ЕПИДЕМИОЛОШКИ ПОДАТОЦИ  (20 недела)

Во текот на 20-та недела од 2016 година (16.05 – 22.05.2016), во Република Македонија од четири извештајни единици пријавени се 12 случаи на грип/заболувања слични на грип, со инциденца од 0,6 на 100.000 жители, што претставува намалување за 4,4 пати во однос на минатата недела кога беа регистрирани 53 заболени лица (Графикон 1).

Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 4,1 пати споредено со 20-та недела од минатата сезона (n=49), а во однос на типичната сезонска крива за последните 5 сезони (n=21) регистрирано е намалување од 42,9% (Графикон 1).

Графикон 1. Неделна дистрибуција на заболените од сезонски грип  во 2015/2016, споредено со  сезона 2014/2015 и моделирана типична сезонска крива од последните 5 сезони

 Grafikon 1 (6)

Оваа недела, само четири ЦЈЗ/ПЕ регистрирале случаи на грип/заболувања слични на грип и тоа ЦЈЗ Струмица – 6, ЦЈЗ Куманово – 3, ЦЈЗ Тетово – 2 и ПЕ Кавадарци – 1.

Највисока инциденца оваа недела е регистрирана во ЦЈЗ Струмица (6,3/100.000 жители).

Во 20-тата недела, најголем број на заболени и инциденца (n=11; I=0,6/100.000 жители) се пријавени во возрасната група од 15-64 години.

КУМУЛАТИВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛА СЕЗОНА 2015-2016

Во сезоната 2015/2016, пријавени се вкупно 29.094 случаи со грип/ заболувања слични на грип, a кумулативната инциденца е 1.406,1/100.000 жители.

Пријавени се два смртни случаи асоцирани со грип, двата на територијата на ЦЈЗ Битола, во месец февруари. Двете починати лица се на возраст над 65 години. Во однос на вакциналниот статус против сезонски грип, двете лица не биле вакцинирани. Кај едното лице, во лабораторијата во ЦЈЗ Битола, со имунохроматографски метод е докажан Influenza A вирус, додека пак за другото лице, инфекцијата не е микробиолошки потврдена. И двајцата пациенти биле со историја на хронични болести (двајцата имале дијагноза дијабет и кардиомиопатија, едниот и бронхопневмонија).

Во споредба со истиот период од минатата сезона (n=33.228), кумулативниот број на пријавени случаи во оваа сезона е помал за 14,2%, а во однос на моделот за последните пет сезони (n=24.949) се регистрира зголемување од 14,2%.

Кумулативно оваа сезона, пријавени се заболени лица од 30 извештајни единици. Нема пријавено заболени лица од грип само во ПЕ Валандово (Графикон 2).

Најголем број заболени се регистрирани во регионот на ЦЈЗ Прилеп (n=3.563; 12,2%; I=3.738,0). Поголем број на заболени лица е регистриран во ЦЈЗ Струмица (n=3.287; 11,3%; I=3.470,3),  ЦЈЗ Скопје (n=3.119; 10,7%; I=505,0), ЦЈЗ Тетово (n=2.841; 9,8%; I=1.422,2) и ЦЈЗ Охрид (n=2.553; 8,8%; I=4.550,1) (Графикон 2).

Највисока кумулативна инциденца од 5.167,7/100.000 е регистрирана во ПЕ Свети Николе, каде се регистрирани вкупно 1.060 заболени лица (3,6% од вкупно регистрираните случаи).

Инциденца над 3.000/100.000 жители се регистрира и во ЦЈЗ Охрид (I=4.550,1/100.000),          ПЕ Кавадарци (I=4.008,5/100.000), ЦЈЗ Прилеп (I=3.738,0/100.000) и ЦЈЗ Струмица (I=3.470,3/100.000) (Графикон 2, Картограм).

Графикон 2. Дистрибуција на случаи и инциденца на 100.000 жители од сезонски грип по ЦЈЗ/ПЕ, сезона 2015/16

Grafikon 2 (3)

Картограм. Инциденца на грип/заболувања слични на грип на 100.000 жители по ЦЈЗ/ПЕ, Република Македонија, сезона 2015-2016

Картограм сезона 2015-2016

Според возрасната дистрибуција, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 19.146 случаи (65,8%; I=1.311,9/100.000), а најголема кумулативна инциденца од 2.434,2/100.000 се регистрира кај децата/учениците на возраст од 5-14 години, како и кај децата на возраст од 0-4 години каде инциденцата изнесува 1.891,7/100.000 жители (Графикон 3, Графикон 4).

Графикон 3. Дистрибуција на случаи и инциденца на 100.000 жители од сезонски грип по возраст, сезона 2015/16

 Grafikon 3 (3)

 Графикон 4. Неделна дистрибуција на случаите сезонски грип по возрасни групи – инциденца на 100.000 жители, сезона 2015/2016

 Grafikon 4 (3)

Дистрибуција на заболените од сезонски грип по месеци (Графикон 5):

  • октомври – 225 случаи или 0,8%
  • ноември – 431 случај или 1,5%
  • декември – 592 случаи или 2,0%
  • јануари – 3.632 случаи или 12,5%
  • февруари – 15.489 случаи или 53,2%
  • март – 6.493 случаи или 22,3%
  • април – 2.123 случаи или 7,3%
  • мај – 109 случаи или 0,4%

Пикот на заболени лица оваа сезона е достигнат во текот на 7-мата недела кога беа регистрирани 5.041 заболено лице. Од вкупниот број на заболени лица, во текот на 2015 година, регистрирани се 1.248 лица или 4,3%. Во текот на 2016 година, регистрирани се 27.846 лица или 95,7% од заболените лица.

Графикон 5. Дистрибуција на случаи нa сезонски грип по месеци, сезона 2015/16

Grafikon 5

ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Со почетокот на сезоната 2014/2015, паралелно со рутинскиот систем на надзор, ИЈЗ започна со спроведување на нов систем на надзор на грипот (епидемиолошки и вирусолошки), преку воведување на сентинел надзор над ИЛИ/АРИ и сентинел САРИ.

Во сезоната 2015/2016 направено е проширување на сентинел системот за надзор над ИЛИ/АРИ со зголемен број на ПЗУ, а со тоа и популацијата која е под надзор. Оваа сезона во сентинел надзорот се вклучени 13 надзорни места, од осум региони кои ги покриваат Центрите за јавно здравје во Македонија. Од Скопје се вклучени пет ПЗУ, две од Куманово и по една од Тетово, Велес, Штип, Прилеп, Битола и Охрид. Вкупната популација под надзор е која ја покриваат овие ПЗУ е 34.811 жители или 1,7% од вкупната популација во Македонија.

Во текот на 20-тата недела од 2016 година, во Вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје нема пристигнато материјал за лабораториско тестирање на грип.

Во текот на сезоната 2015/2016, во Вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РМ анализирани се вкупно 112 хумани материјали од амбулантски и болнички лекувани пациенти добиени од здравствените установи низ републиката, од кои 33 или 29,5% биле позитивни на вирусот на инфлуенца. Од вкупниот број на пристигнати материјали, 43 се од рутинскиот надзор (од кои 6 или 14,0% примероци биле позитивни), а 69 од сентинел надзорот (27 или 39,1% позитивни на инфлуенца) (Графикон 6).

Графикон 6. Број на позитивни материјали на инфлуенца – од рутинскиот и сентинел надзорот, Македонија, 2015/2016

 Grafikon 6

Од позитивните, 18 материјали се конфирмирани како инфлуенца А (54,6%), а кај 15 е докажано присуство на инфлуенца Б вирусот (45,4%).

Од инфлуенца А позитивните, 10 материјали (55,6%) се конфирмирани како инфлуенца A/H1N1pdm, еден материјал (5,6%) е конфирмиран како инфлуенца А/H3N2, а 7 (38,9%) се нетипизирани инфлуенца А вируси.

Од 15 тестирани инфлуенца В вируси, кај 12 е детектиран субтипот Victoria.

Од примероците од рутинскиот надзор (n=43), 6 (14,0%) се тестирани позитивни за присуство на вирусот на грип. Од нив, 3 материјали се конфирмирани како инфлуенца А (2 – A/H1N1 pdm, еден нетипизиран) и 3 материјали се конфирмирани како инфлуенца Б.

Од примероците од сентинел надзорот (n=69), 39,1% се позитивни за присуство на вирусот на грип. Од нив, 15 материјали или 55,6% се конфирмирани како инфлуенца А (8 – А/H1N1,    1 – А/H3N2, 6 – нетипизирани), а 12 материјали се конфирмирани како инфлуенца Б (44,4%) (Графикон 7).

Графикон 7. Дистрибуција бројот и процентот на позитивни материјали од рутинскиот и сентинел надзор по тип и недели, Македонија, 2014/2015

 Grafikon 7

 ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Од 42 недела од 2015 започната е вакцинацијата со вакцина против сезонски грип. Според досега пристигнатите извештаи, во ЦЈЗ и нивните ПЕ вакцинирани се вкупно 26.861 лице и потрошени  88,9% од вкупниот број на набавени вакцини за оваа сезона.

Во текот на 20-та недела, вакцинирано е само едно лице во ПЕ Кичево.

На Табела 1. е претставен бројот на вакцинирани лица по недели (групирано), од каде се гледа дека 79,8% примиле вакцина во текот на првите три недели од отпочнувањето со вакцинација. На Табела 2 е претставен бројот на вакцинирани лица по недели вкупно во текот на целата сезона 2015/2016.

Табела 1. Број на вакцинирани против грип по недела (збирно), сезона 2015-2016

13292863_10208022940084061_1636667515_n

Кумулативно, оваа сезона се вакцинирани и 808 здравствени работници (3,0% од сите вакцинирани лица).Најголем број од вакцинираните се на возраст над 64 години – 59,9% (n=16.077), 34,9% (n=9.383) се на возраст од 30-64 години, додека лицата на возраст од 5-29 години чинат 2,2% (n=586) од сите вакцинирани. Вакцинирани се 8 деца под 5 години. Нема вакцинирани бремени жени.

Од вкупниот број вакцинирани, 18.189 или 67,7% се лица со историја на хронично/и заболување/а.

Од вкупниот број на набавени вакцини од страна на ЦЈЗ Велес, 480 се дадени за потребите на припадниците на Министерството за одбрана, на јужната граница на државата.

Нема податоци за ново-вакцинирани лица во ПЗУ. Согласно расположливите информации до затворање на извештајот, во овластените ПЗУ во Македонија досега се вакцинирани вкупно 656 лица и тоа во ПЗУ Медика во Скопје.

Најголем број од нив се деца на возраст од 0-4 години – 317 (48,3%), 150 (22,9%) лица на возраст над 65 години, од 30-64 години вакцинирани се 132 лица (20,1%) и од 5-29 години – 57 лица (8,7% од сите вакцинирани). 164 или 25% се со историја на хронично/и заболување/а.

До крајот на 20-тата недела вакцинацијата е комплетно завршена во 10 извештајни единици: ПЕ Демир Хисар, ПЕ Кавадарци, ПЕ Неготино, ПЕ Свети Николе, ЦЈЗ Кочани, ПЕ Дебар,   ПЕ Струга, ЦЈЗ Струмица, ПЕ Валандово и ПЕ Радовиш.

Над 90% од набавените вакцини против сезонски грип се потрошени во дополнителни 9 ЦЈЗ/ПЕ и тоа: ЦЈЗ Битола, ПЕ Кичево, ПЕ Делчево, ПЕ Берово, ПЕ Виница, ПЕ Гостивар, ПЕ Македонски Брод, ПЕ Крива Паланка и ЦЈЗ Охрид.

Во останатите 9 ЦЈЗ/ПЕ процентот на потрошени вакцини се движи од 61,7% до 88,5%.

 

Табела 2. Број на вакцинирани против грип по недела, сезона 2015-2016

13285656_10208022940284066_655518844_n


ЕВРОПСКИ РЕГИОН
  

Согласно извештајот на FluNewsEurope (20 недела/2016), активноста на вирусот на грип продолжи да опаѓа во земјите од Европскиот Регион, а најголемиот дел (98%) пријавиле ниска активност. Активноста на вирусот на грип, врз основ на лабораториски потврдени лесни и тешки случаи во сентинел и рутинскиот надзор го достигна својот пик во 5-7 недела/ 2016. Процентот на позитивни сентинел примероци се намали во споредба со претходната недела.

Како што е вообичаено за крајот на сезоната на северната хемисфера, се регистрира поместување кон Influenza B, па така 90% од детекциите во последната недела се должат на овој вирус.

Вкупно 56% од откриените вируси во сентинел надзорот за оваа сезона се Influenza А, а 44% се Influenza B. Од детектираните Influenza А вируси, најголем дел од отпаѓааат на поттипот А(H1N1)pdm09 (86% од субтипизираните), а од Influenza B – на B/Victoria (96%).

Регистриран е низок број на САРИ случаи. Најтешките случаи се поврзани со А (H1N1) pdm09 инфекција и се кај луѓе на возраст од 15-64 години.

Осум земји од западниот дел на регионот пријавиле 4.909 случаи од единиците за интензивна нега и 3.752 од други оддели. Инфлуенца А е откриен во 81% од случаите примени во единиците за интензивна нега, а А (H1N1) pdm09 се доминантен поттип (98%). Во сите други оддели, регистрирани се 24% со Инфлуенца Б и 76% со Инфлуенца А, а А (H1N1) pdm09 е доминантен поттип (98%).

Најголемиот дел од вирусите откриени оваа сезона генетски одговараат на оние кои се вклучени вакцината за сезоната 2015-2016 во северната хемисфера.

За сезоната 2016-2017 на северната хемисфера СЗО препорачува тривалентна вакцина која содржи:

  • A/California/7/2009 (H1N1) pdm09-like вирус;
  • A/Hong Kong/4801/2014 (H3N2)-like вирус;
  • B/Brisbane/60/2008-like вирус (Victoria).

Се препорачува квадривалентната вакцина да ги содржи горенаведените плус уште еден тип на инфлуенца Б вирус – B/Phuket/3073/2013-like virus (Yamagata).

 

 

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје