ВОВЕД
Коронавирусите (CoV) се големо семејство на вируси кои предизвикуваат болести кои се движат од обична настинка до потешки заболувања (SARS-CoV, MERS-CoV). На 31 декември 2019 година, кинеските здравствени власти го известија СЗО за појава на кластер на случаи со пневмонија од непознат причинител во Вухан, Кина. На 9-ти јануари 2020 година, веќе беше идентификуван нов коронавирус, за кој генетското секвенционирање утврди дека припаѓа на родот бета-корона вируси. Новиот коронавирус (SARS-CoV2) е нов вид на коронавирус што претходно не бил идентификуван кај луѓето и предизвикува заболување наречено COVID-19. Откако голем број на земји во сите региони на СЗО регистрираа случаи, на 11.03.2020 генералниот секретар на СЗО прогласи пандемија на COVID-19.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 26.03.2020
Пријавени се вкупно 18 нови случаи на COVID-19 од 4 градови. Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Скопје (Табела 1).
Табела 1. Дистрибуција на заболени од COVID-19 по град и општина, РС Македонија, 2020
Град | Број на заболени | Општина |
Прилеп | 4 | |
Куманово | 2 | |
Тетово | 1 | |
Скопје | 11 | |
4 | Кисела Вода | |
2 | Гази Баба | |
2 | Центар | |
1 | Ѓорче Петров | |
1 | Сопиште | |
1 | Илинден |
Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 30-39 години (n=7), а во однос на дистрибуцијата по пол, по 9 се машки и женски.
Хоспитализирани се 4 лица, а останатите се на домашно лекување.
Кај пет лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Вкупно 11 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Тестирани се вкупно 369 материјали во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и во приватните лаборатории. Позитивни се 18 или 4,9% од тестираните.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 26.03.2020, пријавени се вкупно 219 случаи на COVID-19 (I=10,6/100.000).
Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 10 градови: Скопје (n=134), Дебар (n=43), Куманово (n=17), Штип (n=8), Прилеп (n=6), Велес (n=3), Охрид (n=3), Кавадарци (n=2), Тетово (n=2) и Гостивар (n=1) (Картограм 1).
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 154,9 заболени на 100.000 жители, а во Скопје инциденцата е 21,7 на 100.00 жители, додека во Штип инциденцата на 100.000 жители е 15,2.
Картограм 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 по градови, (n=219)
На ниво на општина на територијата на ЦЈЗ Скопје, пријавени се заболени лица во 10 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош (n=27). Дистрибуцијата на заболените по општина за територијата на Скопје е претставена на Картограм 2.
Картограм 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 по општини, Скопје (n=134)
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 109 машки и 110 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 10,5/100.000, додека кај женските 10,7/100.000.
Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (медијана – 44 години). Најголем број на заболени се на возраст од 30-39 години – 51 (23,3%) и 50-59 години – 50 (22,8%) каде е регистрирана и највисока специфична инциденца од 18,0/100.000 жители (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=219)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=29) е регистриран на 21 и 24.03.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=219)
Од пријавените случаи, 48 или 21,9% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а 171 случај се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (67,1%), температура (64,5%), слабост (30,3%), главоболка (26,3%), болка во грло (21,7%) и треска (20,4%), а 67 лица се без изразени симптоми.
Во однос на коморбидитети, кај 46 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 33 лица имаат кардиоваскуларна болест, 8 лица се со хронична белодробна болест, 5 со дијабет, 4 со хронична бубрежна болест и 7 со други хронични болести.
Регистриран е 21 случај на заболување меѓу здравствени работници. Од овој број, 14 се заболени во болнички/ амбулантски услови.
Според исходот од заболувањето, кај 213 лица се активни случаи, три случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистрирани се 3 смртни случаи.
Од вкупниот број на случаи, 33 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје).
Од 15.02.2020 до 26.03.2020 тестирани се вкупно 2.240 материјали (219 позитивни), од кои 1.411 во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и 829 во приватните лаборатории (Графикон 3).
Графикон 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 заклучно со 26.03.2020 во Р.С. Македонија (n=2.240)
Од позитивните случаи, регистрирани се 822 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена. Од регистрираните, 186 случаи се со локална трансмисија.
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.
Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.
Дополнително, се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст од 67 години, во временски период од 11:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.
Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден, и се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.
Владата на Република Северна Македонија на 27-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 26.03.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 462.684 (49.219 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 20.834 (2.401 нови)
Број на зафатени земји/ територии – 199
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 250.287 (29.771 нови)
- Смртни случаи – 13.950 (1.964 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 99.058 (292 нови)
- Смртни случаи – 3.540 (22 нови)
- Регион на СЗО Југо-источна Азија
- Потврдени случаи – 536 (192 нови)
- Смртни случаи – 79 (7 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 32.442 (811 нови)
- Смртни случаи – 162 (154 нови)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 75.712 (14.878 нови)
- Смртни случаи – 1.065 (252 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 1.937 (275 нови)
- Смртни случаи – 31 (2 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 27.03.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје