Активностите на Одделението за следење и надор над заразни болести во слоп на Секторот за контрола и превенција на заразни болести при ИЈЗ РМ, се одвиваат преку:
- следење и контрола над заразните болести во Северна Македонија по пат на прибирање, анализирање и обработка на индивидуални пријави за заразни болести, пријави за микробиолошки докажани причинители на заразни болести, групни (седмодневни) пријави за грип, како и бројни информации, известувања и други сознанија за движењето на заразните болести, кои ги добива од регионалните Центри за јавно здравје и нивните подрачни единици како и други здравствени установи;
- предлагање, превземање и контрола над спроведувањето на мерките за спречување и сузбивање на заразните заболувања;
- учество во теренските епидемиолошки истражувања во републиката и укажување на стручно-методолошка помош;
- изготвување на неделни, месечни, годишни извештаи за движењето на заразните заболувања во Република Северна Македонија, со епидемиолошки коментар;
- следење и контрола на спроведувањето на задолжителната имунизација во републиката (според Календарот за вакцинација), преку редовните извештаи и теренски контроли на опфатот, при што се пружа стручно методолошка помош (укажување на пропустите и предлагање мерки за нивно отстранување);
- изготвување на периодични информации и годишен извештај за спроведувањето на задолжителна имунизација во Северна Македонија со остварениот опфат и предлог-мерки за подобрување на опфатот;
- следење на состојбата со бруцелоза во републиката и координирани активности за нејзино ставање под контрола, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, како зооноза која подлежи на посебни програмски регулирани мерки и активности за превенција;
- подготвување на предлог годишни Програми (за јавно здравје, бруцелоза и имунизација), и поднесување до Министерството за здравство;
- изготвување на годишни извештаи за остварување на споменатите превентивни Програми, како и годишни извештаи за остварената работа на одделението.
Публикации:
- седмодневни извештаи,
- месечни билтени,
- тековни информации и извештаи,
- периодични информации,
- годишни извештаи, информации и годишни анализи за движењето на заразните заболувања во Република Северна Македонија
- годишни извештаи за спроведувањето задолжителна имунизација;
Стручен тим:
Началник на одделението за заразни болести:
Прим. Д-р Гордана Кузмановска – специјалист епидемиолог
Д-р Драган Кочински – истражувач
Живадинка Цветановска – Спец. медицинско-лабораториски аналитичар
Радица Столеска Илиоска – Спец. медицинско-лабораториски аналитичар
Мирвете Исмани – Медицински техничар
Газменд Исмани – Статистичар