Лицата кои патуваат во Афричките земји каде се регистрирани случаи на заболување или епидемија на мајмунски сипаници*, треба да бидат свесни дека постои ризик за заболување и да ги практикуваат следните превентивни мерки:
За избегнување на ризикот на пренос од животно на човек
- Да се избегнува контакт со диви животни (мајмуни, глодари) и изложување на нивна крв или месо, особено при процедури на колење.
- Да се консумира само термички добро обработено месо од диви животни.
- Лицата кои професионално е можно да имаат контакт со заболени диви животни или нивни органи и ткива, да користат соодветна заштитна опрема (ракавици, маски очила, мантили, престилки, обувки).
За избегнување на ризикот на пренос од човек на човек
- Да се избегнува близок физички контакт со лица кои имаат или се сомнителни на мајмунски сипаници (види подолу), како и контакт со нивни телесни течности и предмети од околината.
- Регуларно миење на раце после контакт/посета на болен човек.
- Доколку е неизбежен контакт со болен човек, да се носат маски, ракавици и друга заштитна опрема
Симптоми и знаци на мајмунска сипаница: треска, главоболка, оток на лимфни јазли, болки во грбот, болка во мускули, слабост и истоштеност, исип на лице и тело – најмногу на дланките и стапалата. Исипот поминува низ неколку фази и може да биде во вид на црвени ситни зрнца, меурчиња, гнојници и красти.
За сите дополнителни информации пред патувањето, може да се побара совет во надлежниот Центар за јавно здравје.
*Земји во Африка каде се регистрира заболувањето мајмунска сипаница:
- Нигерија
- Центално Африканска Република
- Камерун
- Демократска Република Конго
- Либерија
- Сиера Леоне
Прилог: Флаер – Информации за население – како да се заштитите од мајмунска сипаница (PDF)