ЕПИДЕМИОЛОШКИ НАДЗОР

Неделни податоци

Во текот на 13-та недела од 2018 година (од 26.03.2018 – 01.04.2018), во Република Македонија пријавени се 386 (I=18,7/100.000) новозаболени од грип/заболувања слични на грип, што е намалување за 44% во споредба со минатата недела.

Во однос на 13-та недела од минатата сезона која се карактеризираше со ран почеток и пик на активноста, оваа сезона бројот на заболени е зголемен за 7 пати, но инциденца oваа недела е под неделната граница на ниска активност на вирусот на грип (Графикон 1).

Графикон 1. Нивоа на интензитет и неделна дистрибуција на заболените од грип/заболувања слични  на грип, според очекувана епидемиска крива 2010-2017, сезона 2016/2017 и сезона 2017/2018

 graf 1

Исто како и во претходните недели, во 13-та недела најголем број заболени – 234 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца од 27,7/100.000 жители се регистрира кај школските деца на возраст од 5-14 години.

Оваа недела најголем број заболени лица (n=63) се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Струмица, а највисока инциденца (98,2/100.000 жители) е регистрирана на подрачјето на ПЕ Македонски Брод.

Oд вкупно 31 извештајна единица во земјата, во една се регистрира средна активност (ПЕ Свети Николе). Во останатите ЦЈЗ/ПЕ се регистрира од многу ниско до ниско ниво на активност на вирусот на грип, додека во 4 ПЕ не се регистрирани заболени лица (Картограм 1).

Картограм 1. Ниво на активност на грип според инциденца на 100.000 жители, 12 недела 2017

rsz_13_nedela

Кумулативни податоци

Досега во сезоната 2017/2018 вкупно се пријавени 23.483 случаи на грип/заболувања слични на грип со вкупна инциденца од I=1.134,9/100.000.

Регистрираниот број на случаи е помал за една третина споредено со истиот период од минатата сезона (34.849).

Вкупно во оваа сезона, пријавени се заболени лица од сите ЦЈЗ/ПЕ.

Досега, најголем број на заболени лица – 3.091 се регистрирани во ЦЈЗ Скопје, а поголем број е пријавен и во ПЕ Гостивар (2.341) и ЦЈЗ Струмица (2.297). Највисока вкупна инциденца од 3.736,6 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на ПЕ Кавадарци.

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, кумулативно најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 14.285 случаи (60,8%), а највисока вкупна инциденца од 2.047,1/100.000 се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

Анализата на бројот на заболени од сезонски грип по месеци, укажува на постепен пораст на заболените во јануари (2.396 заболени или 10,2%) и достигнување врв во февруари (12.951 или 55,2%). Во месец март, за четири недели, регистрирани се 7.054 заболени или 30%.

 

ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Се нотира заедничка циркулација на Influenza А и Influenza B вирусот во републиката, со доминација на B вирусите.

Во текот на 13-та недела од 2018, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ тестирани се 9 материјали за грип. Од тестираните материјали, 44,4% (4) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца. Од позитивните примероци оваа недела 3 се Influenza B, а еден Infleunza A. Од Influenza B вирусите 2 се со неодредена линија, а еден е B(Yamagata). Influenza A вирусот детектиран оваа недела е Influenza A(H1N1)pdm09.

Од почетокот на сезоната 2017/2018, во ИЈЗ пристигнати се вкупно 460 хумани материјали од здравствените установи, од кои 239 (52%) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца (Графикон 2). Од позитивните примероци, на инфлуенца Б отпаѓаат 69,5%, а на инфлуенца А 30,5%. Од инфлуенца Б вирусите 88,6% се B (Yamagata), 4,8% B(Victoria) и кај 6,6% не е одредена линијата. Од инфлуенца А вирусите 80,8% се суб-типизирани како Influenza A(H1N1)pdm09, останатите 19,2% не се суб-типизирани.

 

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР

Регистрираната инциденца од грип/заболувања слични на грип е на ниво кое се регистрира надвор од сезона на грип. Се регистрира спорадична географска распространетост.

Процентот на позитивно тестирани примероци од вирусолошкиот надзор е намален во однос на претходната недела, што укажува дека активноста на вирусот на инфлуенца се намалува.

Се очекува континуирано намалување на бројот на пријавени случаи и на процентот на позитивни резултати до крајот на сезоната.

 

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ на располагање за вакцинација против сезонски грип за оваа сезона беа 27.997 дози на вакцина.

Искористени се сите набавени вакцини. Најголем број од вакцинираните се на возраст над 65 години – 60,5%. Од вкупниот број вакцинирани, 75,2% се со историја на хронично/и заболување/а.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Нема нови ажурирани податоци од Flu News Europe за состојбата со грип во сезоната 2017/2018 во Европа.

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје