ЕПИДЕМИОЛОШКИ НАДЗОР

Неделни податоци

Во текот на 52-ра недела од 2017 година од 25.12.2017 – 31.12.2017), во Република Македонија пријавени се 128 (I=6,2/100.000) новозаболени лица од грип/на грип слични заболувања, што не  е значајно зголемување во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 104 заболени лица.

Бројот на регистрирани случаиоваа недела е повеќекратно помал споредно со истата недела од мината сезона кога беа регистрирани 9.485 случаи.

Активноста на вирусот на грип е под сезонското ниво (Графикон 1).

Графикон 1. Нивоа на интензитет и неделна дистрибуција на заболените од грип/заболувања слични на грип според очекувана епидемиска крива 2010-2017, сезона 2016/2017 и сезона 2017/2018

slika 1

Во 52-ра недела најголем број заболени (88) се пријавени во возрасната група од 15-64 години, додека најголема инциденца од 11,2 на 100 000 жители е регистрирана кај децата на возраст од 5-14 години.

Оваа недела најголем број заболени (25 случаи) и највисока инциденца од 90,1/100.000 е регистрирана на територија на ПЕ Дебар.

Во 15 извештајни единици се регистрира многу ниска активност на вирусот на грип, а само во една (ПЕ Дебар) се регистрира ниска (сезонска) активност (Картограм 1).

Картограм 1. Ниво на активност на грип според инциденца на 100.000 жители, 52 недела 2017

slika 2 mapa

Кумулативни податоци

Во сезоната 2017/2018 вкупниот број на пријавени случаи со заболувања слични на грип изнесува 1.082 (I=52,3/100.000).

Регистрираниот број на случаи е помал за 93,1% споредено со истиот период од минатата сезона (15.776). Вкупно во оваа сезона, пријавени се заболени лица од 22 ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица – 222 се регистрирани во ПЕ Гостивар и 206 во ЦЈЗ Тетово.

Во однос на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 704 лица или 65,1%, а највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години (I=70,9/100.000).

ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Во текот на 52-рата недела од 2017, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ тестирани се 7 материјали за грип. Од тестираните материјали, два се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца – Influenza B (Yamagata).

Од почетокот на сезоната 2017/2018, во ИЈЗ пристигнати се вкупно 73 хумани материјали од здравствените установи од кои само три (4,1%) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца – еден Influenza A(H1N1)pdm –и два Influenza B (Yamagata).

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР

Малиот број на регистрирани случаи на грип во текот на сезоната кој е континуирано под неделната граница за сезонска активност, како и нискиот процент на позитивни резултати добиени од вирусолошкиот надзор одат во прилог на сеуште многу ниска (вон-сезонска) активност на вирусот на грип на територија на Република  Македонија.

 

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ вакцинацијата започна на 17 октомври, а на располагање за вакцинација во јавните здравствени установи, за оваа сезона беа 27.997 дози на вакцина.

Искористени се сите набавени вакцини – вакцинацијата против сезонски грип е завршена на територијата на РМ. Најголем број од вакцинираните се на возраст над 65 години – 60,5%. Од вкупниот број вакцинирани, 75,2% се со историја на хронично/и заболување/а.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe за состојбата со грип во сезоната 2017/2018 во Европа, активноста на вирусот на грип се зголемува во земјите од западниот, северниот и јужниот дел од континетот. Во однос на географската распространетост, во 15 земји се регистрира спорадична, во 2 локална, во 3 регионална и во 7 широка распространетост. Потврдени се како позитивни 31,8% од тестираните од сентинел надзорот (26% минатата недела) во текот на оваа недела, со заедничка циркулација на инфлуенца А и инфлуенца Б.

Во досегашниот дел од сезоната се забележува заедничка циркулација на инфлуенца А со 40,7% (59,1% – А (H1N1)pdm09) и инфлуенца Б со 59,3% (97,4% – B/Yamagata).

Од анализираните А (H3N2) на генетско ниво, сите припаѓаат или се антигенски слични на типот кој е застапен во вакцината за оваа сезона.

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје