Главна задача на одделението за физиологија и мониторинг на исхрана е да ја следи и проучува исхраната на населението во РМ, посебно на вулнерабилни популациони групи и предлага соодветни мерки за унапредување, согласно новите научни сознанија од областа на исхраната.
Ги следи и проценува факторите на здравствен ризик поврзан со исхраната и стилот на живеење и настојува во најголема можна мера да се доближи до најновите достигнувања во областа на исхраната и проценката на здравствени ризици поврзани со неа.
Врши испитувања на нутритивниот статус на популациони групи со антропометриски, лабораториски и функционални испитувања, а во соработка со тимовите од Центрите за јавно здравје во РМ, го следи рстот и развојот на децата и учениците на целата територија во државата.
Подготвува едукативен материјал за единствен методолошки пристап за истражувањата во областа на исхраната, учество во тренинг активности за специјалистички кадар од превентивните гранки на медицината, учествува во научно-истражувачки и едукативни активности од областа на исхраната и спроведување на домашни и меѓународни проектни активности..
Подготвува промотивен материјал од областа на исхраната и стилот на живеење за населението или популациони групи од интерес
Одделението за физиологија и мониторинг на исхрана при Институтот за јавно здравје работи со стручен тим на лекари и е отворен за сите заинтересирани лица на кои им е потребен совет за правилен диететски режим на исхрана за намалување на здравствениот ризик.
Началник на одделението за физиологија и мониторинг на исхрана
Ас. д-р Игор Спироски,
- доктор, специјалист по хигиена, магистер по јавно здравство
- Освен како истражувач во одделението, работи и на Катедрата по хигиена и здравствена екологија на Медицинскиот факултет во Скопје.
- Контакт: i.spiroski@iph.mk