Загадување на водата

По повод EU Green Week од 31.05. до 04.06.2021 година со цел подигање на јавната свест за поздрава и почиста животна средина, која секоја година, традиционално се одбележува со повеќе акции и конкретни преземени чекори за позелена иднина.

Темата оваа година е “Zero pollution for healthier people and planet”, „Нула загадување за поздрави луѓе и поздрава планета“.

#EUGreenWeek #Zeropollution

Загадувањето на водата најчесто настанува како резултат на човечки активности. Ова може да доведе до јавноздравствени проблеми за луѓето што ја користат директно или и индиректно таа вода или т.н. болести поврзани со вода.

Сите растенија и организми кои живеат или се изложени на загадени водни тела ги трпат штетните ефекти од загадената вода. Со тоа, можат да ги оштетат одделните видови и да влијаат на природните биолошки заедници во кои тие се дел или се изложени на тие загадени водни тела.

Причините за загадувањето на водата вклучуваат широк спектар на хемикалии, патогени микроорганизами или физички тела. Загадувачите може да бидат органски и неоргански супстанции. Зголемените температури исто така може да допринесат за загадување на водата. А како честа причина за термичко загадување е употребата на вода како течност за ладење во електрани и индустриски производители. Зголемените температури на водата ги намалуваат нивоата на кислород, што може да убие риби и да го смени составот на синџирот на исхрана, да ја намали биолошката разновидност на видовите и да поттикне инвазија од нови термофилни видови.

Контролата на загадувањето на водата бара соодветна инфраструктура и планови за управување. Инфраструктурата може да вклучува постројки за третман на отпадни води. Постројките за третман на отпадни води, земјоделски отпадни води и постројките за третман на индустриски отпадни води обично се потребни за да се заштитат водните тела од нетретирана отпадна вода.

Voda_zagaduvanje