За сите патници (возрасни и деца) кои доаѓаат од ризичните земји на СOVID-19, согласно препораките на Комисијата за заразни болести при МЗ и Владата на Република Северна Македонија, се препорачува домашна изолација во траење од 14 дена од денот на влегувањето во Република Северна Македонија. За контактите на потврден случај со СOVID-19, ДСЗИ издаде решенија за здравствен надзор и домашна изолација.

Домашната изолација подразбира 24 часовен престој во домашни услови, во текот на 14 дена:

  • престој во посебна просторија (по можност),
  • задолжително носење на заштитна маска (хируршка маска),
  • самопроверка – мерење на телесна температура најмалку два пати дневно,
  • комуникација со домашните на растојание од минимум 2 метри,
  • зачестено, темелно миење на рацете во траење од најмалку 20 секунди, и одржување на личната и општата хигиена во домот,
  • зачестено проветрување на домот, особено просторијата каде престојува лицето во домашна изолација,
  • редовно користење на средства за дезинфекција на база на алкохол и хлор,
  • возрасните да не одат на работа,
  • децата да не посетуваат настава и предучилишни установи.

Доколку се пројават симптоми како на пр. покачена температура и треска, кашлица, отежнато дишење, понекогаш малаксаност, мускулни болки, дијареа, лицето да се јави во Епидемиолошката служба во надлежниот Центар за јавно здравје или негова подрачна единица или во Службата “Ало докторе”:

  • ЦЈЗ Битола 071 261 330
  • ЦЈЗ Велес 071 219 278
  • ПЕ Гевгелија 078 545 444
  • ЦЈЗ Кочани 071 373 913
  • ЦЈЗ Куманово 070 215 851
  • ЦЈЗ Охрид 070 723 029
  • ЦЈЗ Прилеп 076 475 747
  • ЦЈЗ Скопје 071 289 614
  • ЦЈЗ Струмица 072 235 543
  • ЦЈЗ Тетово 075 240 464
  • ПЕ Гостивар 076 365 161
  • ЦЈЗ Штип 078 365 613
  • ИЈЗ Скопје 078 387 194
  • ЗД “Ало докторе” 02/15 123