Морталитетот од циркулаторни болести е во пораст 30 и повеќе години и е на прво место како причина за смрт. Кај околу 62 % од умрените, болестите на циркулаторниот систем се основна причина за смрт.
Перманентниот пораст на бројот на заболени од болестите на циркулаторниот систем, долготрајното и скапо лекување, рехабилитацијата, привремената и трајната неспособност за работа што условуваат инвалидност, големи економски загуби како и прерана смрт, укажуваат на нивното изразено социјално – медицинско значење и се приоритетен здравствен проблем во патологијата на населението во Република Македонија.
Процентуалната застапеност на болестите на циркулаторниот систем во вкупниот број на лекуваните во примарната здравствена заштита изнесува 15,8%. Во анализираниот период 2010-2012 година бројот на вкупно лекуваните во примарна здравствена заштита (општа медицина, здравствена заштита на училишни деца и младина и здравствена заштита на деца од 0-6 години) зголемен е за 12,0%, а на лекуваните од болестите на циркулаторниот систем бројот е зголемен за 11,4%.

Линк: Публикација

подготви: Центар за статистичка обработка на здравствени податоци, публикација и едукација