Во периодот од 19.10-01.11.2019 година, регистриран е еден нов случај на мали сипаници.

Се работи за невакцинирано дете од возрасната група од 1-4г, од Скопје.

Случајот е лабораториски потврден. Не е најдена епидемиолошка врска со друго заболено лице.

Заклучно со 01.11.2019 година, вкупниот број на регистрирани случаи на мали сипаници во републиката изнесува  1.901, со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители.

Сéуште е во тек епидемија на мали сипаници на цела територија на Македонија.

Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin, кој циркулира и во соседните држави.

Во тек на 42-ра и 43-та недела во државата вакцинирани се вкупно 1.123 деца (од предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 42.746 (во прикажаниот вкупен број на вакцинирани се вклучени и пропуштените и редовно вакцинираните деца со МРП вакцина).

Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.295 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% кај здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, а останатите се контакти на заболени и лица над 14 годишна возраст.

 

 

 

 

Сектор за контрола и превенција на заразни болести

ИЈЗ Скопје

01.11.2019