• ја следи и проучува работата и состојбата со примена на здравствените прописи во Република Македонија;
  • ги следи и проучува здравствените прописи во земјите на ЕУ и светот како и меѓународните договори и конвенции сврзани со правата на луѓето, правото на живот и правото на здравје;
  • врши анализа на здравствените прописи и нивната сообразност со стварните состојби;
  • врши деонтолошка анализа на прописите кои ги применуваат здравствените работници како и на прописите кои се однесуваат на положбата, правата и должностите на здравствените работници;
  • учествува во изготвување на националната стратегија за унапредување на правата на пациентите;
  • учествува во изготвување на план за унапредување и развој на здравствената легислатива;
  • учествува во изготвување на нови здравствени прописи како и измени и дополнувања на постојните здравствени прописи;
  • ја следи интерсекторската поврзаност и соработката на здравствениот сектор со останатите сектори;
  • изготвува предлог мерки за подобрување на можностите во интерсекторската соработка;

Проф. д-р Азис Положани