СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 03-09.08.2020

Тестирани се вкупно 9.543 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 816 нови позитивни случаи од 26 градови во државата (Табела 1), намалување од 10,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=256; 31,4%), Штип (n=92; 11,3%) и Гостивар (n=85; 10,4%).

 

Табела 1.  Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 03-09.08.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 256 11
Штип 92 3
Гостивар 85 3
Куманово 73 4
Кавадарци 52  
Тетово 34 1
Кичево 28  
Охрид 24 1
Битола 23  
Струга 21 1
Македонски Брод 17 1
Свети Николе 16  
Дебар 13  
Велес 13  
Прилеп 12  
Виница 11  
Демир Хисар 10  
Пробиштип 8  
Кочани 7  
Радовиш 7  
Неготино 5  
Струмица 4  
Крива Паланка 2  
Валандово 1  
Богданци 1  
Гевгелија 1  
Вкупно 816 25

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 211 (25,9%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=150; 18,4%), 40-49 (n=146; 17,9%) и 50-59 (n=140; 17,2%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=13; 1,6%) и 10-19 години (n=33; 4,0%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 398 (48,8%) лица од женски и 418 (51,2%) од машки пол.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=573; 70,2%), регистрирани се 78 (13,6%) хоспитализирани, а кај 196 (34,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 199 (34,8%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 8 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 1.038 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 25 смртни случаи од 8 градови (Табела 1), намалување од 13,8% во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите се на возраст над 60 години (n=17; 56,0%). Од починатите, 21 биле хоспитализирани, а 4 починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 19 починати лица.

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 09.08.2020, пријавени се вкупно 11.942 случаи на COVID-19 (I=574,8/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово и Тетово, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Тетово и Скопје. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 11.942 574,8 528 25,4 4,4%
Скопје 5.165 836,2 217 35,1 4,2%
Куманово 1.163 815,1 57 39,9 4,9%
Тетово 1.091 546,1 74 37,0 6,8%
Штип 965 1832,1 18 34,2 1,9%
Гостивар 572 477,6 28 23,4 4,9%
Струга 479 706,0 45 66,3 9,4%
Прилеп 345 361,9 24 25,2 7,0%
Охрид 299 532,9 9 16,0 3,0%
Свети Николе 244 1189,5 0 0,0 0,0%
Велес 238 359,2 13 19,6 5,5%
Дебар 219 789,0 7 25,2 3,2%
Кичево 203 355,2 9 15,7 4,4%
Битола 166 162,9 6 5,9 3,6%
Ресен 146 892,9 4 24,5 2,7%
Кавадарци 126 292,8 1 2,3 0,8%
Кочани 112 233,5 4 8,3 3,6%
Пробиштип 63 411,7 0 0,0 0,0%
Македонски Брод 52 464,4 2 17,9 3,8%
Демир Хисар 44 525,2 1 11,9 2,3%
Струмица 41 43,3 3 3,2 7,3%
Радовиш 36 110,4 1 3,1 2,8%
Виница 33 169,9 0 0,0 0,0%
Неготино* 32 136,4 1 4,3 3,1%
Крива Паланка 27 112,9 0 0,0 0,0%
Гевгелија** 25 72,7 0 0,0 0,0%
Крушево 16 167,9 2 21,0 12,5%
Кратово 14 146,3 0 0,0 0,0%
Берово 8 61,5 1 7,7 12,5%
Валандово 7 59,1 0 0,0 0,0%
Пехчево 6 120,2 0 0,0 0,0%
Делчево*** 5 20,8 1 4,2 20,0%

*10 лица се од Демир Капија  **7 лица се од Дојран, 3 од Богданци ***4 случаи се од Македонска Каменица

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип (1.832,1/100.000), Свети Николе со 1.189,5 на 100.000 жители, Ресен (892,9/100.000), Скопје (836,2/100.000), Куманово (815,1/100.000), Дебар (789,0/100.000), Струга (706,0/100.000), Тетово (546,1/100.000), Охрид (532,9/100.000) и Демир Хисар (525,2/100.000), додека инциденца со над 250 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Гостивар, Македонски Брод, Пробиштип, Прилеп, Велес, Кичево и Кавадарци (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

11.8

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 5.966 машки и 5.976 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 575,6/100.000, додека кај женските 578,7/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 97 години (просек – 44,7 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 2.670 (22,4%) со инциденца од 696,6/100.000, а највисока специфична инциденца од 823,6/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (2.290 заболени). Најниска инциденца од 191,4 и 206,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 438 и 517 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=11.942)

11.8.1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=243) е регистриран на 17.07.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=11.942)

11.8.2

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 28-мата недела (n=1.074) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=11.942)

11.8.3

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.667; 97,7%), 20,3% (n=2.374) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клинички болници Битола и Штип, ИБЗД Козле, Општи болници Прилеп, Куманово, Струмица, Гостивар), моментално се хоспитализирани 331 лица, а од нив 88 се на кислородна поддршка и 10 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,3%), малаксаност (41,2%), кашлица (39,8%), болка во грло (14,8%), главоболка (14,7%), треска (12,3%), отежнато дишење (11,1%) и ослабен осет за мирис и/или вкус (10,3%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.667; 97,7%), кај 3.102 или 26,0% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.667; 97,7%), пријавени се 107 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 27 биле хоспитализирани во текот на болеста. Педесет од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.667; 97,7%), кај 3.545 (30,4%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 2.459 лица имаат кардиоваскуларна болест, 996 дијабет, 501 се со хронична белодробна болест и 646 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 1.339 (58,6%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.667; 97,7%), регистрирани се 736 (6,3%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 528 смртни случаи (Лт = 4,4%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=386) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 100,7/100.000 жители. Регистрирани се 335 смртни случаи кај лица од машки и 193 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 425 (80,5%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=322), дијабет (n=149) и белодробна болест (n=76). Регистрирани се два смртни случаи кај бремени жени и четири смртни случаи кај здравствени работници. Триесет и два (6,1%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 496 (93,9%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=528)

11.8.4

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), 238 (2,0%) се импортирани, од нив 8 лица се детектирани на точка на влез, а последниот импортиран случај е регистриран на 08.08.2020. Вкупно 5.248 лица (45,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 09.08.2020 тестирани се вкупно 115.590 материјали (детектирани 11.942 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 55.863 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=115.590)*

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 115.590 11.942 4.982 24 110.608 11.918
ИЈЗ – Вирусологија 56.730 6.728 3.226 22 53.504 6.706
ЦЈЗ Скопје 1.501 185 0 0 1.501 185
Авицена 8.299 908 0 0 8.299 908
Биотек 9.436 509 0 0 9.436 509
Жан Митрев Клиника 15.499 1.128 0 0 15.499 1.128
Систина 10.516 595 0 0 10.516 595
Лаор 124 25 0 0 124 25
МАНУ 9.541 1.414 1.756 2 7.785 1.412
Ветеринарен Факултет 755 81 0 0 755 81
Судска медицина 339 7 0 0 339 7
ЦЈЗ Битола 1.938 288 0 0 1.938 288
КИБФС 534 55 0 0 534 55
ГАК 372 13 0 0 372 13

*6 лица се лабораториски потврдени во странство

Според исходот од заболувањето, 3.268 лица (27,4%) се активни случаи, 8.146 случаи (68,2%) се водат како оздравени (610 од нив се здравствени работници и 77 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 1.328 (16,3%) биле хоспитализирани додека останатите 6.818 (83,7%) биле на домашно лекување.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=11.942)

11.8.5

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=11.942)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 1149 3800 217 5166
Куманово 263 843 57 1163
Тетово 170 847 74 1091
Штип 319 628 18 965
Гостивар 307 237 28 572
Струга 145 289 45 479
Прилеп 41 280 24 345
Охрид 73 217 9 299
Свети Николе 102 141 243
Велес 27 198 13 238
Дебар 128 84 7 219
Кичево 122 72 9 203
Битола 73 87 6 166
Ресен 12 130 4 146
Кавадарци 104 21 1 126
Кочани 23 85 4 112
Пробиштип 18 45 63
Македонски Брод 40 10 2 52
Демир Хисар 30 13 1 44
Струмица 25 13 3 41
Радовиш 12 23 1 36
Виница 29 4 33
Крива Паланка 13 14 27
Неготино 12 9 1 22
Крушево 5 9 2 16
Кратово 4 10 14
Гевгелија 5 9 14
Демир Капија 10 10
Берово 4 3 1 8
Дојран 7 7
Валандово 1 6 7
Пехчево 6 6
Македонска Каменица 3 1 4
Богданци 2 2 4
Делчево 1 1
ВКУПНО 3.268 8.146 528 11.942

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје, Штип, Гостивар и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Македонски Брод, Кавадарци, Кичево, Охрид и Струга се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 26.07.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 19.718.030

Број на смртни случаи на глобално ниво – 728.013

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 10.590.929
    • Смртни случаи – 388.673
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 3.582.911
    • Смртни случаи – 21693
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 2.632.773
    • Смртни случаи – 53.677
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.644.359
    • Смртни случаи – 43.433
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 895.696
    • Смртни случаи –16.713
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 370.621
    • Смртни случаи – 8.811

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 10.08.2020

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје