СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 22.04.2020
Тестирани се вкупно 649 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 41 или 6,3% од тестираните. Потврдените случаи се од 7 градови, Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка и Демир Капија (Табела 1).
Табела 1. Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 22.04.2020
ЦЈЗ/ПЕ | Број на заболени | Починати |
Скопје | 18 | 0 |
Куманово | 11 | 0 |
Прилеп | 5 | 0 |
Тетово | 4 | 0 |
Кавадарци | 1 | 0 |
Крива Паланка | 1 | 0 |
Неготино* | 1 | 0 |
Вкупно | 41 | 0 |
Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, најмногу од нив, по 10 во возрасните групи од 30-39 и 50-59 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 22 женски и 19 машки лица.
Хоспитализирани се 6 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 14 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Вкупно 23 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирани се две лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 29 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 22.04.2020, пријавени се вкупно 1.300 случаи на COVID-19 (I=62,8/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 26 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово и Прилеп, додека највисок леталитет (со исклучок на странскиот државјанин од Кавадарци) се регистрира во Струга (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Вкупно | Инциденца /100 000 | Умрени (вкупно) | Леталитет |
Вкупно | 1.300 | 62.8 | 56 | 4.3% |
Скопје | 440 | 71.2 | 10 | 2.3% |
Куманово | 353 | 247.4 | 14 | 4.0% |
Прилеп | 131 | 137.4 | 4 | 3.1% |
Тетово | 66 | 33.0 | 4 | 6.1% |
Велес | 62 | 93.6 | 3 | 4.8% |
Струга | 55 | 81.1 | 12 | 21.8% |
Дебар | 51 | 183.8 | 4 | 7.8% |
Штип | 34 | 64.5 | 2 | 5.9% |
Кочани | 28 | 58.4 | 1 | 3.6% |
Битола | 17 | 16.7 | 0 | 0.0% |
Охрид | 15 | 26.7 | 0 | 0.0% |
Гостивар | 13 | 10.9 | 0 | 0.0% |
Кавадарци | 5 | 11.6 | 1 | 20.0% |
Крива Паланка | 5 | 20.9 | 0 | 0.0% |
Гевгелија | 4 | 11.6 | 0 | 0.0% |
Радовиш | 4 | 12.3 | 0 | 0.0% |
Крушево | 3 | 31.5 | 1 | / |
Неготино* | 3 | 12.8 | 0 | 0.0% |
Струмица | 2 | 2.1 | 0 | 0.0% |
Пробиштип | 2 | 13.1 | 0 | 0.0% |
Македонски Брод | 2 | 17.9 | 0 | 0.0% |
Кичево | 2 | 3.5 | 0 | 0.0% |
Демир Хисар | 1 | 11.9 | 0 | 0.0% |
Пехчево | 1 | 20.0 | 0 | 0.0% |
Валандово | 1 | 8.4 | 0 | 0.0% |
*едно лице е жител на Демир Капија
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 247,4 заболени на 100.000 жители, Дебар (183,8/100.000) и Прилеп (137,4/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Велес, Струга, Скопје, Штип и Кочани (Табела 2, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 616 машки и 684 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 59,4/100.000, додека кај женските 66,2/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 45 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 271 (20,8%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 97,5/100.000. Кај лица над 60 години регистрирани се 262 случаи со инциденца од 68,4/100.000 (Графикон 1). Најниска инциденца од 22,0 и 21,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 10-19 и 0-9 години, каде се пријавени 55 и 50 случаи соодветно.
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.300)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.300)
Од пријавените случаи, 21,1% (n=274) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,7%), кашлица (53,1%), малаксаност (34,1%), треска (19,2%), главоболка (16,9%), болка во грло (16,2%) и отежнато дишење (14,1%).
Кај 449 или 34,5% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Во однос на коморбидитети, кај 357 (27,5%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 240 лица имаат кардиоваскуларна болест, 76 со дијабет, 70 лица се со хронична белодробна болест, 17 со хронична бубрежна болест и 58 со други хронични болести.
Од хоспитализираните случаи, кај 135 (49,3%) се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 218 (16,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Според исходот од заболувањето, кај 943 лица (72,5%) се активни случаи, 301 случаи (23,2%) се водат ако оздравени (29 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.
Регистрирани се 56 смртни случаи (Лт = 4,3%). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=39) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 10,2/100.000 жители. Од починатите, кај 43 (76,8%) се регистрирани коморбидитети.
Од вкупниот број на случаи, 96 (7,4%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје) (Графикон 2). Вкупно 765 лица (58,8%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 22.04.2020 тестирани се вкупно 13.649 материјали (детектирани 1.300 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 6.596 теста на 1.000.000 жители.
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=13.649)
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни |
ВКУПНО | 13649 | 1300 |
ИЈЗ - Вирусологија | 9209 | 1080 |
Ветеринарен Факултет (скрининг) | 315 | 21 |
Авицена (скрининг) | 307 | 24 |
Биотек (приватни) | 582 | 30 |
Жан Митрев Клиника (приватни) | 3058 | 138 |
Систина (приватни) | 178 | 8 |
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека ризикот за понатамошно ширење на COVID-19 во Република Северна Македонија е многу висок.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.
Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 19:00 – 05:00, во викенди започнува од сабота од 15:00 до понеделник до 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.
Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 05:00-12:00 часот во деновите од понеделник до петок, а во сабота од 5:00 – 11:00, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-19:00 часот во деновите од понеделник до петок, а во сабота од 12:00 до 15:00 часот.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 22.04.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 2.471.136 (73.920 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 169.006 (6.058 нови)
Број на зафатени земји/ територии – 214
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 1.219.486 (3302 нови)
- Смртни случаи – 109.952 (3.618 нови)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 925.291 (32.172 нови)
- Смртни случаи – 44.775 (2.089 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 13271 (1.765нови)
- Смртни случаи – 5.793 (108 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 13349 (4.879 нови)
- Смртни случаи – 6.326 (141 нови)
- Регион на СЗО Југо-источна Азија
- Потврдени случаи – 3912 (2.242 нови)
- Смртни случаи – 1.427 (86 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 16.115 (560 нови)
- Смртни случаи – 720 (16 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 23.04.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје