Одделение за безбедност на вода, санитација на животната средина и здравствена екотоксикологија

Одделение за безбедност на вода, санитација на животната средина и здравствена екотоксикологија, во рамките на Оддел за здравствена екологија

Информации за дејноста што се извршува во Одделение за безбедност на вода, санитација на животната средина и здравствена екотоксикологија

Одделението за безбедност на вода, санитација на животна средина и здравствена екотоксикологија обавува широк спектар на дејности од областа на животната средина и влијанијата врз здравјето на населението во РС Македонија. Главно, активностите се дел од Националната годишна програма за јавно здравје (НГПЈЗ) за тековната година, донесена на основa на Законот за јавно здравје (Сл. весник на РМ 37/16) како и Законот за здравствена заштита (Сл. весник на РСМ 77/21, 122/21 и 178/21), но и други Закони и подзаконски акти поврзан со животната средина пред сè. Целта е заштита на населението од потенцијалното штетно дејство на бројни ризик фактори од животната средина по здравјето на населението во РС Македонија.

Проценките за влијанието врз здравјето на загадениот воздух врз здравјето на населението веќе години наназад се вршат самостојно како резултат на подобрениот пристап и до податоци потребни за ваквите проценки, но и стручни обуки и интерес на стручните лица во Одделението. Континуираното следење на квалитетот и безбедноста на сите типови вода освен отпадни води (вода за пиење, вода за капење, површински води и подземни води, природни минерални и изворски води или води за разни други намени), се традиционална и долгогодишна активност на Одделението. Следењето на пристап до вода и санитација со посебен акцент на училишната средина како и следење на болестите поврзани со нив, се предизвик и состојба кон која стремиме кон усовршување. Се разбира дека останатите ризик фактори од животната средина особено новите предизвици и нивното влијание врз здравјето на луѓето, се следат со голем интерес и внимание.

Координативната и стручно методолошката помош и соработка со десетте регионални Центри за јавно здравје во РСМ од областа на комуналната хигиена и Здравствената екологија се спроведува во склоп на активностите предвидени со НГПЈЗ.

Мултидисциплинарниот пристап се применува во пракса преку соработка пред сè со Министерството за животна средина и просторно планирање како и останатите министерства и институции на системот, особено во делот на изработка на законски или подзаконски акти, апроксимација на законодавството на РС Македонија со легислативата на ЕУ преку учества во работни групи. Се изработуваат стручни мислења и експертски проценки на барање на различни засегнати страни, но и на барање на засегнати и загрижени граѓани или граѓански здруженија.

Вработените во Одделението обавуваат научна и наставна дејност на Медицинскиот факултет во Скопје, УКИМ од областа на Хигиена и Здравствена екологија и Јавното здравје, за различни студиски програми.

 

Mерки и активности во надлежност на Одделение за безбедност на вода, санитација на животната средина и здравствена екотоксикологија

Лабораторискиот сегмент на овие активности се изведува во лабораториите на Одделот за хемиски и радиолошки испитувања и Одделот за микробиологија. Обемот на лабораториски анализи опфаќа:

  1. Микробиолошка анализа
  2. Физичко-хемиска анализа
  3. Анализа на резидуи на пестициди (органохлорни и органофосфорни пестициди)
  4. Радиолошка анализа (Вкупна алфа и вкупна бета активност)
  5. Паразитолошка анализа (паразити и развојни форми)

Лабораториите на ИЈЗ РСМ се акредитирани тестирање на храна, храна за животни, сите видови вода, предмети за општа употреба, медицински производи (фармацевтски препарати, медицински помагала, хербални препарати), козметика и средства за чистење во домаќинство, детски играчки, тестирање во подрачјето на радиоекологија и процена на персонален дозен еквивалент согласно со ISO 17025.

Прилог кон сертификат за акредитација е достапен  тука.

Контакт информации

Контакт лице: Доц. д-р Мирјана Димовска, специјалист по хигиена и здравствена екологија – Раководител на Одделение за безбедност на вода, санитација на животна средина и здравствена екотоксикологија

Контакт телефон: 02 3125 044 (локал 55)

Електронска поштаzdravjeizivotnasredina@iph.mk

Работно време: Секој работен ден: од 07:30 до 15:30

Прием на примероци вода: од 08:00 до 14:00