ДЕЈНОСТА НА ИЈЗ НА РМ       

Дејноста на ИЈЗ е дефинирана во Законот за здравствена заштита, Законот за јавно здравје, Програмата за јавно здравје и другите законски акти и се извршува преку собирање, обработка и анализа на податоци согласно Закон за евиденции во областа на здравството, организација и планирање на здравствената заштита, проучување и следење на хигиенските и други услови за заштита на воздухот, прехранбените продукти, предметите за општа употреба, водата за пиење, отпадните води и цврстите отпадни материи, учество во превентивен санитарен надзор над градежни и други објекти, следење и спроведување на мерки за активна заштита на населението од заразни и други болести, проучување на исхраната и предлагање мерки за отстранување на последиците од несоодветна исхрана, водење здравтвена статистика, утврдување и спроведување на единствена стручно-методичка доктрина, предлагање и учество во единствени здравствени програми, вршење на референтни лабораториски анализи, координација на Центрите за јавно здравје во Македонија, утврдување и спроведување на мерки при елементарни непогоди, несреќи и вонредни состојби, учество во образовната дејност и креира и спроведува стручно медицински доктрини во својата област.

 Институтот за јавно здравје ги координира задачите кои произлегуваат од законската регулатива во соработка со 10 Центри за јавно здравје, Министерствата за здравство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за труд и социјална политика, Министертсво за внатрешни работи, Министерство за образование и наука, институтите и други здравствени институции од јавното и приватното здравство, локалната смоуправа, невладините организации, стопанственици, производители, трговски друштва, и други субјекти кои по различни основи се врзани со дејноста што ја обавува оваа институција.

Институтот за јавно здарвје е наставна база на Медицински факултет Скопје, а наставниците од ИЈЗ учествуваат во наставата и на други факултети во УКИМ и другите универзитети во Република Македонија и во странство.

Стручната активност на ИЈЗ е основа на националната политика во областа на превентивната медицина и јавното здравје. Стручните лица вработени во Институтот се истовремено и непосредни креатори на националните политики, но и на меѓународната здравствена политика преку експертите, кои се контакт лица за соработка со Светска здравствена органзиација, Светска банка, Уницеф, УНФПА, МААЕ, итн.

Организацијата, работните задачи, овластувањата, меѓусебниот однос и одговорностите на вработените се регулирани со Статутот и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места на ЈЗУ ИЈЗ на РМ.

Одделенијата и лабораториите се поделени врз основа на активностите што ги спроведуваат (микробиологија, радиекологија, биолошко тестирање) или врз основа на производите што се тестираат (храна, вода, предмети за општа употреба).

Целокоптниот научно-стручен  персонал е обврзан доверливо да ги чува подаотците, информациите и резултатите, согласно Законот за заштита на лични податоци и друга релевантна легислатива.

Во Институтот за Јавно Здравје се вработени 135 редовно вработени и 40 привремено вработени од разни профили: доктори по медицина, хемиски, машински инженери, фармацевти, нуклеарни физичари, професори, доценти, асистенти итн.

Сите тие придонесуваат во петте Сектори и два Центри за референтни лаборатории и за статистичка обработка на здравствени податоци, публицистика и едукација.

ОРГАНОГРАМ

МРЕЖА

MKC EN ISO/IEC  17025:2006