Епидемија на листериоза (Listeriosis) поврзана со меѓународно
дистрибуиран смрзнат зеленчук од Унгарија во Европскиот регион

Резиме на состојбата
Од 2015 година, епидемијата на инвазивна Listeria monocytogenes (L. monocytogenes) е во тек
во пет земји-членки на Европската унија (ЕУ) (Австрија, Данска, Финска, Шведска и
Обединетото Кралство). Заклучно со 15 јуни 2018 година, пријавени се 47 случаи, вклучувајќи
девет смртни случаи (стапка на смртност од 19%). Оваа појава е епидемиолошки потврдена со
секвенционирање на целиот геном (WGS) на бактеријата изолирана од замрзната пченка
производ на една фабрика во Унгарија. Еден случај на листериоза, за кој се покажа дека е
поврзан со сегашниот тип на епидемија, исто така е идентификувана во Австралија и пријавена
до СЗО на 12 јули 2018 година.
Суспектната замрзната пченка и замрзнат зеленчук, произведени во фабриката во Унгарија,
биле извезени од Унгарија во земји надвор од ЕУ. Освен тоа, замрзнатите пченка и замрзнат
зеленчук се дистрибуирани од Унгарија до неколку земји-членки на ЕУ, а потоа се
дистрибуирани и во други земји.
Според Европската Агенција за безбедност на храната (EFSA), секвенционирањето на цел
геном се користи за да се идентификува контаминираната храна, за која првично мислеле дека
е замрзната пченка. Но, истите соеви на L. monocytogenes се откриени во замрзнат зеленчук,
произведен од истата унгарска компанија во 2016, 2017 и 2018 година. Ова укажува на тоа дека
бактеријата опстанала и се размножува во преработувачката фабрика и покрај постапките за
чистење и дезинфекција кои биле спроведени. Достапните информации ја потврдуваат
контаминацијата во унгарската фабрика. Сепак, потребни се понатамошни испитувања,
вклучувајќи темелно земање мостри и тестирање, за да се идентификуваат точните точки на
загадување на животната средина во унгарската фабрика. Истата препорака се однесува и на
други компании кои припаѓаат на истата комерцијална група, ако се открие контаминација на
животната средина.
Јавно здравствен одговор
На 29 јуни 2018 година, унгарската канцеларија за безбедност на синџирот на храна ја
забранила продажбата на сите замрзнати зеленчукови и замрзнати мешани растителни
производи произведени од засегнатата фабрика помеѓу август 2016 и јуни 2018 година, и
нареди нивно итно повлекување и отповикување. Оваа последна мерка најверојатно ќе
придонесе за намалување на ризикот од инфекции кај луѓето и ќе ја спречи појавата на
болеста. Целата програма за замрзнати производи во фабриката е запрена.
Почнувајќи од 17 јули 2018 година, повлечените лотови на замрзната пченка и замрзнати
зеленчуци се извезувале во следните сто и седум (107) земји и територии (вклучувајќи ги и
Унгарија): Албанија, Авганистан, Алжир, Ангола, Аргентина, Австралија, Австрија , Азербејџан,
Бахреин, Белорусија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бразил, Брунеј Дарусалам, Бугарија,
Камерун, Канада, Зеленортски Острови, Централна Африканска Република, Чад, Чиле,
Колумбија, Брегот на слоновата коска, Хрватска, Куба, Кипар, Чешка Еквадор, Египет, Естонија,
Фолкландските Острови (Велика Британија), Финска, Франција, Гамбија, Германија, Грузија,
Гана, Грција, Гвинеја, Хаити, Хонг Конг САР (Кина), Демократска Република Конго, Литванија,
Луксембург, Малезија, Малдиви, Мали, Малта, Мавританија, Мексико, Црна Гора, Мароко,
Науру, Холандија, Нов Зеланд, Нигерија, Оман, Панама, Папуа Нова Гвинеја, Перу, С. Сирија,
Сенегал, Сирија, Сиера Леоне, Сингапур, Словачка, Словенија, Јужна Африка, Јужна Кореја,
Шри Ланка, Шведска, Швајцарија, Шпанија, Тајланд, Тонга, Тунис, Турција, Украина,
Обединетите Арапски Емирати, Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави,
Уругвај, Ватикан и Виетнам.
Процена на ризик
Листериозата од болест која настанува преку консумација на храна загадена со бактеријата
Listeria monocytogenes. Високата стапка на смрт поврзана со оваа инфекција ја прави
загрижувачка за јавното здравје.

Инвазивната листериоза е потешка форма на болеста и се јавува кај одредени групи од
населението со висок ризик, а тоа се бремени жени, стари лица и доенчиња, лица со намален
имунитет како пациенти подложени на цитостатска терапија, СИДА и трансплантација на
органи,. Оваа форма на болест се карактеризира со тешки симптоми и висока стапка на
морталитет (20% -30%). Симптомите вклучуваат треска, мијалгија (мускулна болка),
септикемија, менингитис. Периодот на инкубација обично е една до две недели, но може да
варира помеѓу неколку дена и до 90 дена.
Замрзнатите производи од зеленчук генерално се консумираат по термичка обработка, како
што е готвењето, кое ја убива L. monocytogenes. Сепак, не е невообичаено да се консумираат
замрзнати зеленчуци без понатамошен третман (во салати, слатки итн.), со што се зголемува
ризикот од појава на листериоза кај консументите. Затоа правилно готвење на замрзнатиот
зеленчук пред консумација е докажано дека ја убива L. monocytogenes и се препорачува.
Количеството на отповикани производи и сложеноста на дистрибутивниот синџир го
зголемуваат ризикот за јавното здравје. И покрај повлекувањето и отповикувањето на
сите замрзнати зеленчукови и замрзнати мешани растителни производи произведени во
унгарската фабрика помеѓу август 2016 и јуни 2018, ризикот за јавното здравје постои
заради долгиот период на присуство на пазарот. Ризикот дополнително се зголемува
заради тоа што истите производи можеби се наоѓаат во домовите на потрошувачите
купени пред повлекувањето на проиводите. Консумацијата на овие производи без
претходна термичка обработка – готвење претставува ризик за ризичните групи кои ги
конзумираат производите.
Информацијата е споделена од страна на ИНФОСАН глобална мрежа за размена на
информации за небезбедна храна и епидемии поврзани со храната, потврдена со
експерстки мислења од ЕЦДЦ и ЕФСА.