На самиот почеток на сезоната на грип, во текот на 40-та недела од 2015 година (28.09-04.10.2014), во Македонија се регистрирани 5 случаи на заболени лица од грип, во споредба со 10 заболени кои биле пријавени во истиот период минатата сезона.

Заболени од грип се пријавени од ЦЈЗ Куманово (n=4) и ПЕ Ресен (n=1). Во однос на возрасната дистрибуцијата, сите заболени лица се на возраст од 15-64 години.

Во текот на 40-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РМ пристигнат е 1 примерок на материјал за лабораториско тестирање на грип, во споредба со три вирусолошки се тестирани примероци во истиот период, во минатата сезона на грип.

Испитаниот примерок е негативен, исто како и тестираните примероци од минатата сезона.

ЕВРОПА: Извештајот за состојбата со грип во Европскиот Регион на почетокот на новата сезона 2015/2016  (40 недела) сéуште не е публикуван.

Согласно презентираните иформации во Flu News Europe за септември месец (од 36-39 недела), активноста на вирусот на инфлуенца во Европа е со низок интензитет, а само неколку земји пријавиле детекција на спорадични инфлуенца вирусни инфекции.

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

                                                Институт за јавно здравје