ЕПИДЕМИОЛОШКИ НАДЗОР

Неделни податоци

Во текот на првата недела од 2017 година, во Република Македонија пријавени се 8.067 (I=389,9/100.000) новозаболени лица на групни пријави за заболени од грип, што претставува намалување од 14,9% во споредба со минатата недела кога беа пријавени 9.485 случаи.

Вкупниот број на пријавени случаи и оваа недела ја надминува границата на многу висока активност, согласно МЕМ моделот за одредување на интензитет на активноста на сезонски грип (Графикон 1).

Графикон 1. Нивоа на интензитет и неделна дистрибуција на заболените од грип/заболувања слични на грип според очекувана епидемиска крива 2010-2016, сезона 2015/2016 и сезона 2016/2017

Графикон 1

И оваа недела како и минатата, најголем број заболени (n=1.046) е регистриран на територијата на ЦЈЗ Скопје,  а поголем број на случаи пријавени се од ЦЈЗ Струмица (n=935), ЦЈЗ Битола (n=932) и ПЕ Кавадарци (n=764).

Највисока инциденца од 1.775,3/100.000 е пријавена од подрачјето на ПЕ Кавадарци, втора највисока инциденца од 987,1 се регистрира во ЦЈЗ Струмица, а во ЦЈЗ Битола инциденцата изнесува 914,4 на 100.000. Границата за многу висока активност е надмината уште во 12 ЦЈЗ/ПЕ. Висока активност се регистрира на територија на ЦЈЗ Велес и ПЕ Дебар, во 10 ЦЈЗ/ПЕ активноста е на средно ниво, а во 3 ЦЈЗ/ПЕ на сезонско ниво. Само во ПЕ Валандово активноста е на многу ниско ниво (Картограм 1).

Картограм 1. Ниво на активност на грип според инциденца на 100.000 жители, 1 недела 2017

1 nedela

Како и претходната, во првата недела од 2017, најголем број заболени (n=5.680) односно 70,4% од сите случаи се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, што претставува лесно зголемување на процентуалното учество од претходната недела (65,9%). Во пријавените случаи од првата недела, децата на возраст од 5-14 години учествуваат со 11,7% (n=946), лицата над 65 години со 10,7% (n=860), а најмал процент отпаѓа на децата од 0-4 години  (7,2%;  n=581).

Највисока инциденца од 500,0/100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст од 0-4 години, a кај децата на возраст од 5-14 години инциденцата изнесува 408,7/100.00. Во однос на претходната недела бројот на регистрирани случаи и инциденцата кај децата на возраст од 5-14 години е речиси двојно намален (Графикон 2).

Во текот на оваа недела, регистрирани се 2 смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за деца на возраст од 3 и 4 години од Кичево и Гостивар, кои биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести – Скопје на Одделот за интензивна нега.

Графикон 2. Дистрибуција на случаите на сезонски грип по возрасни групи – инциденца на 100.000 жители, сезона 2016/2017

Графикон 2

 

Кумулативни податоци

Во сезоната 2016/2017, вкупниот број на заболени од грип изнесува 23.843 со кумулативна инциденца од 1.152,3 на 100.000 жители.

Во оваа сезона во овој момент, сите извештајни единици пријавиле случаи на грип/заболувања слични на грип.

Најголем кумулативен број на заболени се регистрирани во регионот на ЦЈЗ Скопје (3.220), ЦЈЗ Струмица (2.423), ПЕ Кавадарци (2.184) и ПЕ Гостивар (2.178). Највисока кумулативна инциденца е регистрирана во ПЕ Кавадарци (I=5.075,1/100.000; n=2.184), ПЕ Свети Николе (I=4.665,6/100.000; n=957), ЦЈЗ Велес (I=2.968,7/100.000; n=1.967) и ЦЈЗ Струмица (I=2.558,1/100.000; n=2.423) (Графикон 3).

Графикон 3. Дистрибуција на случаите сезонски грип по ЦЈЗ/ПЕ и инциденца на 100.000 жители, сезона  2016/2017

Графикон 3

Од вкупниот број на регистрирани случаи на грип/ заболувања слични на грип,  15.073 случаи или 63,2% се пријавени во декември месец, 2,2% во ноември и најмал процент во октомври – 0,7%. Во јануари, за една недела се пријавени 8.067 случаи или 33,8%.

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, кумулативно најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 16.050 случаи (67,3%), а најголема кумулативна инциденца од 1.661,3 на 100.000 жители се регистрира кај школските деца на возраст од 5-14 години и децата на возраст од 0-4 години (1.336,6/100.000) каде што кумулативно се регистрирани 3.845 односно 1.553 случаи. Кај најстарата возрасна група, лица над 65-годишна возраст, кумулативниот број на регистрирани случаи е 2.395 случаи со инциденца од 913,7 на 100.000 жители (Графикон 4).

  

Графикон 5. Дистрибуција на случаите сезонски грип по возрасни групи, кумулативно за сезона   2016/2017

Графикон 4

ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Во текот на првата недела од 2017, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, тестирани се 9 примероци на присуство на вирусот на грип, 5 или 55,6% се позитивни за присуство на вирусот на грип, сите на A/H3.

Од почетокот на сезоната 2016/2017, во оваа лабораторија тестирани се вкупно 88 биолошки материјали од рутинскиот и сентинел надзорот – од амбулантски и болнички лекувани пациенти, од кои 32 материјали (36,4%) се позитивни за присуство на вирусот на грип и тоа: 31 – Influenza A/H3 и 1 е нетипизиран Influenza A вирус.

 

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР:

Епидемиолошките податоци за бројот на пријавени случаи на грип/заболувања слични на грип и лабораториски потврдените случаи на грип укажуваат на ран почеток на сезоната, а неделниот број и понатаму се одржува над границата на многу висока активност (прв пат по пандемската сезона 2009/2010). Оваа недела, на територија на 15 ЦЈЗ/ПЕ се регистрира многу висока активност. Намалениот број на случаи во споредба со претходната недела се должи на намалениот број на случаи кај децата од 5-14 години, што може да се објасни со почетокот на зимискиот распуст. Иако зимскиот распуст на училишта може да го ублажи интензитетот на ширење на грипот, сепак се очекува високиот број на случаи да се одржува и во наредните недели.

 

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Вакцинацијата со вакцина против сезонски грип во Македонија е започната од 43 недела, 2016. Согласно пристигнатите извештаи од страна на ЦЈЗ/ПЕ вакцинирани се вкупно 26.665 лица и потрошени се 99,9% од вкупно набавените вакцини.

Најголем број од вакцинираните се на возраст над 64 години – 15.324 лица или 57,5%. На возраст од 30-64 години, вакцинирани се 10.001 лица или 37,5%, додека на возраст од 5-29 години се вакцинирани вкупно 661 лица или 2,5%. Од возрасната група деца под 5-годишна возраст, вакцинирани се 10 лица. Од категоријата на здравствени работници, вакцина против грип примиле 613 лица или 2,3%. Нема вакцинирани бремени жени.

Од вкупниот број вакцинирани, 17.908 или 67,2% се со историја на хронично/и заболување/а.

 

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe (за 52 недела/2016) за состојбата со грип во сезоната 2016/2017 во Европа, активноста на вирусот на грип и понатаму се зголемува во сите земји од регионот, а во 7 земји активноста е на високо или многу високо ниво. Процентот од позитивните тестирани примероци од сентинел надзорот оваа недела е покачен на 50% во однос на од 47% претходната недела. Најголемиот број на примероци се инфлуенца А (А/H3N2).

Достигнувањето на прагот во 46-тата недела е најрано по пандемската 2009/2010 сезона, а во претходните 5 сезони било во периодот од 48-та до 51-ва недела.

Досега предоминира инфлуенца А типот (95%), а повеќето од вирусите се субтипизирани како А (H3N2). Мината сезона во овој период предоминраше вирусот A(H1N1)pdm09.

Зголемен е бројот на хоспитализирани лица, а предоминираат лицата постари од 65 години со инфлуенца А инфекција.

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје