Одделението за санитарни прегледи работата ја организира врз основа на критериумите кои се пропишани во Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.весник на РМ бр.66/2004) и Правилникот за начинот на вршење,содржина на прегледите, видовите на прегледите и роковите на вршењето на задолжителните здравствено-хигиенски прегледи на вработените (Сл. Весник на РМ бр.152/2007 и бр.8/2008).

Според цитираната легислатива задолжени за санитарни прегледи се следните категории работници:

  • Здравствени работници и здравствени соработници и вработени во производство, подготвување, издавање на лекови и лица кои на друг начин во текот на работата доаѓаат во непосреден контакт со лекови, се вршат еднаш годишно.
  • Вработени лица кои во производството или прометот со храна или при снабдувањето на населението со вода за пиење на своите работни места доаѓаат во непосреден допир со храна односно вода за пиење, се вршат на секои шест месеци.
  • Лица кои се вработени во установи за основно, средно и друг вид на образование, воспитување,згрижување и рекреација на деца на училишна и студентска младина, се вршат еднаш годишно.
  • Лица кои укажуваат хигиенска нега ,работат во производство на козметички средства, во производство на предмети за општа употреба или вршат рекреација на населението, се вршат еднаш годишно.

Нaчалник на одделение: Прим. д-р Виолета Караманди-Лазаровска

Телефон за контакт: 02/3147 069