СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 27.07-02.08.2020

Тестирани се вкупно 9.709 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 912 нови позитивни случаи од 28 градови во државата (Табела 1), намалување од 4,6% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=254; 27,9%), Штип (n=111; 12,2%) и Гостивар (n=102; 11,2%).

 

Табела 1.  Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 27.07-02.08.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 254 11
Штип 111 3
Гостивар 102 1
Куманово 99 2
Тетово 58  
Кичево 55 3
Струга 41  
Битола 27 4
Кавадарци 25  
Македонски Брод 20 1
Виница 15  
Охрид 14  
Дебар 14 1
Велес 13  
Свети Николе 10  
Демир Хисар 10 1
Кочани 10 1
Прилеп 9 1
Пробиштип 5  
Берово 4  
Неготино 4  
Ресен 3  
Крива Паланка 3  
Струмица 2  
Кратово 1  
Крушево 1  
Радовиш 1  
Гевгелија 1  
Вкупно 912 29

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 209 (22,9%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=177; 19,4%), 40-49 (n=163; 17,9%) и 50-59 (n=162; 17,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=28; 3,1%) и 10-19 години (n=46; 5,0%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 431 (47,3%) лица од женски и 481 (52,7%) од машки пол.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=860; 94,3%), регистрирани се 136 (15,7%) хоспитализирани, а кај 277 (32,2%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 328 (38,1%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 21 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 1.032 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 29 смртни случаи од 11 градови (Табела 1), намалување од 14,7% во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите се на возраст над 60 години (n=22; 75,9%). Од починатите, 24 биле хоспитализирани, а 5 починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 23 починати лица.

 

 

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 02.08.2020, пријавени се вкупно 11.127 случаи на COVID-19 (I=535,6/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово и Тетово, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Тетово, Куманово и Скопје. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 11.127 535,6 501 24,1 4,5%
Скопје 4915 795,8 206 33,4 4,2%
Куманово 1090 763,9 52 36,4 4,8%
Тетово 1057 529,1 73 36,5 6,9%
Штип 872 1655,5 15 28,5 1,7%
Гостивар 487 406,6 25 20,9 5,1%
Струга 457 673,5 44 64,8 9,6%
Прилеп 333 349,4 24 25,2 7,2%
Охрид 276 491,9 7 12,5 2,5%
Свети Николе 227 1106,7 0 0,0 0,0%
Велес 225 339,6 13 19,6 5,8%
Дебар 206 742,2 7 25,2 3,4%
Кичево 175 306,2 9 15,7 5,1%
Ресен 146 892,9 4 24,5 2,7%
Битола 143 140,3 6 5,9 4,2%
Кочани 105 218,9 4 8,3 3,8%
Кавадарци 73 169,6 1 2,3 1,4%
Пробиштип 53 346,4 0 0,0 0,0%
Струмица 37 39,1 3 3,2 8,1%
Македонски Брод 35 312,6 1 8,9 2,9%
Демир Хисар 34 405,9 1 11,9 2,9%
Радовиш 29 88,9 1 3,1 3,4%
Неготино* 27 115,0 1 4,3 3,7%
Крива Паланка 25 104,5 0 0,0 0,0%
Гевгелија** 23 66,9 0 0,0 0,0%
Виница 22 113,2 0 0,0 0,0%
Крушево 16 167,9 2 21,0 12,5%
Кратово 14 146,3 0 0,0 0,0%
Берово 8 61,5 1 7,7 12,5%
Пехчево 6 120,2 0 0,0 0,0%
Валандово 6 50,6 0 0,0 0,0%
Делчево*** 5 20,8 1 4,2 20,0%

*10 лица се од Демир Капија  **7 лица се од Дојран, 3 од Богданци ***4 случаи се од Македонска Каменица

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип (1.655,5/100.000), Свети Николе со 1.106,7 на 100.000 жители, Ресен (892,9/100.000), Скопје (795,8/100.000), Куманово (763,9/100.000), Дебар (742,2/100.000), Струга (673,5/100.000) и Тетово (529,1/100.000), додека инциденца со над 250 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Охрид, Гостивар, Демир Хисар, Прилеп, Пробиштип, Велес, Македонски Брод и Кичево (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

3.8.1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 5.549 машки и 5.578 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 535,4/100.000, додека кај женските 540,2/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 97 години (просек – 44,7 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 2.457 (22,1%) со инциденца од 641,0/100.000, а највисока специфична инциденца од 773,2/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (2.150 заболени). Најниска инциденца од 185,7 и 193,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 425 и 485 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=11.127)

3.8.2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=243) е регистриран на 17.07.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=11.127)

3.8.3

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 28-мата недела (n=1.074) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=11.127)

3.8.4

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), 20,8% (n=2.285) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клинички болници Битола и Штип, ИБЗД Козле, Општи болници Прилеп, Куманово, Струмица, Велес), моментално се хоспитализирани 338 лица, а од нив 109 се на кислородна поддршка и 12 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,0%), малаксаност (41,1%), кашлица (40,2%), болка во грло (14,8%), главоболка (14,5%), треска (12,8%), отежнато дишење (11,3%) и ослабен осет за мирис и/или вкус (10,1%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), кај 2.979 или 27,1% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 1.775 или 59,6% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), пријавен е 101 (0,9%) случај кај бремени жени, од кои 25 биле хоспитализирани во текот на болеста. Четириесет и седум од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), кај 3.324 (30,2%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 2.307 лица имаат кардиоваскуларна болест, 938 дијабет, 468 се со хронична белодробна болест и 600 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 1.339 (58,7%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), регистрирани се 718 (6,5%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистриран е 501 смртен случај (Лт = 4,5%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=367) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 95,8/100.000 жители. Регистрирани се 319 смртни случаи кај лица од машки и 182 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 404 (80,6%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=306), дијабет (n=142) и белодробна болест (n=74). Регистрирани се два смртни случаи кај бремени жени и четири смртни случаи кај здравствени работници. Дваесет и седум (5,4%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 474 (94,6%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=501)

3.8.5

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), 226 (2,1%) се импортирани, од нив 8 лица се детектирани на точка на влез, а последниот импортиран случај е регистриран на 01.08.2020. Вкупно 5.019 лица (45,6%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 02.08.2020 тестирани се вкупно 106.047 материјали (детектирани 11.127 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 51.251 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=106.047)*

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 106.047 11.127 4.982 24 101.065 11.103
ИЈЗ – Вирусологија 52.521 6.259 3.226 22 49.295 6.237
ЦЈЗ Скопје 1.357 182 0 0 1357 182
Авицена 7.440 874 0 0 7.440 874
Биотек 8.466 476 0 0 8466 476
Жан Митрев Клиника 14.199 1.070 0 0 14.199 1.070
Систина 9.452 538 0 0 9.452 538
Лаор 124 25 0 0 124 25
МАНУ 9.013 1.310 1.756 2 7.257 1.308
Ветеринарен Факултет 755 81 0 0 755 81
Судска медицина 306 7 0 0 306 7
ЦЈЗ Битола 1.620 245 0 0 1.620 245
КИБФС 485 43 0 0 485 43
ГАК 303 11 0 0 303 11

*6 лица се лабораториски потврдени во странство

Според исходот од заболувањето, 3.646 лица (32,8%) се активни случаи, 6.980 случаи (62,7%) се водат како оздравени (570 од нив се здравствени работници и 68 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 1.164 (16,7%) биле хоспитализирани додека останатите 5.816 (83,3%) биле на домашно лекување.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=11.127)

3.8.6a

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=11.127)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 1.354 3.355 206 4.915
Куманово 269 769 52 1.090
Тетово 220 764 73 1.057
Штип 430 427 15 872
Гостивар 281 181 25 487
Струга 203 210 44 457
Прилеп 53 256 24 333
Охрид 87 182 7 276
Свети Николе 151 76 227
Велес 21 191 13 225
Дебар 117 82 7 206
Кичево 108 58 9 175
Ресен 26 116 4 146
Битола 63 74 6 143
Кочани 24 77 4 105
Кавадарци 53 19 1 73
Пробиштип 19 34 53
Струмица 21 13 3 37
Македонски Брод 30 4 1 35
Демир Хисар 27 6 1 34
Радовиш 16 12 1 29
Крива Паланка 11 14 25
Виница 18 4 22
Неготино 7 9 1 17
Крушево 9 5 2 16
Кратово 8 6 14
Гевгелија 4 9 13
Демир Капија 10 10
Берово 4 3 1 8
Дојран 7 7
Пехчево 6 6
Валандово 6 6
Македонска Каменица 4 4
Богданци 1 2 3
Делчево 1 1
ВКУПНО 3.646 6.980 501 11.127

 

На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје, Гостивар, Куманово и Штип (n=2.334)

Град/ општина Активни случаи Град/ општина Активни случаи
Скопје 1.354 Куманово 269
Чаир 167 Куманово 244
Аеродром 155 Липково 24
Кисела Вода 148 Старо Нагоричане 1
Гази Баба 137 Штип 430
Карпош 117 Штип 423
Центар 115 Карбинци 7
Шуто Оризари 114
Ѓорче Петров 98
Бутел 85
Сарај 63
Студеничани 46
Арачиново 24
Илинден 23
Сопиште 21
Петровец 16
Зелениково 8
Чучер Сандево 8
странец 6
непознато 3
Гостивар 281
Гостивар 257
Врапчиште 23
Маврово – Ростуше 1

 

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје, Штип, Гостивар и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Македонски Брод, Демир Хисар, Кичево, Виница и Струга се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 26.07.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 17.660.523

Број на смртни случаи на глобално ниво – 680.894

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 9.476.763
    • Смртни случаи – 359.180
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 3.375.535
    • Смртни случаи – 21284
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 2.131.165
    • Смртни случаи – 45.837
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.554.065
    • Смртни случаи – 40.386
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 802.792
    • Смртни случаи –13.779
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 319.462
    • Смртни случаи – 8.415

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 03.08.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје