Активности во Одделението:

  • Врз основа на податоците од извршените испитувања на прехранбените производи во Институтот за јавно здравје и другите овластени институции се изготвува Годишен извештај со оценка за состојбата со безбедноста на храната во РМ.
  • Оценка на безбедноста на прехранбените призводи пред да се пуштат во промет или за контрола на производниот процес. Оценката се врши врз основа на анализите извршени во акредитираните лаборатории на Институтот.
  • Одредување на нутритивната (хранлива) вредност на прехранбените производи врз основа на лабораториски анализи и со користење на таблици за нутритивен состав.
  • Проценка на здравствениот ризик од микробиолошки, хемиски или физички контаминенти во храната;
  • Проценка на хемиската контаминација на храна од домашното земјоделско производство, набавена од пазарите, во однос на резидуи на пестициди, тешки метали и нитрати.
  • Проценка на просечниот дневен алиментарен внес на пестициди и на тешки метали кај популација на возраст од 15-18 години.
  • Курсеви за хигиена на храна и заштита на животната средина наменети за операторите со храна, согласно Правилникот за начинот на проверка на знаењето и издавањето на потврди за стекнати основни знаења за хигиена на храната и заштита на животната средина. За таа цел припремен и отпечатен е Прирачник за хигиена на храна и заштита на животната средина, кој го добива секој слушател на курсот. Овој курс е наменет за сите лица кои во рамките на својата професија доаѓаат во контакт со храната.

Началник на одделение: Aс. Д-р сци Гордана Ристовска

Тел.3125 044 лок 117, факс 322 33 54, е-mail: ristovskagordana@gmail.com