СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 11.06.2020

Тестирани се вкупно 1.045 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 163 нови позитивни случаи од 17 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (52,8%).

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 11.06.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 86* 1
Куманово 23 0
Тетово 17 1
Охрид 9 0
Струга 5 0
Штип 5 0
Дебар 3 0
Прилеп 3 0
Свети Николе 2 0
Гостивар 2 0
Ресен 2 0
Гевгелија 1 0
Крива Паланка 1 0
Кочани 1 0
Македонски Брод 1 0
Валандово 1 0
Неготино 1 0
Вкупно 163 2

 

*21 лице од Скопје сѐ уште се истражува

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група над 60 години со 38 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 83 лица од женски и 80 од машки пол.

Од епидемиолошки обработените случаи (n=142), регистрирани се 18 хоспитализирани, а кај 43 лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од обработените нови случаи, 54 (33,1%) имаат контакт со потврден случај, а регистриран е еден импортиран случај.

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 12 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Регистрирани се 2 смртни случаи, од Скопје и Тетово. Случаите биле на возраст од 53 и 60 години. Имале симптоми и биле хоспитализирани. Кај еден од случаите се регистрирани пропратни коморбидитети, а двата случаи немале контакт со потврден случај во државата.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 11.06.2020, пријавени се вкупно 3.700 случаи на COVID-19 (I=178,1/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 32 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Штип, Прилеп, Велес и Струга, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Прилеп, Велес, Дебар и Тетово. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 3.700 178,1 171 8,2 4,6%
Скопје 1677 271,5 47 7,6 2,8%
Куманово 619 433,8 27 18,9 4,4%
Тетово 335 167,7 27 13,5 8,1%
Штип 232 440,5 3 5,7 1,3%
Прилеп 226 237,1 18 18,9 8,0%
Велес 149 224,9 10 15,1 6,7%
Струга 115 169,5 23 33,9 20,0%
Дебар 56 201,8 4 14,4 7,1%
Гостивар 56 46,8 4 3,3 7,1%
Охрид 55 98,0 0 0,0 0,0%
Кочани 54 112,6 2 4,2 3,7%
Битола 30 29,4 2 2,0 6,7%
Неготино* 17 72,4 0 0,0 0,0%
Пробиштип 11 71,9 0 0,0 0,0%
Крива Паланка 8 33,4 0 0,0 0,0%
Струмица 7 7,4 1 1,1 14,3%
Гевгелија 7 20,4 0 0,0 0,0%
Свети Николе 7 34,1 0 0,0 0,0%
Кавадарци 6 13,9 1 2,3 16,7%
Радовиш 4 12,3 0 0,0 0,0%
Валандово 4 33,8 0 0,0 0,0%
Крушево 3 31,5 1 10,5 33,3%
Македонски Брод 3 26,8 0 0,0 0,0%
Пехчево 3 60,1 0 0,0 0,0%
Виница 3 15,4 0 0,0 0,0%
Кратово 3 31,4 0 0,0 0,0%
Кичево 3 5,2 0 0,0 0,0%
Ресен 3 18,3 0 0,0 0,0%
Берово 2 15,4 0 0,0 0,0%
Делчево 1 4,2 1 4,2 100,0%
Демир Хисар 1 11,9 0 0,0 0,0%

*девет лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 440,5 заболени на 100.000 жители, Куманово (433,8/100.000), Скопје (271,5/100.000), Прилеп (237,1/100.000), Велес (224,9/100.000) и Дебар (201,8/100.000), додека инциденца со над 100 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Струга, Тетово и Кочани (Табела 2).

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.806 машки и 1.894 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 174,2/100.000, додека кај женските 183,4/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 44,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 757 (20,5%) со инциденца од 197,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 251,0/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (698 заболени). Најниска инциденца од 81,7 и 76,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 187 односно 192 случаи (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=3.700)

graf1.11.6

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=180) е регистриран на 04.06.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=3.700)

graf2.11.6

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на случаи се регистрирани во тек на 23-тата недела (n=837) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 23/2020 година (n=3.152)

graf3.11.6

Регистрирани се 171 смртен случај (Лт = 4,6%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 13.04.2020 година (n=9), а според недела на пријавување во тек на 22-рата недела (n=23) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=113) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 29,5/100.000 жители. Регистрирани се 112 смртни случаи кај лица од машки и 59 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 131 (76,6%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=95), дијабет (n=40) и белодробна болест (n=34). Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (5,3%) од пријавените починале во вонболнички услови, а останатите 162 (94,7%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=171)

graf4.11.6

Од епидемиолошки обработените случаи (n=3.660), 105 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 11.06.2020. Вкупно 2.066 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 11.06.2020 тестирани се вкупно 41.049 материјали (детектирани 3.700 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Со ова во Р. С. Македонија се направени 19.838 тестови на 1.000.000 жители.

 

Според исходот од заболувањето, 1.835 лица (49,6%) се активни случаи, 1.694 случаи (45,8%) се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 3, Графикон 5).

Регистрирани се вкупно 371 заболен здравствен работник во текот на епидемијата, од кои 249 се оздравени.

Табела 3. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=3.700)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 1.041 589 47 1.677
Куманово 201 391 27 619
Тетово 164 144 27 335
Штип 192 37 3 232
Прилеп 25 183 18 226
Велес 28 111 10 149
Струга 39 53 23 115
Дебар 5 47 4 56
Гостивар 33 19 4 56
Охрид 38 17 55
Кочани 23 29 2 54
Битола 3 25 2 30
Пробиштип 9 2 11
Демир Капија 2 7 9
Неготино 6 2 8
Крива Паланка 2 6 8
Струмица 4 2 1 7
Свети Николе 6 1 7
Гевгелија 3 4 7
Кавадарци 1 4 1 6
Валандово 3 1 4
Радовиш 4 4
Македонски Брод 1 2 3
Крушево 2 1 3
Виница 3 3
Кратово 1 2 3
Ресен 3 3
Пехчево 3 3
Кичево 1 2 3
Берово 1 1 2
Делчево 1 1
Демир Хисар 1 1
ВКУПНО 1.835 1.694 171 3.700

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=3.700)

graf5.11.6

 

На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата, согласно епидемиолошки обработените податоци.

 

 

 

 

 

 

Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје и Тетово (n=1.205)

Град/ општина Активни случаи
Скопје 1.041
Чаир 259
Аеродром 98
Бутел 98
Гази Баба 95
Центар 94
Сарај 83
Карпош 83
Кисела Вода 56
Ѓорче Петров 43
Студеничани 35
Шуто Оризари 30
Арачиново 29
Илинден 20
Петровец 7
Чучер Сандево 6
Сопиште 3
странец 2
Тетово 164
Тетово 107
Теарце 24
Боговиње 13
Јегуновце 9
Брвеница 6
Желино 5

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Штип е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во странство или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 11.06.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје