ПИДЕМИОЛОШКИ НАДЗОР

Неделни податоци

Во текот на 8-ма недела од 2018 година (од 19.02.2018 – 25.02.2018), во Република Македонија пријавени се 4.258 (I=205,8/100.000) новозаболени лица од грип/заболувања слични на грип, што е зголемување за 14% во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 3.728 заболени лица.

Во однос на минатата сезона кога биле регистрирани 227 заболени, постои зголемување на бројот на заболени во 8-ма недела за 19 пати.

Регистрираната инциденца и oваа недела е над неделната граница на средна активност активност на вирусот на грип (Графикон 1).

Графикон 1. Нивоа на интензитет и неделна дистрибуција на заболените од грип/заболувања слични на грип, според очекувана епидемиска крива 2010-2017, сезона 2016/2017 и сезона 2017/2018

 1

Исто како и во претходните недели, во 8-ма недела најголем број заболени – 2.498 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца од 419,1/100.000 жители се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

Оваа недела најголем број заболени лица (n=673) се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Скопје, а највисока инциденца (857,5/100.000 жители) е регистрирана на подрачјето на ПЕ Кавадарци.

Oд вкупно 31 извештајна единица во земјата, само на подрачјето ПЕ Дебар, ПЕ Свети Николе, ПЕ Ресен, ПЕ Кавадарци, ПЕ Кратово, ЦЈЗ Струмица и ЦЈЗ Прилеп се регистрира многу висока активност; во 2 – висока активност, на подрачјето на 11 ЦЈЗ/ПЕ – средна активност, на подрачјето на 6 ЦЈЗ/ПЕ – ниска (сезонска) активност и во 5 извештајни единици се регистрира многу ниска активност на вирусот на грип (Картограм 1).

Картограм 1. Ниво на активност на грип според инциденца на 100.000 жители, 8 недела 2017

8 nedela 2)

 

Кумулативни податоци

Досега во сезоната 2017/2018 вкупниот број на пријавени случаи со заболувања слични на грип изнесува 16.429 (I=794,0/100.000).

Регистрираниот број на случаи е повеќекратно помал споредено со истиот период од минатата сезона (34.330).

Вкупно во оваа сезона, пријавени се заболени лица од сите 31 ЦЈЗ/ПЕ.

Досега, најголем број на заболени лица – 1.958 се регистрирани во ПЕ Гостивар, а поголем број е пријавен и во ЦЈЗ Скопје (1.842) и ЦЈЗ Куманово (1.631). Највисока инциденцата од 2.857,1 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на ПЕ Дебар.

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, кумулативно најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 9.907 случаи (60%), а највисока кумулативна инциденца од 1.505,7/100.000 се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

Анализата на бројот на заболени од сезонски грип по месеци, укажува на постепен пораст на заболените во јануари (2.396 заболени или 14,6%) и достигнување врв во февруари (12.951 или 78,8%).

 

ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Се нотира заедничка циркулација на Influenza А и Influenza B вирусот во републиката.

Во текот на 8-ма недела од 2018, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ тестирани се 64 материјали за грип. Од тестираните материјали, 43 (67,2%) се позитивени за присуство на вирусот на инфлуенца – 29 Influenza B(Yamagata), 9 Influenza A(H1N1)pdm, 3 Influenza A несубтипизиран и 2 Influenza B неодредена линија.

Од почетокот на сезоната 2017/2018, во ИЈЗ пристигнати се вкупно 316 хумани материјали од здравствените установи, од кои 154 (49%) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца. Од нив, 50 се Influenza A (39 суптипизирани како А(H1N1)pdm и 11 се А несуптипизиран), а 104 се Influenza B (102 Influenza B (Yamagata) и 2 Influenza B неодредена линија).

Графикон 2. Неделна дистрибуција на број и процент на позитивни примероци на грип 2017/2018

 2

 

 

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР

Исто како и претходната недела, регистрираната инциденца од грип/заболувања слични на грип е на средно ниво на активност, а се регистрира и широка географска распространетост.

Во последните две недели се намалува процентот на позитивно тестирани примероци од вирусолошкиот надзор (слично како и во останатите земји во Европа), што укажува дека е достигнат пикот на сезоната на грип.

Се очекува слично ниво на активност на вирусот на грип со постепено намалување во наредниот период.

 

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ на располагање за вакцинација против сезонски грип за оваа сезона беа 27.997 дози на вакцина.

Искористени се сите набавени вакцини. Најголем број од вакцинираните се на возраст над 65 години – 60,5%. Од вкупниот број вакцинирани, 75,2% се со историја на хронично/и заболување/а.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe за состојбата со грип во сезоната 2017/2018 во Европа, се регистрира широка географска распространетост на активноста на вирусот на грип во најголем дел од земјите од регионот. Низок интензитет на активност се регистрира во 9 земји, среден во 23, во 10 од нив се регистрира висок интензитет, a во Албанија и Луксембург се регистрира многу висок интензитет на активност на вирусот на грип.

Во однос на географската распространетост, во 5 земји се регистрира спорадична, во 4 локална, во 5 регионална и во 30 широка распространетост.

Во текот на оваа недела, како позитивни се потврдени 51% од тестираните материјали од сентинел надзорот (во однос на 42-50% минататите недели), со заедничка ко-циркулација на Influenza А (33%) и Influenza B вирусот (67%).

Во досегашниот дел од сезоната се забележува заедничка циркулација на Influenza А со 33% (65% – А (H1N1)pdm09) и Influenza B со 67% (97% – B/Yamagata) во сентинел надзорот.

Од анализираните А (H3N2) на генетско ниво, 59% припаѓаат на вакциналниот сој, а 37% се антигенски слични на типот кој е застапен во вакцината за оваа сезона. B/Yamagata сојот доминира од регистрираните Influenza B вируси, но овој сој не е вклучен во тривалентната вакцина за оваа сезона.

Врз основа на податоците доставени до EuroMOMO, во текот на изминатите недели се зголеми смртноста кај старите лица, особено во земјите од западниот дел од Европа.

 

 

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје