Информираме дека Министерството за здравство и останатите институции успешно се справуваат со настанатата состојба по интензивните врнежи и поплави (буични поплави/flash flood) 33/л/м2 за 30 минути, а за наредните 2 часа/93 л/м2 во Скопскиот регион.

Во Тетовскиот регион имаше врнежи околу 34 л/м2/24 часа (нема починати и нема оштетени куќи, само оштетени патишта и улици).

Најголемите последици се во Скопскиот регион во населба Ченто (подруми), с.Сингелич (3000 население/70% загрозено), село Стајковци (3500 население/960 куќи/70% загрозено), с.Смилковци (345 население/100 куќи/70% загрозено), с.Црешево (1278 население/350 куќи/70% загрозено) и с.Арачиново (11600/30 куќи/300 лица загрозени).

  • од Скопскиот регион починати се 21 лице (удавени), 6 исчезнати, медицинска помош побарале над 70 лица, 45 лица се префрлени од ИМП во болниците во сабота/недела (06/07 август 2016 година), на истите им е укажана медицинска помош.
  • се работи на расчистување на теренот и исцрпување на водата од поплавените подрачја.
  • евакуирани се над 1000 лица од настраданото население во прифатните пунктови за настраданото население во ОУ „25 Мај“ во н.Ченто и ОУ „Наум Наумовски Борче“ и другите по нивни роднини.
  • обезбеден е собирен пункт за складирање и дистрибуција на храна, вода, облека, ќебиња, медицински материјали, лекови во сите загрозени населени места.
  • забранета е водата за пиење во овие региони.
  • обезбедена е безбедна вода за пиење од цистерни и пакувана (флаширана вода).
  • известено е населението со основни препораки за пиење на безбедна вода, хигиена на раце, одбегнување на консумирање зеленчук од поплавени подрачја, хигиена на исхрана.
  • известено е населението во случај на здравствени проблеми особено појава на пролив и повраќање да побара медицинска помош во најблиска здравстена установа.
  • Центрите за јавно здравје и здравствените установи се во мобилна состојба.
  • Институтот за јавно здравје на РМ и Центарот за јавно здравје Скопје зедоа примероци вода за пиење за бактериолошка и основна физичко-хемиска анализа од загрозените подрачја во Скопје, а ЦЈЗ Тетово во Тетовскиот регион.
  • по смирување на состојбата ќе следат мерки за санација (механичко чистење на површините и објектите, и дезинфекција/дезинсекција на површини).
  • Кризниот Штаб е во постојано заседавање, како и Владата.
  • во моментот нема појава на заразни или други заболувања.
  • од страна на Владата прогласена е кризна состојба во траење од 15 дена (од 07-22.08.2016 година).

 

флаер за поплави

флаер за поплави алб.