ЕПИДЕМИОЛОШКИ ПОДАТОЦИ

Во текот на 51-вата недела од 2015 година (14.12–20.12.2015),во Република Македонија од 12 извештајни единици пријавени се 109 случаи на грип/заболувања слични на грип, со инциденца од 5,3 на 100.000 жители, што претставува зголемување за 2,8% во однос на минатата недела. Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 68,2% споредено со 51-вата недела од минатата сезона, кога беа регистрирани343 случаи (Графикон 1).

И оваа недела, пријавениот број на случаи е под бројот 120, кој ја означува неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип. Ова значи дека активноста на вирусот е сéуште на вонсезонско ниво(Графикон 1).

Графикон 1.Неделна дистрибуција на заболените од сезонски грипво 2015/2016, споредена со сезона 2014/2015 и сезонска епидемиска крива за последни 5 сезони

Grafikon

Во51-вата недела од оваа сезона, најголем број заболени (64) се пријавени во возрасната група од 15-64 години, додека најголема инциденца од 12,1/100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст од 0-4 години.

Оваа недела најголем број заболени (30) се пријавени од ЦЈЗ Тетово, на територија на ЦЈЗ Прилеп се регистрирани 24 заболени, што е и најголема инциденца во оваа недела (25,2/100.000)(Картограм), а воЦЈЗ Куманово пријавен е 21 случај.

Картограм.Инциденца на грип/заболувања слични на грип на 100.000 жители по ЦЈЗ/ПЕ, Република Македонија, 51-ва недела

 Kartogram

Вкупниот број на пријавени случаи во текот на оваа сезона е 952, акумулативната инциденца –46,0 на 100.000 жители.Во текот на оваа сезона, случаи на грип се пријавени од вкупно 19 извештајни единици. Најголем број се регистрирани на регионот на ЦЈЗ Тетово (310; 32,6%), ЦЈЗ Прилеп (191; 20,1%) и ЦЈЗ Куманово (187; 19,6%), додека во останатите региони се регистрираат помал број на случаи. Највисока инциденца е забележана во Крушево и изнесува 262,4/100.000 (вкупно 25 заболени).

Во однос на дистрибуцијата по возрасни групи, најголем број на заболени во оваа сезонасе пријавени во возрасната група од 15-64 години – 625 случаи (65,7%), а најголема кумулативна инциденца од 80,9/100.000 се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години, како и кај децата на возраст од 5-14 години (73,9/100.000 жители).

Дистрибуцијата на заболените од сезонски грип по месеци, покажува дека во месец октомври пријавени се 225 случаи на грип/заболувања слични на грип (23,6% од вкупниот број на заболени во сезоната 2015/2016), а во месец ноември – 431 случај или 45,3%. За три недели од месец декември, пријавени се 296 случаи или 31,1% од вкупниот број на заболени во оваа сезона.

 

ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Оваа недела во ИЈЗ пристигнати се 6 примероци за тестирање на присуство на вирусот на грипод коиеден е позитивен за присуство на вирусот на грип и тоа Influenza B. Во сезоната 2015/2016 од досега пристигнатите 26 примероци, два се позитивни на присуство на вирусот на грип (Influenza A – нетипизиран и Influenza B).

 

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Од 42 недела од 2015 започната е вакцинацијата со вакцина против сезонски грип. Според досега пристигнатите извештаи, вакцинирани се 26.177 лица, што претставува 86,6% од вкупниот број на набавени вакцини за оваа сезона. Најголем број од вакцинираните се на возраст над 64 години – 60,2%, 34,9% се на возраст од 30-64 години, додека лицата на возраст од 5-29 години чинат 1,7% од сите вакцинирани. Вакцинирани се пет деца под 5 години. Нема вакцинирани бремени жени. Од вкупниот број вакцинирани, 68,3% се со историја на хронично/и заболување/а. Кумулативно, оваа сезона се вакцинирани и 814 здравствени работници (3,1% од сите вакцинирани лица).

Од вкупниот број на набавени вакцини од страна на ЦЈЗ Велес, 480 се дадени за потребите на припадниците на Министерството за одбрана кои ја обезбедуваат јужната граница на државата.

Во текот на сезоната, во една од приватните здравствени установи во Скопје (ПЗУ Медика), вакцинирани се 656 лица. Најголем број од нив се деца на возраст од 0-4 години – 317 (48,3%), 150 (22,9%) лица на возраст над 65 години, од 30-64 години вакцинирани се 132 лица (20,1%) и од               5-29 години – 57 лица (8,7% од сите вакцинирани).  Од вкупниот број вакцинирани, 164 или 25% се со историја на хронично/и заболување/а.

Вакцинацијата е завршена во 8 извештајни единици: ПЕ Демир Хисар, ПЕ Неготино, ПЕ Свети Николе, ЦЈЗ Кочани, ПЕ Дебар, ЦЈЗ Струмица, ПЕ Валандово и ПЕ Радовиш.

Вакцинацијата против сезонски грип е најдобрата заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје дава посебна препорака до сите лица со хронични заболувања и лица со состојби на намален имунитет да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или Подрачна единица за да добијат подетални информации и да се вакцинираат против сезонски грип.

 

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР

Релативно малиот број на регистрирани случаи на грип кој се движи околу неделната граница за сезонска активност, малиот број на ЦЈЗ/ПЕ кои пријавуваат заболени лица, како и нискиот процент на позитивни резултати од вирусолошкиот надзор, одат во прилог на ниска активност и спорадична географска распространетост на вирусот на грип на територија на Р. Македонија.

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на FluNewsEurope (за 51 недела/2015) за состојбата со грип во сезоната 2015/2016 во Европа, активноста на вирусот на грип останува со низок интензитет во повеќето земји од европскиот регион.

Иако бројот на регистрирани случаи е стабилен, се зголемува процентот на позитивни примероци на грип од 6% во 50 недела, на 11% во 51 недела.  Зголемувањето на процентот на позитивни примероци се должи А/H1N1pdm09 типот на грипкој седетектирапочесто во однос на типовите А/H3N2 и Б вирусот на грип.

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје