СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 20-26.07.2020

Тестирани се вкупно 9.563 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 956 нови позитивни случаи од 29 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=357; 37,3%) и Штип (n=154; 16,1%).

 

Табела 1.  Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 20-26.07.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 357 15
Штип 154 1
Гостивар 86 3
Куманово 79 4
Струга 46 3
Тетово 46 1
Битола 27  
Кичево 20 2
Дебар 19 1
Кавадарци 19  
Свети Николе 17  
Охрид 17  
Прилеп 12  
Демир Хисар 9  
Кочани 7  
Струмица 6 1
Велес 6  
Македонски Брод 6  
Пробиштип 4  
Македонска Каменица 4  
Ресен 3  
Виница 3  
Радовиш 2 1
Крушево 2  
Богданци 1  
Вкупно 956 32

 

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица од 50-59 години со 213 (22,3%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст над 60 (n=187; 19,6%) и 40-49 (n=187; 19,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=25; 2,6%) и 10-19 години (n=45; 4,7%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 483 (50,5%) лица од женски и 473 (49,5%) од машки пол.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=896; 93,7%), регистрирани се 127 (14,2%) хоспитализирани, а кај 279 (31,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 398 (44,4%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 21 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 654 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 32 смртни случаи од 10 градови (Табела 1). Најголем дел од случаите се на возраст над 60 години (n=27; 84,4%). Од починатите, 29 биле хоспитализирани, а 3 починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 26 починати лица.

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 26.07.2020, пријавени се вкупно 10.213 случаи на COVID-19 (I=491,6/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово и Куманово, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Тетово, Куманово и Скопје. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 10.213 491,6 466 22,4 4,6%
Скопје 4660 754.5 192 31.1 4.1%
Тетово 998 499.6 71 35.5 7.1%
Куманово 991 694.5 50 35.0 5.0%
Штип 761 1444.8 12 22.8 1.6%
Струга 416 613.1 44 64.8 10.6%
Гостивар 385 321.4 23 19.2 6.0%
Прилеп 324 339.9 23 24.1 7.1%
Охрид 262 466.9 7 12.5 2.7%
Свети Николе 217 1057.9 0 0.0 0.0%
Велес 212 320.0 13 19.6 6.1%
Дебар 192 691.8 6 21.6 3.1%
Ресен 143 874.5 4 24.5 2.8%
Кичево 120 210.0 6 10.5 5.0%
Битола 116 113.8 2 2.0 1.7%
Кочани 95 198.0 3 6.3 3.2%
Кавадарци 48 111.5 1 2.3 2.1%
Пробиштип 48 313.7 0 0.0 0.0%
Струмица 35 37.0 3 3.2 8.6%
Радовиш 28 85.9 1 3.1 3.6%
Демир Хисар 24 286.5 0 0.0 0.0%
Неготино* 23 98.0 1 4.3 4.3%
Гевгелија** 22 64.0 0 0.0 0.0%
Крива Паланка 22 92.0 0 0.0 0.0%
Крушево 15 157.4 2 21.0 13.3%
Македонски Брод 15 134.0 0 0.0 0.0%
Кратово 13 135.9 0 0.0 0.0%
Виница 7 36.0 0 0.0 0.0%
Пехчево 6 120.2 0 0.0 0.0%
Валандово 6 50.6 0 0.0 0.0%
Делчево*** 5 20.8 1 4.2 20.0%
Берово 4 30.8 1 7.7 25.0%

*10 лица се од Демир Капија  **7 лица се од Дојран, 3 од Богданци ***4 случаи се од Македонска Каменица

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 1.444,8 заболени, Свети Николе со 1.057,9 на 100.000 жители, Ресен (874,5/100.000), Скопје (754,5/100.000), Куманово (694,5/100.000), Дебар (691,8/100.000), Струга (613,1/100.000), додека инциденца со над 250 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Тетово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Велес, Пробиштип и Демир Хисар (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

28.7.1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 5.069 машки и 5.144 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 489,0/100.000, додека кај женските 498,1/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 97 години (просек – 44,6 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 2.248 (22,0%) со инциденца од 586,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 714,6/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (1.987 заболени). Најниска инциденца од 173,4 и 175,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 397 и 439 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=10.213)

28.7.2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=243) е регистриран на 17.07.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=10.213)

28.7.3

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 28-мата недела (n=1.074) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=10.213)

28.7.4

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=10.064; 98,5%), 20,9% (n=2.103) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клинички болници Битола и Штип, ИБЗД Козле, Општи болници Прилеп, Куманово, Струмица, Велес и Гостивар), моментално се хоспитализирани 360 лица, а од нив 102 се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (63,9%), малаксаност (40,9%), кашлица (40,8%), болка во грло (14,5%), главоболка (14,5%), треска (13,0%) и отежнато дишење (11,7%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=10.064; 98,5%), кај 2.782 или 27,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 1.680 или 60,4% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=10.064; 98,5%), пријавени се 89 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 21 биле хоспитализирани во текот на болеста. Четириесет и еден од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=10.064; 98,5%), кај 3.029 (30,1%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 2.089 лица имаат кардиоваскуларна болест, 864 дијабет, 415 се со хронична белодробна болест и 537 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 1.239 (59,0%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=10.064; 98,5%), регистрирани се 671 (6,7%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 466 смртни случаи (Лт = 4,6%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=339) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 88,4/100.000 жители. Регистрирани се 296 смртни случаи кај лица од машки и 170 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 376 (80,7%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=290), дијабет (n=133) и белодробна болест (n=68). Регистрирани се два смртни случаи кај бремени жени и три смртни случаи кај здравствени работници. Дваесет и четири (5,2%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 442 (94,8%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=466)

28.7.5

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=10.064; 98,5%), 203 (2,0%) се импортирани, од нив две лица се детектирани на точка на влез, а последниот импортиран случај е регистриран на 26.07.2020. Вкупно 4.658 лица (46,3%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 26.07.2020 тестирани се вкупно 96.194 материјали (детектирани 10.213 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 46.489 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=96.194)*

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 96.194 10.213 4.982 24 91.212 10.189
ИЈЗ – Вирусологија 47.964 5.775 3.226 22 44.738 5.753
ЦЈЗ Скопје 1.191 171 0 0 1.191 171
Авицена 6.592 818 0 0 6.592 818
Биотек 7.751 448 0 0 7.751 448
Жан Митрев Клиника 13.019 983 0 0 13.019 983
Систина 8.425 484 0 0 8.425 484
Лаор 20 7 0 0 20 7
МАНУ 8.433 1.220 1.756 2 6.677 1.218
Ветеринарен Факултет 755 81 0 0 755 81
Судска медицина 264 6 0 0 264 6
ЦЈЗ Битола 1.251 176 0 0 1.251 176
КИБФС 391 29 0 0 391 29
ГАК 43 3 0 0 43 3

*6 лица се лабораториски потврдени во странство

Според исходот од заболувањето, 4.161 лица (40,7%) се активни случаи, 5.586 случаи (54,7%) се водат како оздравени (496 од нив се здравствени работници и 56 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 968 (17,3%) биле хоспитализирани додека останатите 4.618 (82,7%) биле на домашно лекување.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=10.213)

28.7.6

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=10.213)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 1855 2613 192 4660
Тетово 278 649 71 998
Куманово 284 657 50 991
Штип 409 340 12 761
Струга 206 166 44 416
Гостивар 234 128 23 385
Прилеп 53 248 23 324
Охрид 111 144 7 262
Свети Николе 189 28 217
Велес 20 179 13 212
Дебар 124 62 6 192
Ресен 39 100 4 143
Кичево 90 24 6 120
Битола 59 55 2 116
Кочани 23 69 3 95
Пробиштип 29 19 48
Кавадарци 31 16 1 48
Струмица 24 8 3 35
Радовиш 23 4 1 28
Демир Хисар 22 2 24
Крива Паланка 8 14 22
Македонски Брод 11 4 15
Крушево 9 4 2 15
Неготино 3 9 1 13
Кратово 8 5 13
Гевгелија 3 9 12
Демир Капија 10 10
Виница 3 4 7
Дојран 7 7
Валандово 6 6
Пехчево 6 6
Берово 1 2 1 4
Македонска Каменица 4 4
Богданци 1 2 3
Делчево 1 1
ВКУПНО 4.161 5.586 466 10.213

 

На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје, Тетово, Куманово и Штип (n=2.685)

Град/ општина Активни случаи Град/ општина Активни случаи
Скопје 1.855 Куманово 284
Чаир 260 Куманово 233
Аеродром 207 Липково 50
Гази Баба 193 Старо Нагоричане 1
Кисела Вода 181 Штип 409
Карпош 163 Штип 392
Центар 149 непознато 11
Бутел 128 Карбинци 6
Ѓорче Петров 128
Шуто Оризари 120
Сарај 105
Студеничани 93
Арачиново 36
Илинден 22
Сопиште 22
Петровец 19
Чучер Сандево 12
странец 8
Зелениково 7
непознато 2
Тетово 278
Тетово 205
Теарце 23
Желино 15
Јегуновце 12
Боговиње 12
Брвеница 11

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје, Тетово, Штип и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Гостивар, Свети Николе, Струга, Охрид, Кичево и Дебар се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 26.07.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 16.114.449

Број на смртни случаи на глобално ниво – 646.641

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 8.610.134
    • Смртни случаи – 337.439
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 3.234.043
    • Смртни случаи – 210.518
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 1.786.145
    • Смртни случаи – 40.615
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.482.315
    • Смртни случаи – 37.932
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 712.920
    • Смртни случаи –11.900
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 288.151
    • Смртни случаи – 8.224

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 27.07.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје