• изработува студии и проекти за спроведување и подготвува планови и проекти за реализација на здравствената политика и за развој на здравствената заштита на територијата на Македонија, во целост, по дејности и по категории на население;
  • предлага мерки за решавање на одреден здравствен проблем од областа на организацијата, планирањето и развојот на здравствената дејност;
  • учествува во утврдување на потреби на населението за одредени видови на здравствена заштита и организација и развој на одделни здравствени служби;
  • учествува во утврдување на основи и изготвување план на развивање на мрежата на здравствени организации на територија на Републиката;
  • учествува во изготвувањето на современи методологии за планирање и спроведување на научно-истражувачката дејност во областа на социјалната медицина и јавното здравство;
  • учествува во образовна дејност, едукација и стручно усовршување на здравствени работници од различни профили од областа на социјална медицина и организација.

*Началник на одделение за анализа на здравствени системи; медицински стандарди и акредитирање

Прим. д-р Весна Стамболиева – специјалист по социјална медицина

Тел.02/3125-044 локал 232

e-mail: vesnastambolieva@hotmail.com