СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 07.05.2020
Тестирани се вкупно 242 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 14. Потврдените случаи се од 4 градови (Табела 1).
Табела 1. Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 07.05.2020
ЦЈЗ/ПЕ | Број на заболени | Починати |
Велес | 6 | 0 |
Скопје | 5 | 0 |
Прилеп | 2 | 0 |
Тетово | 1 | 1 |
Вкупно | 14 | 1 |
Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се по 7 женски и машки лица.
Хоспитализирани се 4 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 3 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Вкупно 12 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 20 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Регистриран е еден смртен случај. Се работи за лице од Тетово на возраст од 61 година. Кај починатиот биле присутни симптоми и бил хоспитализиран. Немал коморбидитети, историја на патување и контакт со веќе потврден случај во државата.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 07.05.2020, пријавени се вкупно 1.586 случаи на COVID-19 (I=76,6/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 29 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово и Прилеп, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар и Куманово. Највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Вкупно | Инциденца /100 000 | Умрени (вкупно) | Морталитет | Леталитет |
Вкупно | 1.586 | 76.6 | 90 | 4.3 | 5.7% |
Скопје | 531 | 86.0 | 18 | 2.9 | 3.4% |
Куманово | 404 | 283.1 | 20 | 14.0 | 5.0% |
Прилеп | 169 | 177.3 | 11 | 11.5 | 6.5% |
Велес | 101 | 152.4 | 4 | 6.0 | 4.0% |
Тетово | 96 | 48.1 | 9 | 4.5 | 9.4% |
Струга | 67 | 98.7 | 14 | 20.6 | 20.9% |
Дебар | 51 | 183.8 | 4 | 14.4 | 7.8% |
Штип | 35 | 66.4 | 2 | 3.8 | 5.7% |
Кочани | 31 | 64.6 | 2 | 4.2 | 6.5% |
Битола | 22 | 21.6 | 2 | 2.0 | 9.1% |
Гостивар | 17 | 14.2 | 2 | 1.7 | 11.8% |
Охрид | 15 | 26.7 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Неготино* | 9 | 38.3 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Крива Паланка | 6 | 25.1 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Кавадарци | 5 | 11.6 | 1 | 2.3 | 20.0% |
Гевгелија | 4 | 11.6 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Радовиш | 4 | 12.3 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Крушево | 3 | 31.5 | 1 | 10.5 | 33.3% |
Струмица | 2 | 2.1 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Пробиштип | 2 | 13.1 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Македонски Брод | 2 | 17.9 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Пехчево | 2 | 40.1 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Виница | 2 | 10.3 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Кичево | 2 | 3.5 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Демир Хисар | 1 | 11.9 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Валандово | 1 | 8.4 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Делчево | 1 | 4.2 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Кратово | 1 | 10.5 | 0 | 0.0 | 0.0% |
*седум лица се жители на Демир Капија
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 283,1 заболени на 100.000 жители, Дебар (183,8/100.000), Прилеп (177,3/100.000) и Велес (152,4/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Струга, Скопје, Штип и Кочани (Табела 2, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 756 машки и 830 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 72,9/100.000, додека кај женските 80,4/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 45,2 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 345 (21,8%) со инциденца од 90,0/100.000, а највисока специфична инциденца од 119,4/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (332 заболени). Најниска инциденца од 23,6 и 26,0 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 54 и 65 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.586)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.586)
Од пријавените случаи, 23,9% (n=379) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,2%), кашлица (54,6%), малаксаност (36,6%), треска (20,1%), главоболка (15,5%), болка во грло (15,3%) и отежнато дишење (15,0%).
Кај 524 или 33,0% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 380 или 72,5% имале контакт со веќе потврден случај во државата.
Во однос на коморбидитети, кај 473 (29,8%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 320 лица имаат кардиоваскуларна болест, 103 дијабет, 88 лица се со хронична белодробна болест, 21 со хронична бубрежна болест и 70 со други хронични болести.
Од хоспитализираните случаи, кај 195 (51,5%) се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 239 (15,1%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Регистрирани се 90 смртни случаи (Лт = 5,7%). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=59) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 15,4/100.000 жители. Регистрирани се 60 смртни случаи кај лица од машки и 30 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 67 (74,4%) се регистрирани коморбидитети.
Од вкупниот број на случаи, 96 (6,1%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје) (Графикон 2). Вкупно 947 лица (59,7%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 07.05.2020 тестирани се вкупно 18.410 материјали (детектирани 1.586 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 8.897 теста на 1.000.000 жители.
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=18.410)
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни |
ВКУПНО | 18.410 | 1.586 |
ИЈЗ – Вирусологија | 12.487 | 1.297 |
Ветеринарен Факултет (скрининг) | 458 | 30 |
Авицена (скрининг) | 448 | 31 |
Биотек (приватни) | 959 | 40 |
Жан Митрев Клиника (приватни) | 3.457 | 157 |
Систина (приватни) | 436 | 13 |
МАНУ | 165 | 18 |
Според исходот од заболувањето, 397 лица (25,0%) се активни случаи, 1.099 случаи (69,3%) се водат како оздравени (199 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 3). Од случаите кои се водат како оздравени, 204 (18,6%) биле хоспитализирани додека останатите 895 (81,4%) биле на домашно лекување.
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=1.586)
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 130 | 383 | 18 | 531 |
Куманово | 61 | 323 | 20 | 404 |
Прилеп | 62 | 96 | 11 | 169 |
Велес | 46 | 51 | 4 | 101 |
Тетово | 42 | 45 | 9 | 96 |
Струга | 16 | 37 | 14 | 67 |
Дебар | 47 | 4 | 51 | |
Штип | 2 | 31 | 2 | 35 |
Кочани | 5 | 24 | 2 | 31 |
Битола | 3 | 17 | 2 | 22 |
Гостивар | 3 | 12 | 2 | 17 |
Охрид | 9 | 6 | 15 | |
Демир Капија | 7 | 7 | ||
Крива Паланка | 2 | 4 | 6 | |
Кавадарци | 1 | 3 | 1 | 5 |
Гевгелија | 4 | 4 | ||
Радовиш | 4 | 4 | ||
Крушево | 2 | 1 | 3 | |
Пробиштип | 2 | 2 | ||
Струмица | 2 | 2 | ||
Кичево | 1 | 1 | 2 | |
Пехчево | 2 | 2 | ||
Виница | 1 | 1 | 2 | |
Македонски Брод | 1 | 1 | 2 | |
Неготино | 2 | 2 | ||
Кратово | 1 | 1 | ||
Делчево | 1 | 1 | ||
Валандово | 1 | 1 | ||
Демир Хисар | 1 | 1 | ||
ВКУПНО | 397 | 1.099 | 90 | 1.586 |
Графикон 3. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=1.586)
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека ризикот за понатамошно ширење на COVID-19 во Република Северна Македонија е многу висок.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.
Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 19:00 – 05:00, во викенди започнува од сабота од 15:00 до понеделник до 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.
Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 05:00-12:00 часот во деновите од понеделник до петок, а во сабота од 5:00 – 11:00, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-19:00 часот во деновите од понеделник до петок, а во сабота од 12:00 до 15:00 часот.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 07.05.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 3.672.238 (83.465 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 254.045 (6.539 нови)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 1.626.037 (32.209 нови)
- Смртни случаи – 150.238 (458 нови)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 1.5829 (35.681 нови)
- Смртни случаи – 84.804 (3.734 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 229.198 (7.968 нови)
- Смртни случаи – 8.465 (175 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 15184 (1.300 нови)
- Смртни случаи – 6.361 (34 нови)
- Регион на СЗО Југо-источна Азија
- Потврдени случаи – 81.808 (810 нови)
- Смртни случаи – 936 (115 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 35.470 (497 нови)
- Смртни случаи – 228 (23 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 08.05.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје