Активностите на одделението се одвиваат преку:

  • следење и проучување на вакцино превентабилните заболувања во Северна Македонија по пат на прибирање, анализирање и обработка на индивидуални пријави за заразни болести, групни (седмодневни) пријави за грип, како и бројни информации, известувања и други сознанија за движењето на заразните болести во Северна Македонија, кои ги добива од регионалните Центри за јавно здравје и нивните подрачни единици како и други здравствени организации;
  • директно учество во теренските епидемиолошки истражувања во Републиката и укажување на стручно-методолошка помош;
  • следење и контрола на спроведувањето на задолжителната имунизација во републиката (според Календарот за вакцинација), преку редовните извештаи и теренски контроли на опфатот, при што се пружа стручно методолошка помош (укажување на пропустите и предлагање мерки за нивно отстранување);
  • изготвува периодични информации и годишни извештаи за спроведувањето задолжителна имунизација;
  • подготвува и му предлага на Министерството за здравство годишна Програма;
  • изготвува годишни извештаи за остварување на Програмите, како и годишни извештаи за својата комплетна работа;

Стручен тим:

  • Спец. Д-р Кристина Ставридис
  • Д-р Ларгиме Балажи
  • д-р Енкела Положани