СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 23.04.2020

Тестирани се вкупно 408 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 26. Потврдените случаи се од 8 градови, а за прв пат е регистриран случај во Виница (Табела 1).

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 23.04.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 11 1
Струга 6 0
Тетово 3 0
Куманово 2 0
Битола 1 0
Гостивар 1 0
Неготино* 1 0
Виница 1 0
Вкупно 26 1

*едно лице е жител на Демир Капија

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, најмногу од нив, по 8 во возрасните групи од 30-39 и над 60 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се по 13 женски и машки лица.

Хоспитализирани се 4 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 7 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 13 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 36 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Регистриран е еден смртен случај. Се работи за лице на 80 годишна возраст од Скопје. Кај починатото лице биле присутни симптоми и коморбидитети и истото било хоспитализирано на КИБФС. Немал историја на патување, но бил во контакт со веќе потврден случај во државата.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 23.04.2020, пријавени се вкупно 1.326 случаи на COVID-19 (I=64,1/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 27 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово и Прилеп, додека највисок леталитет (со исклучок на странскиот државјанин од Кавадарци) се регистрира во Струга  (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Леталитет
Вкупно 1.326 64.1 57 4.3%
Скопје 451 73.0 11 2.4%
Куманово 355 248.8 14 3.9%
Прилеп 131 137.4 4 3.1%
Тетово 69 34.5 4 5.8%
Велес 62 93.6 3 4.8%
Струга 61 89.9 12 19.7%
Дебар 51 183.8 4 7.8%
Штип 34 64.5 2 5.9%
Кочани 28 58.4 1 3.6%
Битола 18 17.7 0 0.0%
Охрид 15 26.7 0 0.0%
Гостивар 14 11.7 0 0.0%
Кавадарци 5 11.6 1 20.0%
Крива Паланка 5 20.9 0 0.0%
Гевгелија 4 11.6 0 0.0%
Радовиш 4 12.3 0 0.0%
Неготино* 4 17.0 0 0.0%
Крушево 3 31.5 1 /
Струмица 2 2.1 0 0.0%
Пробиштип 2 13.1 0 0.0%
Македонски Брод 2 17.9 0 0.0%
Кичево 2 3.5 0 0.0%
Демир Хисар 1 11.9 0 0.0%
Пехчево 1 20.0 0 0.0%
Валандово 1 8.4 0 0.0%
Виница 1 5.1 0 0.0%

*две лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 248,8 заболени на 100.000 жители, Дебар (183,8/100.000) и Прилеп (137,4/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Велес, Струга, Скопје, Штип и Кочани (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

мапа (5)

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 629 машки и 697 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 60,7/100.000, додека кај женските 67,5/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (просек – 44,5 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 276 (20,8%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 99,3/100.000. Кај лица над 60 години регистрирани се 270 случаи со инциденца од 70,4/100.000 (Графикон 1). Најниска инциденца од 22,4 и 21,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 10-19 и 0-9 години, каде се пријавени 56 и 50 случаи соодветно.

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.326)

graf 1 23.4

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.326)

graf 2 23.4

Од пријавените случаи, 21,3% (n=282) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,7%), кашлица (53,3%), малаксаност (34,1%), треска (18,9%), главоболка (16,8%), болка во грло (16,1%) и отежнато дишење (14,4%).

Кај 463 или 34,9% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 326 или 51,0% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Во однос на коморбидитети, кај 364 (27,5%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 247 лица имаат кардиоваскуларна болест, 76 со дијабет, 70 лица се со хронична белодробна болест, 17 со хронична бубрежна болест и 59 со други хронични болести.

Од хоспитализираните случаи, кај 138 (48,9%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 222 (16,7%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 57 смртни случаи (Лт = 4,3%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=40) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 10,4/100.000 жители. Регистрирани се 40 смртни случаи кај лица од машки и 17 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 44 (77,2%) се регистрирани коморбидитети.

Од вкупниот број на случаи, 96 (7,2%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје) (Графикон 2). Вкупно 779 лица (58,7%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 23.04.2020 тестирани се вкупно 14.057 материјали (детектирани 1.326 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 6.794 теста на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=14.057)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни
ВКУПНО 14.057 1.326
ИЈЗ -Вирусологија 9.442 1.094
Ветеринарен Факултет (скрининг) 327 23
Авицена (скрининг) 322 24
Биотек (приватни) 634 30
Жан Митрев Клиника (приватни) 3.134 148
Систина (приватни) 194 8
МАНУ 4 0

Според исходот од заболувањето, кај 932 лица (70,3%) се активни случаи, 301 случаи (25,4%) се водат ако оздравени (37 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4). Од случаите кои се водат како оздравени, 90 (29,9%) биле хоспитализирани додека останатите 211 (70,1%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по ЦЈЗ/ПЕ, Р.С. Македонија (n=1.326)

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 262 179 10 451
Куманово 320 21 14 355
Прилеп 113 14 4 131
Тетово 41 23 5 69
Велес 54 5 3 62
Струга 43 6 12 61
Дебар 3 44 4 51
Штип 13 19 2 34
Кочани 15 12 1 28
Битола 14 4 18
Охрид 14 1 15
Гостивар 14 14
Крива Паланка 4 1 5
Кавадарци 3 1 1 5
Гевгелија 4 4
Радовиш 4 4
Крушево 2 1 3
Струмица 2 2
Неготино 2 2
Кичево 2 2
Демир Капија 2 2
Пробиштип 1 1 2
Македонски Брод 2 2
Виница 1 1
Пехчево 1 1
Демир Хисар 1 1
ВКУПНО 932 337 57 1.326

 

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека ризикот за понатамошно ширење на COVID-19 во Република Северна Македонија е многу висок.

 

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

 

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 19:00 – 05:00, во викенди започнува од сабота од 15:00 до понеделник до 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 05:00-12:00 часот во деновите од понеделник до петок, а во сабота од 5:00 – 11:00, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-19:00 часот во деновите од понеделник до петок, а во сабота од 12:00 до 15:00 часот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 23.04.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 2.544.792 (73.657 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 175.694 (6.689 нови)

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.251.458 (3972 нови)
    • Смртни случаи – 113.336 (3.384 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 957.402 (32.111 нови)
    • Смртни случаи – 47.812 (3.038 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 144.450 (5.101 нови)
    • Смртни случаи – 6.469 (143 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 137.902 (1.632 нови)
    • Смртни случаи – 5.818 (25 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 36.039 (2.127 нови)
    • Смртни случаи – 1.498 (71 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 16.829 (714 нови)
    • Смртни случаи – 748 (28 нови)

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 24.04.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје