Информираме дека Министерството за здравство и релевантните јавни здравствени установи ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Македонија и ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, како и од ЈП Водовод и канализација – Скопје од Центарот за санитарна контрола извршија санитарно-хигиенски увиди на загрозеното подрачје од поплавата во Скопскиот регион (н.Ченто, н.Сингелиќ-Економија, с.Сингелиќ, с.Црешево, с.Стајковци и с.Смилковци).

Притоа од 07.08.2016 година до денес е извршена серија лабораториски испитувања на водата за пиење во акредитираните лаборатории (согласно ISO 17025) од горе наведените институции. Согласно бактериолошката и физичко-хемиската анализа на земените примероци хлорирана вода за пиење од различни мерни места на водоводната мрежа во повеќе денови сите резултати од испитаните примероци вода за пиење се ИСПРАВНИ.

ЈП Водовод и канализација – Скопје не информираше дека водоводната мрежа е интактна, односно притисокот на водата во водоводната мрежа е во границите на дозволеното.

Согласно со горе наведеното го известуваме населението од загрозеното подрачје во Скопскиот регион (н.Ченто, н.Сингелиќ-Економија, с.Сингелиќ, с.Црешево, с.Стајковци и с.Смилковци) дека водата за пиење од водоводната мрежа со која управува и редовно ја одржува и контролира ЈП Водовод и канализација – Скопје е БЕЗБЕДНА  и може да се користи за пиење.

Остануваат основните препораки за пиење на безбедна вода, хигиена на раце, одбегнување на консумирање зеленчук и згадаена храна од поплавените подрачја, хигиена на исхрана, како и во случај на здравствени проблеми особено појава на пролив и повраќање, и/или кожни промени да побараат медицинска помош во најблиска здравствена установа.

Јавните здравствените установи се во мобилна состојба.

Во моментот нема појава на заразни или други заболувања.

 

11.08.2016 година                                                     Проф. д-р Михаил Кочубовски

С к о п ј е                                           Раководител на Сектор за здравствена екологија

      Институт за јавно здравје на Република Македонија