haccp kurs

Курс – Хигиена на храна и заштита на животната средина

ЈЗУ Институт за јавно здравје на РМ организира и спроведува на обука за Хигиена на храна и заштита на животната средина, наменета за лицата кои работаат во производство и промет со храна. Обуката се изведува согласно програмата и содржината пропишана со Правилникот. Со Законот за безбедност на храната (Сл.весник на РМ бр. 157/2010), е регулирано дека производителот на храна е должен да обезбеди во производството на храна да работат лица кои имат основно знење за хигиената на храната, а со Правилникот за санитарно хигиенски услови за производство на храна (Сл. Весник на РМ бр. 32/2006) покрај другото е регулирано дека персоналот кој работи во производство на храна треба да има основни знаења за хигиената на храната и заштита на животната средина.

Слободни сме да Ви се понудиме за одржување на обука за хигиена на храната за вашите вработени лица. Потребната опрема за одржување на наставата, помошните средства и учебните помагала ги обезбедуваме ние. По завршувањето на обуката кандидатот полага испит и се здобива со сертификат за основни познавања на хигиена на храната и заштита на животната средина.

Цената на обуката по лице изнесува 3000 денари, која во зависност од договорот за соработка може да биде максимум намалена за 20%.

Контакт лице за информации

Марта Зиба Рашиди
Тел 02/3125-044 лок 103

e-mail: martaziba@yahoo.com