Единица за дозиметрија и тестирање

Единица за дозиметрија и тестирање, во рамките на Одделение за радијациона заштита

Информации за дејноста што се извршува во Единица за дозиметрија и тестирање

Индивидуалерн мониторинг:

  1. Процена на степенот на изложеност на лица на работни места каде се користат извори на јонизирачко зрачење и
  2. процена на степен на изложеност на поединци од население или група од населението преку одредување на персонален дозен еквивалент за тело Hp(10)и екстремитети Hp(0,07);

Дозиметриски мониторинг во животна средина на лице место со определување на амбиентален дозен еквивалент H*(10);

Детекција (Откривање и пронаоѓање), дозиметрија и гама спектрометриска анализа  на извори и други радиоактивни материјали од непознато потекло во различни видови на суровини, отпаден метал и други видови на материјали, од увоз или за извоз

Контрола на квалитет на рендген уреди во дијагностика:

  1. Општа радиографија,
  2. Флуороскопија,
  3. Мамографија,
  4. Компутеризирана томографија,
  5. Дентална радиологија,
  6. Ангиографи во интервентната радиологија и кардиологија.

 

Контакт информации

Контакт телефон: +389 2 312 50 44, лок.11

Електронска поштаdozimetrija@gmail.com