Санитарни прегледи

За кои лица се задолжителни овие прегледи ?

Прегледите од овој закон се задолжителни за :

  • Лицата кои спроведуваат воспитно – образовна дејност и здравствена дејност;
  • Лицата кои доаѓаат во контакт со производството и промет на храна, при снабдување на населението со вода за пиење ;
  • Вработени во производство, подготовка и издавање на лекови и лицата кои на друг начин во текот на работата доаѓаат во непосреден контакт ;
  • Лицата кои укажуваат хигиенска нега, работат во производство на козметички средства или вршат рекреација на населението.

Што опфака санитарниот преглед?

  • Лекарски преглед ;
  • Земање материјал за бактериолошки и паразитолошки испитувања;
  • Издавање на санитарна книшка.

Каде се вршат овие прегледи?

  • Во Одделението за санитарни прегледи
  • Во работните простории на нарачателот (на терен )