СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 27.04.2020
Тестирани се вкупно 362 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 22. Потврдените случаи се од 6 градови (Табела 1).
Табела 1. Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 27.04.2020
ЦЈЗ/ПЕ | Број на заболени | Починати |
Скопје | 11 | 3 |
Велес | 3 | 0 |
Неготино* | 3 | 0 |
Гостивар | 2 | 0 |
Куманово | 2 | 0 |
Струга | 1 | 0 |
Прилеп | 0 | 2 |
Тетово | 0 | 1 |
Вкупно | 22 | 6 |
*три лица се жители на Демир Капија
Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, најмногу од нив, 6 во возрасната група на лица над 60 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 13 женски и 9 машки лица.
Хоспитализирани се 6 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 8 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Вкупно 18 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 36 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Регистрирани се шест смртни случаи. Се работи за лица на возраст од 50-75 години од Скопје, Прилеп и Тетово. Кај починатите лица биле присутни симптоми и истите биле хоспитализирани. Кај четири лица се регистрирани коморбидитети. Сите случаи се без историја на патување, а само два случаи биле во контакт со веќе потврден случај во државата.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 27.04.2020, пријавени се вкупно 1.421 случај на COVID-19 (I=68,7/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 27 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово и Прилеп, додека највисок леталитет (со исклучок на странскиот државјанин од Кавадарци) се регистрира во Струга (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Вкупно | Инциденца /100 000 | Умрени (вкупно) | Леталитет |
Вкупно | 1421 | 68.7 | 71 | 5.0% |
Скопје | 486 | 78.7 | 16 | 3.3% |
Куманово | 378 | 264.9 | 17 | 4.5% |
Прилеп | 143 | 150.0 | 6 | 4.2% |
Тетово | 75 | 37.5 | 6 | 8.0% |
Велес | 69 | 104.1 | 3 | 4.3% |
Струга | 65 | 95.8 | 12 | 18.5% |
Дебар | 51 | 183.8 | 4 | 7.8% |
Штип | 34 | 64.5 | 2 | 5.9% |
Кочани | 28 | 58.4 | 1 | 3.6% |
Битола | 19 | 18.6 | 1 | 5.3% |
Гостивар | 17 | 14.2 | 1 | 5.9% |
Охрид | 15 | 26.7 | 0 | 0.0% |
Неготино* | 7 | 29.8 | 0 | 0.0% |
Кавадарци | 5 | 11.6 | 1 | / |
Крива Паланка | 5 | 20.9 | 0 | 0.0% |
Гевгелија | 4 | 11.6 | 0 | 0.0% |
Радовиш | 4 | 12.3 | 0 | 0.0% |
Крушево | 3 | 31.5 | 1 | 33.3% |
Струмица | 2 | 2.1 | 0 | 0.0% |
Пробиштип | 2 | 13.1 | 0 | 0.0% |
Македонски Брод | 2 | 17.9 | 0 | 0.0% |
Виница | 2 | 10.3 | 0 | 0.0% |
Кичево | 2 | 3.5 | 0 | 0.0% |
Демир Хисар | 1 | 11.9 | 0 | 0.0% |
Пехчево | 1 | 20.0 | 0 | 0.0% |
Валандово | 1 | 8.4 | 0 | 0.0% |
*пет лица се жители на Демир Капија
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 264,9 заболени на 100.000 жители, Дебар (183,8/100.000), Прилеп (150,0/100.000) и Велес (104,1/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Струга, Скопје, Штип и Кочани (Табела 2, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 671 машки и 750 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 64,7/100.000, додека кај женските 72,6/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 93 години (просек – 44,7 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 295 (20,8%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 106,1/100.000. Кај лица над 60 години регистрирани се 293 случаи со инциденца од 76,4/100.000 (Графикон 1). Најниска инциденца од 22,3 и 22,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 51 и 57 случаи соодветно.
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.421)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.421)
Од пријавените случаи, 22,9% (n=326) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,0%), кашлица (53,2%), малаксаност (34,8%), треска (19,0%), главоболка (16,5%), болка во грло (15,8%) и отежнато дишење (15,0%).
Кај 490 или 34,5% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 348 или 71,0% имале контакт со веќе потврден случај во државата.
Во однос на коморбидитети, кај 403 (28,4%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 274 лица имаат кардиоваскуларна болест, 88 со дијабет, 77 лица се со хронична белодробна болест, 18 со хронична бубрежна болест и 56 со други хронични болести.
Од хоспитализираните случаи, кај 165 (50,6%) се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 229 (16,1%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Регистриран е 71 смртен случај (Лт = 5,0%). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=46) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 12,0/100.000 жители. Регистрирани се 49 смртни случаи кај лица од машки и 2 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 54 (76,1%) се регистрирани коморбидитети.
Од вкупниот број на случаи, 96 (6,8%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје) (Графикон 2). Вкупно 847 лица (59,6%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 27.04.2020 тестирани се вкупно 15.771 материјали (детектирани 1.421 позитивно лице) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 7.622 теста на 1.000.000 жители.
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=15.771)
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни |
ВКУПНО | 15.771 | 1.421 |
ИЈЗ - Вирусологија | 10684 | 1169 |
Ветеринарен Факултет (скрининг) | 362 | 27 |
Авицена (скрининг) | 365 | 26 |
Биотек (приватни) | 750 | 34 |
Жан Митрев Клиника (приватни) | 3279 | 155 |
Систина (приватни) | 292 | 9 |
МАНУ | 39 | 1 |
Според исходот од заболувањето, кај 761 лица (53,6%) се активни случаи, 589 случаи (41,4%) се водат како оздравени (75 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4). Од случаите кои се водат како оздравени, 134 (22,8%) биле хоспитализирани додека останатите 455 (77,2%) биле на домашно лекување.
Табела 4. Исход на заболување по ЦЈЗ/ПЕ, Р.С. Македонија (n=1.421)
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 214 | 257 | 15 | 486 |
Куманово | 253 | 108 | 17 | 378 |
Прилеп | 103 | 34 | 6 | 143 |
Тетово | 43 | 25 | 7 | 75 |
Велес | 52 | 14 | 3 | 69 |
Струга | 25 | 28 | 12 | 65 |
Дебар | 1 | 46 | 4 | 51 |
Штип | 7 | 25 | 2 | 34 |
Кочани | 7 | 20 | 1 | 28 |
Битола | 9 | 9 | 1 | 19 |
Гостивар | 12 | 4 | 1 | 17 |
Охрид | 11 | 4 | 15 | |
Крива Паланка | 3 | 2 | 5 | |
Демир Капија | 5 | 5 | ||
Кавадарци | 2 | 2 | 1 | 5 |
Гевгелија | 1 | 3 | 4 | |
Радовиш | 4 | 4 | ||
Крушево | 1 | 1 | 1 | 3 |
Виница | 2 | 2 | ||
Пробиштип | 1 | 1 | 2 | |
Неготино | 2 | 2 | ||
Кичево | 2 | 2 | ||
Струмица | 2 | 2 | ||
Македонски Брод | 2 | 2 | ||
Валандово | 1 | 1 | ||
Демир Хисар | 1 | 1 | ||
ВКУПНО | 761 | 589 | 71 | 1.421 |
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека ризикот за понатамошно ширење на COVID-19 во Република Северна Македонија е многу висок.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.
Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 19:00 – 05:00, во викенди започнува од сабота од 15:00 до понеделник до 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.
Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 05:00-12:00 часот во деновите од понеделник до петок, а во сабота од 5:00 – 11:00, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-19:00 часот во деновите од понеделник до петок, а во сабота од 12:00 до 15:00 часот.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 27.04.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 2.878.196 (85.530 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 198.668 (4.982 нови)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 1.359.380 (29.659 нови)
- Смртни случаи – 124.525 (2.307 нови)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 1.140.520 (45.674 нови)
- Смртни случаи – 58.492 (2.453 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 165.933 (5.347 нови)
- Смртни случаи – 6.991 (104 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 144.121 (1.482 нови)
- Смртни случаи – 5.958 (15 нови)
- Регион на СЗО Југо-источна Азија
- Потврдени случаи – 46.060 (2.214 нови)
- Смртни случаи – 1.824 (77 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 21.470 (154 нови)
- Смртни случаи – 865 (26 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 28.04.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје