СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 29.06-05.07.2020

Тестирани се вкупно 8.422 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 917 нови позитивни случаи од 25 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=421; 45,9%) и Тетово (n=94; 10,3%).

 

Табела 1.  Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 29.06-05.07.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 421 26
Тетово 94 4
Штип 60 1
Куманово 51 4
Струга 50 4
Гостивар 44 2
Охрид 38 1
Прилеп 23 1
Ресен 22
Свети Николе 19
Кичево 18
Дебар 18
Велес 12
Битола 12
Пробиштип 11
Кавадарци 6
Кочани 6
Гевгелија 2
Крива Паланка 2
Македонски Брод 2
Струмица 2
Виница 1
Крушево 1 1
Кратово 1
Берово 1 1
Неготино 0 1
Вкупно 917 46

                         

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 210 (22,9%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 50-59 (n=182; 19,8%), 30-39 години (n=168; 18,3%) и од 40-49 (n=159; 17,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=28; 3,1%) и 10-19 години (n=38; 4,1%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 406 (44,3%) лица од женски и 511 (55,7%) од машки пол.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=837; 91,3%), регистрирани се 112 (13,4%) хоспитализирани, а кај 209 (25,0%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 312 (37,3%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 14 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 613 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 46 смртни случаи од 11 градови (Табела 1). Најголем дел од случаите се на возраст над 60 години (n=31; 67,4%). Од починатите, 44 биле хоспитализирани, а 2 починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 38 починати лица.

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 05.07.2020, пријавени се вкупно 7.124 случаи на COVID-19 (I=342,9/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 32 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово и Тетово, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово и Тетово. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 7.124 342,9 346 16,7 4,9%
Скопје 3424 554.4 137 22.2 4.0%
Куманово 801 561.4 42 29.4 5.2%
Тетово 775 388.0 56 28.0 7.2%
Штип 390 740.4 8 15.2 2.1%
Прилеп 281 294.8 20 21.0 7.1%
Струга 268 395.0 33 48.6 12.3%
Охрид 205 365.4 5 8.9 2.4%
Велес 196 295.8 13 19.6 6.6%
Гостивар 161 134.4 12 10.0 7.5%
Ресен 122 746.1 3 18.3 2.5%
Дебар 110 396.3 4 14.4 3.6%
Кочани 75 156.3 3 6.3 4.0%
Битола 62 60.8 2 2.0 3.2%
Кичево 48 84.0 1 1.7 2.1%
Свети Николе 46 224.3 0 0.0 0.0%
Пробиштип 28 183.0 0 0.0 0.0%
Неготино* 21 89.5 1 4.3 4.8%
Кавадарци 21 48.8 1 2.3 4.8%
Струмица 17 17.9 1 1.1 5.9%
Крива Паланка 17 71.1 0 0.0 0.0%
Гевгелија** 12 34.9 0 0.0 0.0%
Крушево 7 73.5 2 21.0 28.6%
Македонски Брод 6 53.6 0 0.0 0.0%
Пехчево 6 120.2 0 0.0 0.0%
Валандово 6 50.6 0 0.0 0.0%
Кратово 5 52.3 0 0.0 0.0%
Радовиш 4 12.3 0 0.0 0.0%
Виница 4 20.6 0 0.0 0.0%
Берово 3 23.1 1 7.7 33.3%
Демир Хисар 2 23.9 0 0.0 0.0%
Делчево 1 4.2 1 4.2 100.0%

*10 лица се жители на Демир Капија  **2 лица се жители на Богданци

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Ресен со 746,1 заболени и Штип со 740,4 на 100.000 жители, Куманово (561,4/100.000), Скопје (554,4/100.000), Дебар (396,3/100.000), Струга (395,0/100.000), Тетово (388,0/100.000) и Охрид (365,4/100.000), додека инциденца со над 150 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Велес, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Кочани (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

Kartogram 1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 3.597 машки и 3.527 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 347,0/100.000, додека кај женските 341,5/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 97 години (просек – 44,5 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 1.595 (22,4%) со инциденца од 416,1/100.000, а највисока специфична инциденца од 488,0/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (1.357 заболени). Најниска инциденца од 135,4 и 128,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 310 и 322 случаи соодветно (Графикон 1).

 

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=7.124)

grafikon 1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=196) е регистриран на 13.06.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=7.124)

Grafikon 2

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 25-тата недела (n=1.035) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=7.124)

grafikon 3

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=6.987; 98,1%), 19,9% (n=1.391) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Битола и Штип, Општи болници Прилеп, Куманово, Велес, Струмица и Гостивар), моментално се хоспитализирани 380 лица, а од нив 155 се на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,0%), кашлица (43,0%), малаксаност (41,9%), треска (14,8%), главоболка (13,5%), болка во грло (13,2%) и отежнато дишење (12,6%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=6.987; 98,1%), кај 2.071 или 29,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 1.327 или 64,1% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=6.987; 98,1%), пријавен е 71 (1,0%) случај кај бремени жени, од кои 17 биле хоспитализирани во текот на болеста. Триесет и два од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=6.987; 98,1%), кај 2.125 (30,4%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 1.450 лица имаат кардиоваскуларна болест, 614 дијабет, 290 се со хронична белодробна болест и 401 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 833 (59,9%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=6.987; 98,1%), регистрирани се 566 (8,1%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 346 смртни случаи (Лт = 4,9%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и на 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=246) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 61,6/100.000 жители. Регистрирани се 221 смртни случаи кај лица од машки и 125 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 279 (80,6%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=217), дијабет (n=97) и белодробна болест (n=53). Регистрирани се по два смртни случаи кај бремени жени и кај здравствени работници.

 

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=346)

grafikon 4

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=6.987; 98,1%), 137 (2,0%) се импортирани, од нив пет лица се детектирани на точка на влез, а последниот импортиран случај е регистриран на 04.07.2020. Вкупно 3.374 лица (48,3%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 05.07.2020 тестирани се вкупно 68.055 материјали (детектирани 7.124 позитивни лица, 4 од нив докажани во странство) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 32.892 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=68.055)*

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
Сите лаборатории 68.055 7.124* 4.982 24 63.077 7.100
ИЈЗ – Вирусологија 35.995 4.178 3.226 22 32.769 4.156
ЦЈЗ Скопје 776 150 0 0 776 150
Авицена 3.838 482 0 0 3.838 482
Биотек 5.535 301 0 0 5.535 301
Жан Митрев Клиника 9.063 638 0 0 9.063 638
Систина 5.391 317 0 0 5.391 317
Лаор 20 7 0 0 20 7
МАНУ 6.235 899 1.756 2 4.479 897
Ветеринарен Факултет 755 81 0 0 755 81
Судска медицина 125 3 0 0 125 3
ЦЈЗ Битола 322 64 0 0 322 64

      *4 случаи докажани во странство

Според исходот од заболувањето, 3.579 лица (50,2%) се активни случаи, 3.199 случаи (44,9%) се водат како оздравени (349 од нив се здравствени работници и 32 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5).

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=7.124)

grafikon 5

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=7.124)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 1962 1325 137 3424
Куманово 194 565 42 801
Тетово 391 328 56 775
Штип 157 225 8 390
Прилеп 51 210 20 281
Струга 169 66 33 268
Охрид 176 24 5 205
Велес 42 141 13 196
Гостивар 93 56 12 161
Ресен 85 34 3 122
Дебар 58 48 4 110
Кочани 22 50 3 75
Битола 23 37 2 62
Кичево 39 8 1 48
Свети Николе 41 5 46
Пробиштип 17 11 28
Кавадарци 15 5 1 21
Струмица 10 6 1 17
Крива Паланка 11 6 17
Гевгелија* 3 9 12
Неготино 4 6 1 11
Демир Капија 1 9 10
Крушево 3 2 2 7
Пехчево 3 3 6
Валандово 1 5 6
Македонски Брод 4 2 6
Кратово 2 3 5
Виница 1 3 4
Радовиш 4 4
Берово 2 1 3
Демир Хисар 1 1 2
Делчево 1 1
ВКУПНО 3.579 3.199 346 7.124

*2 лица се жители на Богданци

 

На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје и Тетово (n=2.353)

Град/ општина Активни случаи
Скопје 1.962
Чаир 401
Гази Баба 201
Бутел 172
Карпош 166
Аеродром 156
Сарај 149
Центар 149
Ѓорче Петров 115
Кисела Вода 111
Студеничани 107
Шуто Оризари 94
Арачиново 51
Илинден 35
Чучер Сандево 18
Петровец 18
Сопиште 9
Зелениково 8
странец 2
Тетово 391
Тетово 252
Желино 43
Јегуновце 30
Брвеница 24
Боговиње 21
Теарце 21

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Штип, Ресен, Куманово и Струга се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 05.07.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 11.327.790

Број на смртни случаи на глобално ниво – 532.340

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 5.820.840
    • Смртни случаи – 265.024
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 2.791.160
    • Смртни случаи – 200.238
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.170.720
    • Смртни случаи – 27.566
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 947.519
    • Смртни случаи – 25.036
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 369.928
    • Смртни случаи – 6.974
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 226.882
    • Смртни случаи – 7.489

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

Скопје, 06.07.2020          

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје