- ја следи и проучува состојбата со повредите и насилството на локално, национално, регионално и глобално ниво;
- ги следи и проучува ризик факторите за настанување на повреди и насилство;
- води регистри за повреди согласно постоечката легислатива и ЕУ стандардите;
- учествува во дизајнирање на национален информативен систем за следење на повредите согласно препораките на СЗО;
- изготвува извештаи, анализи и експертски мислења за безбедноста, односно состојбата со повреди и насилство;
- изготвува национални програми за контрола и превенција на повредите и насилството;
- учествува во изготвување на национална стратегија и акционен план за контрола и превенција на повредите и насилството;
- предага соодветни мерки за организација на здравствената служба за контрола и превенција на повредите: пред-болничко згрижување, транспорт на повредениот, болничко згрижуввње и третман и рехабилитација на повредениот;
- врши анализа на социјално-медицинските аспекти на повредите и насилството, како и економски анализи на одредени интервентни програми за контрола и превенција на повредите и насилството;
- врши здравствено воспитни активности и други активности за промоција на безбедноста во заедницата;
- подготвува едукативни и промотивни материјали за безбедноста на сите структури, во сите средини од сите повреди, за широката јавност и мас медиумите;
Проф. д-р. Фимка Тозија