• Мониторинг на работната изложеност на јонизирачко зрачење во дејности кои користат извори на јонизирачко зрачење преку проценка на персоналната радијациона изложеност на лицата кои работно се изложени на јонизирачко зрачење и периодичен амбиентален дозиметриски мониторинг на работните места со извори на јонизирачко зрачење и околните простори;
  • Обезбедување на редовена калибрација на инструментите за детекција на јонизирачко зрачење во Република Македонија
  • Дозиметриски мерења на гранични премини како мерка за спречување на пролиферација на радиоактивни и нуклеарни материјали на територијата на Република Македонија

Во својата работа, Лабораторијата го има имплементирано системот за квалитет, за што во Март 2009 година е акредитирана од Институтот за акредитација на Република Македонија – Акредитацијата бр. LT- 005 од 04 Март 2009 согласно Стандардот за управување со квалитет MKC EN ISO 17025:2006

Како Лабораторија која е членка на светската мрежа на лаборатории со секундарен стандард за мерната величина Kerma и реализатор на 4 меѓународни проекти за техничка подршка финансирани од Меѓународната Агенција за Атомска Енергија (МААЕ) во Виена, лабораторијата во својата работа ги применува меѓународните стандарди на МААЕ како и нивните препораки и упатства.

Началник на лабораторија: дипл.инж.физ. Лидија Николовска спец. по медицинска физика