СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 10-16.08.2020
Тестирани се вкупно 11.605 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 902 нови позитивни случаи од 29 градови во државата (Табела 1), зголемување од 10,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=251; 27,8%) и Куманово (n=125; 13,6%).
Табела 1. Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 10-16.08.2020
ЦЈЗ/ПЕ | Број на заболени | Починати |
Скопје | 251 | 9 |
Куманово | 125 | |
Гостивар | 88 | 1 |
Штип | 83 | |
Тетово | 50 | |
Струга | 42 | 1 |
Кичево | 41 | |
Кавадарци | 32 | 1 |
Прилеп | 20 | |
Виница | 19 | |
Свети Николе | 18 | 1 |
Битола | 18 | |
Демир Хисар | 16 | |
Кочани | 16 | |
Македонски Брод | 13 | 1 |
Охрид | 11 | 1 |
Струмица | 11 | |
Берово | 7 | 1 |
Дебар | 7 | |
Пробиштип | 6 | |
Делчево | 5 | |
Велес | 5 | 1 |
Неготино | 4 | |
Гевгелија | 3 | |
Богданци | 3 | |
Крива Паланка | 3 | |
Вкупно | 902 | 17 |
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 206 (22,8%) позитивни. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=163; 18,1%) и 50-59 (n=162; 18,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,9%) и 10-19 години (n=49; 5,4%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 425 (47,1%) лица од женски и 477 (52,9%) од машки пол.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=858; 95,1%), регистрирани се 87 (10,1%) хоспитализирани, а кај 244 (28,4%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови случаи, 303 (35,3%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 27 лица со историја на патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 1.067 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 17 смртни случаи од 9 градови (Табела 1), намалување од 32,0% во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите се на возраст над 60 години (n=9; 52,9%). Од починатите, 16 биле хоспитализирани, а еден случај починал во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 11 починати лица.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 16.08.2020, пријавени се вкупно 12.840 случаи на COVID-19 (I=618,0/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Тетово, Скопје и Штип. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Вкупно | Инциденца /100 000 | Умрени (вкупно) | Морталитет/100 000 | Леталитет |
Вкупно | 12.840 | 618,0 | 547 | 26,3 | 4,3% |
Скопје | 5418 | 877.2 | 227 | 36.8 | 4.2% |
Куманово | 1289 | 903.4 | 57 | 39.9 | 4.4% |
Тетово | 1141 | 571.2 | 74 | 37.0 | 6.5% |
Штип | 1048 | 1989.6 | 18 | 34.2 | 1.7% |
Гостивар | 660 | 551.1 | 29 | 24.2 | 4.4% |
Струга | 521 | 767.9 | 46 | 67.8 | 8.8% |
Прилеп | 365 | 382.9 | 24 | 25.2 | 6.6% |
Охрид | 309 | 550.7 | 10 | 17.8 | 3.2% |
Свети Николе | 261 | 1272.4 | 1 | 4.9 | 0.4% |
Велес | 243 | 366.8 | 14 | 21.1 | 5.8% |
Кичево | 240 | 419.9 | 10 | 17.5 | 4.2% |
Дебар | 226 | 814.3 | 7 | 25.2 | 3.1% |
Битола | 184 | 180.5 | 6 | 5.9 | 3.3% |
Кавадарци | 158 | 367.2 | 2 | 4.6 | 1.3% |
Ресен | 146 | 892.9 | 4 | 24.5 | 2.7% |
Кочани | 128 | 266.8 | 4 | 8.3 | 3.1% |
Пробиштип | 69 | 451.0 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Македонски Брод | 65 | 580.5 | 3 | 26.8 | 4.6% |
Демир Хисар | 60 | 716.2 | 1 | 11.9 | 1.7% |
Струмица | 52 | 54.9 | 3 | 3.2 | 5.8% |
Виница | 51 | 262.5 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Радовиш | 38 | 116.5 | 1 | 3.1 | 2.6% |
Неготино* | 36 | 153.4 | 1 | 4.3 | 2.8% |
Гевгелија** | 31 | 90.1 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Крива Паланка | 30 | 125.4 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Крушево | 16 | 167.9 | 2 | 21.0 | 12.5% |
Берово | 15 | 115.4 | 2 | 15.4 | 13.3% |
Кратово | 15 | 156.8 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Делчево*** | 10 | 41.6 | 1 | 4.2 | 10.0% |
Пехчево | 8 | 160.2 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Валандово | 7 | 59.1 | 0 | 0.0 | 0.0% |
*10 лица се од Демир Капија **7 лица се од Дојран, 7 од Богданци ***4 случаи се од Македонска Каменица
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип (1.989,6/100.000), Свети Николе со 1.272,4 на 100.000 жители, Куманово (903,4/100.000), Ресен (892,9/100.000), Скопје (877,2/100.000), Дебар (814,3/100.000), Струга (767,9/100.000), Демир Хисар (716,2/100.000), Македонски Брод (580,5/100.000), Тетово (571,2/100.000), Гостивар (551,1/100.000) и Охрид (550,7/100.000), додека инциденца со над 250 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Пробиштип, Кичево, Прилеп, Кавадарци, Велес, Кочани и Виница (Табела 2, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 6.441 машки и 6.399 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 621,4/100.000, додека кај женските 619,7/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 44,7 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 2.876 (22,4%) со инциденца од 750,3/100.000, а највисока специфична инциденца од 881,8/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (2.452 заболени). Најниска инциденца од 202,7 и 226,2 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 464 и 566 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=12.840)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=243) е регистриран на 17.07.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=12.840)
Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 28-мата недела (n=1.074) (Графикон 3).
Графикон 3. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=12.840)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=12.783; 99,6%), 19,4% (n=2.485) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Битола и Штип, Општи болници Прилеп, Куманово, Струмица, Гостивар), моментално се хоспитализирани 288 лица, а од нив 88 се на кислородна поддршка и 7 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,6%), малаксаност (41,1%), кашлица (39,2%), болка во грло (14,9%), главоболка (14,7%), треска (12,0%), отежнато дишење (10,8%) и ослабен осет за мирис и/или вкус (10,7%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=12.783; 99,6%), кај 3.388 или 26,5% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=12.783; 99,6%), пријавени се 117 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 30 биле хоспитализирани во текот на болеста. Педесет и три од регистрираните се асимптоматски случаи.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=12.783; 99,6%), кај 3.853 (30,1%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 2.670 лица имаат кардиоваскуларна болест, 1.076 дијабет, 538 се со хронична белодробна болест и 713 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 1.463 (58,9%) се присутни коморбидитети.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=12.783; 99,6%), регистрирани се 782 (6,1%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Регистрирани се 547 смртни случаи (Лт = 4,3%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=397) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 103,6/100.000 жители. Регистрирани се 345 смртни случаи кај лица од машки и 202 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 438 (80,1%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=332), дијабет (n=153) и белодробна болест (n=79). Регистрирани се два смртни случаи кај бремени жени и четири смртни случаи кај здравствени работници. Триесет и три (6,0%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 514 (94,0%) починале за време на хоспитализација.
Графикон 4. Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=547)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=12.783; 99,6%), 266 (2,1%) се импортирани, од нив 8 лица се детектирани на точка на влез, а последниот импортиран случај е регистриран на 16.08.2020. Вкупно 5.621 лица (44,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 16.08.2020 тестирани се вкупно 127.196 материјали (детектирани 12.840 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 61.472 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=127.196)*
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни | Тестови скрининг | Позитивни скрининг | Тестови рутина | Позитивни рутина |
ВКУПНО | 127.196 | 12.840 | 4.982 | 24 | 122.214 | 12.816 |
ИЈЗ – Вирусологија | 61.465 | 7.202 | 3.226 | 22 | 58.239 | 7.180 |
ЦЈЗ Скопје | 1.656 | 190 | 0 | 0 | 1.656 | 190 |
Авицена | 9.324 | 956 | 0 | 0 | 9.324 | 956 |
Биотек | 10.884 | 583 | 0 | 0 | 10.884 | 583 |
Жан Митрев Клиника | 16.884 | 1.205 | 0 | 0 | 16.884 | 1.205 |
Систина | 12.069 | 652 | 0 | 0 | 12.069 | 652 |
Лаор | 124 | 25 | 0 | 0 | 124 | 25 |
МАНУ | 10.120 | 1.492 | 1.756 | 2 | 8.364 | 1.490 |
Ветеринарен Факултет | 755 | 81 | 0 | 0 | 755 | 81 |
Судска медицина | 383 | 7 | 0 | 0 | 383 | 7 |
ЦЈЗ Битола | 2.456 | 353 | 0 | 0 | 2.456 | 353 |
КИБФС | 620 | 73 | 0 | 0 | 620 | 73 |
ГАК | 449 | 14 | 0 | 0 | 449 | 14 |
*7 лица се лабораториски потврдени во странство
Според исходот од заболувањето, 2.915 лица (22,7%) се активни случаи, 9.378 случаи (73,0%) се водат како оздравени (663 од нив се здравствени работници и 87 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 1.561 (16,6%) биле хоспитализирани додека останатите 7.817 (83,4%) биле на домашно лекување.
Графикон 5. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=12.840)
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=12.840)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 949 | 4242 | 227 | 5418 |
Куманово | 298 | 934 | 57 | 1289 |
Тетово | 151 | 916 | 74 | 1141 |
Штип | 247 | 783 | 18 | 1048 |
Гостивар | 289 | 342 | 29 | 660 |
Струга | 167 | 308 | 46 | 521 |
Прилеп | 40 | 301 | 24 | 365 |
Охрид | 66 | 233 | 10 | 309 |
Свети Николе | 61 | 199 | 1 | 261 |
Велес | 27 | 202 | 14 | 243 |
Кичево | 126 | 104 | 10 | 240 |
Дебар | 67 | 152 | 7 | 226 |
Битола | 74 | 104 | 6 | 184 |
Кавадарци | 103 | 53 | 2 | 158 |
Ресен | 7 | 135 | 4 | 146 |
Кочани | 29 | 95 | 4 | 128 |
Пробиштип | 17 | 52 | 69 | |
Македонски Брод | 45 | 17 | 3 | 65 |
Демир Хисар | 37 | 22 | 1 | 60 |
Струмица | 23 | 26 | 3 | 52 |
Виница | 36 | 15 | 51 | |
Радовиш | 10 | 27 | 1 | 38 |
Крива Паланка | 5 | 25 | 30 | |
Неготино | 12 | 13 | 1 | 26 |
Гевгелија | 7 | 10 | 17 | |
Крушево | 1 | 13 | 2 | 16 |
Кратово | 1 | 14 | 15 | |
Берово | 6 | 7 | 2 | 15 |
Демир Капија | 10 | 10 | ||
Пехчево | 2 | 6 | 8 | |
Богданци | 5 | 2 | 7 | |
Дојран | 1 | 6 | 7 | |
Валандово | 1 | 6 | 7 | |
Делчево | 5 | 1 | 6 | |
Македонска Каменица | 4 | 4 | ||
ВКУПНО | 2.915 | 9.378 | 547 | 12.840 |
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Скопје, Штип, Гостивар и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Кичево, Кавадарци и Струга се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.
Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје, Куманово, Гостивар и Штип (n=1.783)
Град/ општина | Активни случаи | Град/ општина | Активни случаи |
Скопје | 949 | Куманово | 298 |
Чаир | 133 | Куманово | 283 |
Аеродром | 125 | Липково | 12 |
Гази Баба | 119 | Старо Нагоричане | 3 |
Карпош | 98 | Гостивар | 289 |
Центар | 87 | Гостивар | 269 |
Бутел | 69 | Врапчиште | 18 |
Кисела Вода | 69 | Маврово-Ростуше | 2 |
Ѓорче Петров | 65 | Штип | 247 |
Шуто Оризари | 58 | Штип | 242 |
Сарај | 33 | Карбинци | 5 |
Студеничани | 31 | ||
Арачиново | 17 | ||
Илинден | 12 | ||
Сопиште | 10 | ||
Чучер Сандево | 9 | ||
Петровец | 7 | ||
Зелениково | 4 | ||
странец | 3 |
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 16.08.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 21.294.845
Број на смртни случаи на глобално ниво – 761.779
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 11.420.8600
- Смртни случаи – 414.326
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 3.754.649
- Смртни случаи – 214.092
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 3.040.168
- Смртни случаи – 59.875
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 1.723.673
- Смртни случаи – 45.704
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 945.165
- Смртни случаи –18.476
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 409.589
- Смртни случаи – 9.293
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 17.08.2020
Оддел за епидемиологија на заразни болести
Институт за јавно здравје