Во текот на 41-ва недела од 2016 година (од 10.10.2016- 16.10.2016), во Република Македонија пријавени се 23 (I=1,1/100.000) новозаболени на групни пријави за заболени од грип, што е идентично во однос на минатата недела.

Во споредба со бројот на регистрирани случаи во 41-ва недела од минатата сезона (28), се бележи намалување од 17,9%, а во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период (14), постои  зголемување од 64,3%.

Во сезоната 2016/2017 вкупниот број на заболени од грип изнесува 46 (I=2,2/100.000).

Во споредба со истиот период од минатата година (33), постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 39,4%, а во однос на просекот за 10-годишниот период (8) се регистрира зголемување од 5,8 пати.

Во оваа сезона заклучно со 41 недела, пријавени се заболени лица од 6 извештајни единици. Најголем број на заболени лица регистрирани се во ЦЈЗ Тетово (23). Во ЦЈЗ Скопје регистрирани се 7 заболени лица, во ЦЈЗ Куманово – 6, во ЦЈЗ Штип – 4 и во ЦЈЗ Струмица и ПЕ Струга регистриран е по 1 заболен.

Највисока инциденца (50,0/100.000) е регистриранa во ЦЈЗ Тетово.

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) со 27 случаи (58,7%), а највисока инциденца (5,2/100.000) е регистрирана кај лицата на возраст од 5-14 години.

Во текот на 41-ва недела од 2016, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РМ пристигнати се 3 материјали за тестирање на грип. Сите тестирани материјали се негативни на присуство на вирусот на инфлуенца.

Од почетокот на сезоната 2016/2017, во оваа лабораторија пристигнати се 8 хумани материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти, кои беа тестирани негативни за присуство на вирусот на грип.

Вакцинација против грип

Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра заштита, затоа Институтот за јавно здравје дава препорака до сите лица со хронични заболувања и лица со состојби на намален имунитет да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или Подрачна единица за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.

Се очекува ЦЈЗ/ПЕ да отпочнат со вакцинација последната недела од септември, веднаш по добивањето на вакцините против грип. Вкупната количина на нарачани тритипни вакцини (Influvac, произведена во Abbot Biologicals Olst, Холандија) за оваа сезона за 10-те Центри за јавно здравје и нивни подрачни единици, изнесува 26.900 дози.

 

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe (за 41 недела/2016) за состојбата со грип во сезоната 2016/2017 во Европа, активноста на вирусот на инфлуенца во Европа е со низок интензитет, а само неколку земји пријавиле детекција на спорадични инфлуенца вирусни инфекции.

 

Активноста на грипот во Европскиот регион е типично ниска, што е вообичаено за овој период од годината.

 

 

 

 

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

 

Институт за јавно здравје