На 17 0ктомври 2013 година, до СЗО e пријавен кластер на 22 случаи на АФП (акутна флакцидна парализа), а кај 10 од нив е изолиран дивиот полиовирус тип 1. Во тек е испитувањето за конечното детерминирање на вирусот и откривање на потеклото на изолираниот вирус. Од 1999 година, не е детектиран див полиовирус во Сирија.
Поголем број од случаите на АФП се под двегодишна возраст, и опфаќаат како невакцинирани така и вакцинирани лица. Опфаќањето со имунизација во Сирија покажува забележителен пад на имунизацијата од 91% во 2010 година до 68% во 2012 година.
Здравствените власти во Сирија и соседните земји, уште пред лабораториската конфирмација на првите случаи, започнаа со спроведување на соодветни противепидемиски мерки. На 24 октомври 2013 година почна претходно испланираната дополнителна вакцинација во Сирија. Планирано е да се вакцинираат 1,6 милиони деца против полио, мали сипаници, заразни заушки и рубеола и во областа контролирана од владата и во воената област во Сирија.
Имплементацијата на дополнителната вакцинација во провинцијата Dier Al Zour почна веднаш по пријавувањето на првиот “жежок” случај. Спроведување на противепидемиски мерки од пошироки размери се планирани да почнат на почетокот на ноември 2013 година и да траат 6-8 месеци зависно од зафатената област и актуелната епидемиолошка ситуација.
Со оглед на моменталната ситуација во Сирија, честите движења на населението во регионот и субнационалните ”џебови” во имунизацијата во клучните области, ризикот од меѓународно ширење на дивиот полио вирус тип 1 во регионот се смета за висок. Надзорот е поставен во состојба на алерт во целиот регион со цел активно пребарување на дополнителни потенцијални случаи.
Во публикацијата Меѓународното патување и здравје, СЗО им препорачува на сите патници кон и од областите зафатени со полио задолжително да бидат комплетно вакцинирани против полио