение за медицина на труд од страна на Владата на Република Македонија е овластен како Тренинг центар за професионално здравје одговорен за организација на обука како основ за лиценцирање на стручните лица кои работат во оваа област.

Институтот за јавно здравје преку своето Одделение за медицина на труд работи и на анализа на повредите на работа во Република Македонија, ги прибира и обработува податоците за извршена работа на овластените установи за здравје на работа , го води регистерот за професионални болести и други активности неопходни за следење на состојбите во оваа област.

Стручни публикации:

Детали за одделението:

  1. Проф. д-р Елисавета Стикова MD, PhD

Доктор специјалист по медицина на труд

Советник на директорот и в.д. началник на Одделението за медицина на труд и проценка на ризици на работно место

Тел. 3 147 052 и 3 125 044 локал 105

Мобилен 070-230 183

e-mail:          estikova@ukim.edu.mk

elisaveta.stikova@fulbrightmail.org

  1. Д-р Фљамуре Зекири Кека, досктор на специјализација по медицина на труд
  2. Д-р Анита Цветковска, доктор на специјализација по медицина на труд
  3. Сабиха Старова, дипломирана медицинска сестра (тел. 071 211 563)
  4. Цветанка Атанасовска, дипломирана медицинска сестра