Одредување на радиоактивност во животна средина преку радиоаналитички методи за квалитативно и квантитативно определување на содржината на радиоактивни елементи во:
Определувањето се врши преку одредување на вкупната алфа и бета активност, гама спектрометриска анализа со висока резолуција и сцинтилациона метода за алфа и бета емитери.
Oдредување на концентрацијата на радиоактивните инертни гасови, Радон (222Rn) и Торон(220 Rn) во животната средина, живеалишта, училишта, градинки, бањи, рудници и други објекти, преку активна и пасивна метода на мерење како и процена на изложеност во соогласност со важечките законски прописи.
Автоматски мониторинг за надворешно гама зрачење и мерење на радиоактивноста во воздухот.
Континуитрано следење преку одредување на aмбитален дозен еквивалент H*(10) кој ни укажува за степенот на радиактивноста во воздухот на делови од територијата на РСМ добиен како резулатат од направени on-line мерења од 8 мониторинг станици. (линк).