СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 12-18.04.2021

Тестирани се вкупно 21.763 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намување од 20,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 5.199 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 24,3% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 15,3 до 27,9%, просечно 22,6 %. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.086; 40,1%), со неделна инциденца – 337,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 397,4/100.000 е регистрирана во Битола (Табела 1, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца  на 100.000 жители, COVID-19, 12-18.04.2021, Р.С Македонија

неделна 12-18.04

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.722, 33,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=919; 17,7%), 40-49 (n=882; 17,0%), 30-39  (n=835; 16,1%) и 20-29 (n=506; 9,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=95; 1,8%) и 10-19 години (n=240; 4,6%). Се забележува намалување кај сите возрасни групи во споредба со минатата недела.

 

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.797 (53,8%) лица од женски и 2.402 (46,2%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 5.921 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 3,1% во споредба со минатата недела.

 

Пријавени се 206 смртни случаи од 26 градови, 25,4% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 175 лицa биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, по 5 лица од возрасните групи од 40-49 и 30-39 години и еден од 20-29 години.

 

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ се изврши секвенционирање на 48 селектирани SARS CoV-2 позитивни примероци. Истите беа одбрани од периодот 01-31.03.2021.

Резултатите од секвенционирањето покажаа присуство на генотипот SARS-CoV-2 B.1.1.7/20I_501Y.V1 (Variant VOC_202012_01, UK variant) кај 98% од тестираните пациенти.

Дополнително, направено е скринирање за присуство на варијанти од посебно внимание на 200 пациенти кој детектира 5 варијанти. Доминантен сој застапен со 100% меѓу тестираните примероци е B.1.1.7 т.н британска варијанта.

 

 

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 18.04.2021, пријавени се вкупно 147.229 случаи на COVID-19 (I=7.115,4/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово, Битола и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Охрид и Крушево. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга (Табела 1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 18.04.2021

t120.4

Во најголем дел од државата се регистрира намалување кога се анализираат двата двонеделни периоди. Зголемување се регистрира на подрачјето на ЦЈЗ Битола (Битола, Кичево и Демир Хисар) и ЦЈЗ Струмица (Струмица и Валандово) (Табела 1). R0 се движи од 0,59 (Дојран) до 1,60 (Пехчево).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 11.602,5 на 100.000 жители, Неготино (10.903,0/100.000) и Скопје (10.591,0/100.000), а најниска инциденца со 2.928,5 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонска Каменица (Табела 1, Картограм 2).

 

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С.Македонија, 26.02.2020-18.04.2021

kumulativna do 18.04

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 74.011 машки и 73.218 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 7.140,3/100.000, а кај женските 7.090,3/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 46,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 37.002 (24,8%) каде е регистриран и највисок специфичен морбидитет од 9.653,8/100.000. Најнизок специфичен морбидитет од 1.237,7 и 2.610,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 2.833 и 6.532 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група (n=147.229)

g120.4

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.513) е регистриран на 30.03.2021.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.933) е регистриран на 13-та недела во 2021 година (Графикон 2). По 6 недели на континуирано зголемување, во текот на последните две недели се регистрира намалување на бројот на заболени лица.

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 18.04.2021 (n= n=147.229)

g220.4

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клиника за детски болести, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија, ОРЛ, Пластична хирургија, Кардиологија, Урологија, Трауматологија и КАРИЛ, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ и Институтот за физикална терапија и рехабилитација, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 1.725 лица (+1,7%), а од нив 1.161 се на кислородна поддршка (-2,1%) и 64 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (+33,3%).

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19. Заклучно со 18.04.2021, вкупно се вакцинирани 7.020 здравствени работници со прва доза (4.019 – Pfizer/Biontech и 3.001 – Sputnik V) и 6.750 (3.891-Pfizer/Biontech и 2.859- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против КОВИД19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 73 години и заклучно со 18.04.2021 вакцинирани се 13.575 лица. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде се вакцинирани вкупно 18.376 лица.

Податоците кои следат во однос на симптоматологија, коморбидитети, контакти и импортирани случаи се однесуваат на анализите направени заклучно со 04.01.2021.

Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), 1.029 (1,4%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Регистрирани се 4.478 смртни случаи (Лт = 3,0%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 02.04.2021 и 06.04.2021 година (n=45), а според недела на пријавување во тек на 14-тата недела во 2021 година (n=276) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=3.635) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 948,4/100.000 жители. Регистрирани се 2.787 смртен случаи кај лица од машки и 1.691 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 3.271 (73,0% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=2.603), дијабет (n=1.109) и белодробна болест (n=492). Регистрирани се 5 смртни случаи кај бремени жени и 29 смртни случаи кај здравствени работници (заклучно со 04.01.2021). Од пријавените случаи 210 (4,8%) починале во вонболнички услови, а 4.268 (95,3%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 3.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според недела на смрт, до 18.04.2021 (n=4.478)

g320.4

Од 15.02.2020-18.04.2021 тестирани се вкупно 692.096 материјали (детектирани 147.229 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р.С. Македонија се направени 334.480 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=692.096)*

t220.4

*9 случаи се тестирани во лаборатории во странство

Според исходот од заболувањето, 19.041 лица (12,9%) се активни случаи, 123.710 случаи (84,0%) се водат како оздравени, испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 3, Графикон 4). Од случаите кои се водат како оздравени, 6.084 (4,9%) биле хоспитализирани додека останатите 117.626 (95,1%) биле на домашно лекување.

Графикон 4.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 18.04.2021 (n=147.229)

g420.4

Табела 3. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=147.229)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 8676 55274 1465 65415
Куманово 1209 6572 285 8066
Прилеп 935 6597 378 7910
Тетово 672 5983 263 6918
Битола 1236 4262 234 5732
Велес 698 4353 155 5206
Гостивар 447 4339 208 4994
Кавадарци 488 4383 122 4993
Штип 454 4165 123 4742
Охрид 846 3675 188 4709
Струмица 549 3075 159 3783
Струга 247 2446 174 2867
Кочани 294 2200 88 2582
Кичево 298 1959 92 2349
Гевгелија 339 1720 59 2118
Неготино 240 1823 50 2113
Свети Николе 147 1263 23 1433
Крива Паланка 84 1041 53 1178
Ресен 218 919 31 1168
Радовиш 129 860 50 1039
Берово 65 872 30 967
Делчево 96 801 33 930
Дебар 69 800 41 910
Пробиштип 42 687 24 753
Виница 109 602 31 742
Валандово 89 526 18 633
Богданци 73 388 8 469
Крушево 99 327 31 457
Демир Капија 39 342 11 392
Демир Хисар 57 291 10 358
Кратово 18 317 15 350
Македонски Брод 32 303 12 347
Пехчево 16 228 6 250
Македонска Каменица 11 208 5 224
Дојран 20 109 3 132
ВКУПНО 19.041 123.710 4.478 147.229

 

 

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ

Репродукцискиот број на заразени од КОВИД19 (R0) во Р. С. Македонија изнесува 0,83 заклучно со 18.04.2021 (Графикон 5).

Графикон 5.  Дневна инциденца на 100.000 жители и R0,  COVID-19, Р.С., до 18.04.2021

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата[1] се проценува дека:

  • Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), подниво 3, со умерени капацитети за одговор.

Со оглед на последователниот зголемен број на нови случаи, по препорака на Комисијата за заразни заболувања, на 05.04.2021 Владата донесе одлука за продолжување на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Р. С. Македонија во временски период од 20:00 до 5:00 часот наредниот ден почнувајќи од 6 април (вторник) до 27 април 2021 година, затворање на угостителските објекти, обложувалниците и казината за посетители, како и целосна забрана за посетители-гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање. Се забранува организирање, одржување и присуство/учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип, од 06-27.4.2021 година.

За повеќе информации околу рестриктивните мерки може да се информирате на www.vlada.mk

Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво

Покрај мерките за подготвеност во итни случаи, одговор и надзор, индивидуалните мерки на претпазливост, СЗО препорачува мерки за разгледување на надлежните органи, кои исто така мора да бидат земени предвид во однос на ефектите што овие мерки можат да ги имаат врз општата благосостојба на општеството и поединците.

  • Затворање на несуштински деловни активности или работење од дома, што е можно повеќе.
  • Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
  • Да се размисли за ограничување на наставата со физичко присуство на универзитетите и да се промовира е-учење.
  • Службите за згрижување на деца и основните и средните училишта треба да останат отворени со соодветни мерки за безбедност и надзор доколку тоа го дозволува локалната епидемиолошка состојба.
  • Посебна проценка за одржување спортски и слични настани кои треба да се одржуваат според строги безбедносни правила, на пр. без публика. Другите масовни собири треба да бидат прекинати, а големината на сите социјални собири треба да се намали.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 11.04.2021

  • Број на потврдени случаи на глобално ниво135.587 (4.550.837 во последни 7 дена,

11% повеќе во споредба со претходна недела)

  • Број на смртни случаи на глобално ниво – 2.919.932 (76.773 во последни 7 дена, 7% повеќе во споредба со претходна недела)

 

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 58.025.495 (1.427.623 во последни 7 дена, 5% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 1.405.254 (36.599 во последни 7 дена, 2% помалку во споредба со претходна недела)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 47.547.449 (1.630.624 во последни 7 дена, 4% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 1.008.251 (26.853 во последни 7 дена, 7% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 16.177.826 (965.591 во последни 7 дена, 63% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 385 (6.331 во последни 7 дена, 47% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 8.057.550 (364.456 во последни 7 дена, 22% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 165.010 (4.398 во последни 7 дена, 19% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 3.171.006 (50.710 во последни 7 дена, 14% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 79.545 (1.022 во последни 7 дена, 5% помалку во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 2.077.516 (111.833 во последни 7 дена, 6% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 33.474 (1.570 во последни 7 дена, 189% повеќе во споредба со претходна недела)

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

https://koronavirus.gov.mk

 

Скопје, 19.04.2021

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје

[1] Извор: WHO guidance on considerations for implementing and adjusting PHSM in the context of COVID-19