СВЕТСКО МОТО – „НЕ ОСТАВАЈТЕ НИКОЈ ЗАД СЕБЕ

Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија во соработка со КАТ Продукција-Скопје ја продолжува успешната традиција на одбележување на Светскиот ден на водата. Оваа година настанот се одржува во Кинотека на Македонија на 22.03.2019 година (петок) со почеток од 10,30-13,30 часот.

На 22 март секоја година, светот преку разни активности го одбележува Светскиот ден на водата. Република Северна Македонија преку организација на Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, и верните покровители и оваа година Визиана, Кожувчанка, Магрони и Маја како и други организации и поединци, оваа година по 10-ти пат јубилејно се приклучува на Светското одбележување на овој значаен ден – ДЕНОТ НА ВОДАТА НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА. По петти пат коорганизатор и на овој настан е КАТ Продукција-Скопје.

Секоја година светот го одбележува овој ден и го менува мотото, со што дава акцент на различни сегменти значајни за водата. Оваа година со мотото „КОЈ И ДА СТЕ, КАДЕ И ДА СТЕ, ВОДАТА Е ВАШЕ ЧОВЕКОВО ПРАВО“ укажува на тоа дека пристап до вода за пиење е основно човеково право.

Во 2010 година, ОН го признаа “правото на безбедна и чиста вода за пиење и санитација“ како човеково право што е од суштинско значење за целосно уживање во животот и сите човекови права. Човековото право на вода им дава право на сите, без дискриминација, да имаат доволна, безбедна, прифатлива, физички пристапна и достапна вода за лична и за домашна употреба.

Луѓето се оставени зад себе без безбедна вода од многу различни причини. Следниве се некои од “основите за дискриминација” кои предизвикуваат одредени луѓе да бидат особено обесправени кога станува збор за пристап до вода:

  • Години и пол
  • Раса, етничка припадност, религија и националност
  • Попреченост, возраст и здравствена состојба
  • Сопственост, живеалиште, економски и социјален статус

Другите фактори, како што се деградацијата на животната средина, климатските промени, порастот на населението, конфликтот, присилното поместување и миграциските текови, исто така, може да влијаат врз водата.

 

Настанот ќе биде одбележан со поставување на штандови, банери, флаери и друг промотивен материјал на Институтот за јавно здравје на РСМ, КАТ Продукција-Скопје,  производителите на пакувана вода што се вклучени во настанот, како и ученици од основни и средни училишта, студенти од Медицински и Градежниот факултет, пензионери (Сојуз на пензионери), ПАКОМАК, и други чинители. Настанот ќе биде одбележан со креативна работилница за рециклирање на пластични шишиња, музичко-забавна програма, најави со производителите на пакувана вода, разговор за водата како човеково право, проекција на филмови посветени на Светскиот ден на водата и др.

Во продолжение се неколку факти поврзани со Светскиот ден на водата:

  • 2,1 милијарди луѓе немаат пристап до безбедна вода за пиење
  • 1 од 4 основни училишта користат небезбедни извори за вода
  • Повеќе од 700 деца под 5 годишна возраст секој ден умираат од дијареа поврзана со небезбедна вода и лоша санитација
  • На глобално ниво, 80% од луѓето кои живеат во руралните средини користат небезбедна вода
  • Жените и девојките се одговорни за собирање вода во 8 до 10 домаќинства со вода надвор од просториите
  • 68,5 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, бидејќи немале пристап до безбеднa вода
  • 159 милиони луѓе ја собираат водата за пиење од површинска вода, како што се езерцата и потоците
  • 4 милијарди луѓе доживуваат тежок недостаток на вода во текот на најмалку еден месец од годината
  • Над 800 жени умираат секој ден од компликации во бременоста и породувањето
  • 700 милиони луѓе низ целиот свет би можеле да бидат раселени со интензивен недостаток на вода до 2030 година.

 

22.03.2019 година

ФЛАЕР ЗА СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА 2019

БАНЕР ЗА СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА 2019 (МК/АЛБ)

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА 2019