Светскиот ден на борбата против ракот 2020

Светскиот ден на борбата против ракот се забележува  на 4 февруари, основан од страна на Унијата за Меѓународна контрола на рак. Институт за јавно здравје редовно објавува бројки за
 малигни неоплазми, кои се втора причина за смрт и  има  големо влијание врз општеството кај нас и низ целиот свет.
Статистичките податоци  за малигни неоплазми се  важни показатели за  состојбите и товарот со оваа болест  врз општеството.
Статистичките податоци  се прикажани во однос на дистрибуција на оваа болест, колку луѓе се дијагностицираат и умираат од карцином секоја година, бројот на луѓе кои во моментот живеат по дијагностицирање на карцином, просечна возраст на дијагностицирање, разликите помеѓу групите дефинирани според возраста, полот, географската локација и другите категории.